Уфф безвеза, ептен. Супер бев се додека не се напив кафе со другарка ми. Ме наполни со таква чудна енергија ... не можам да опишам. Ме исцрпи тотално со нејзиното глупаво и сељачко однесување.
Сабота вечер,а дома сум. Како може да се чувствувам?! Најгрдо на свет. Ми се плаче,а неможам. Незнам зошто би плачела. Како да имам нешто во грлото,заглавено. Сосем сама сум. Немам никој. Ни него го нема,си ужива некаде. Ни цигари немам, ах, проклетство.....Слушам Ејми Вајнхаус,одамна ја немав слушано,којзнае шо филм ме имаше мавнато, ама сега со посранава вечер-комплетно ми одговара. Сакам да сум ко неа, ете така да си се изживеам, се да си напраам шо си сакам и на крај да ме снема од Гнасава Живот. Ем брчки нема да доживеам ...леле идиот, се заебавам, ц.ц.ц. ваљда први знаци на лудило: на моменти смешно ми е, после се понашам ко некој дома да умрел, после сите ме нервираат.....Не е ПМС. Ами што е?! А сепак да идам да си купам цигари?...по дождот, без чадор, ко клошар некој, таман да ми се навитка пегланава коса шо ја спремав божем за излегување а сеа седам тука и цимолам Се мразаааааааааааааааааааааам!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Ќе излегувам да... ама фактот што нема да сум со друштвото од сношти не ми прави баш ќеф. Можда малце сурово спрема оние со кои вечерва ќе излегувам (кои ми се многу драги), ама па онака како што си поминав сношти долго време си немав поминато.
Поднапиено , уморно , скиснато ... .Видов многу личности кои нејќев да ги видам ... Ми испаднаа во друштво падобрани кои не можам да ги смислам нив , нивните гримаси , и нивните трачарења за се живо . Почна малце и главчево да не ме слуша . Тоа во комбинација со алкохол и ПМС е страшно добра комбинација .... Ау добро е што вечерва заврши ...
Викендов помина тапа џонсон. Ништо не направив од се што планирав, ама осечам се некако испуњено, сречно, као Сречко катанецот, хепи бе хепи. Да имав опаш сега ќе врткав со него.. ми недостига таков детаљ на телово, баш би била кул, ко онаа девојката на Травел&Ливинг што си носеше опавче од ракун како моден додаток на се и сешто, пошто битен дел од нејзината личност и не си го даваше ама за ништо на свет (ок, на крајот сепак пукна де, се расплака кога и го земаа ). Е, така некако ја се осеќам, само што мене ми треба тој опаш, за извесни ситуации кога имам желба да мрднам со него од среќа, пошто пак без него во ситуации на нервоза, кога ми е одземена можноста да се вртам да си го гризнам тој бушман може озбилно да се мрднам, како ми тргнало ... коа веќе не се мрдам од место сосем нормално де. И причини милиони, повод еден, но вреден, битен колку и битноста на она „се’“ за да биде цело, пошто нели, цело е кога има се дрн дрн јариња, весели магариња. You may murder me but you can't kill me глупост од моја страна, но што да правам имам и такви моменти бар неколку пати во денот. Укапирав конечно, нешто што одамна го знаев, ама мозоков го блокираше, се трудеше де... не му кладов дикат пфф, едноставно поради милиони причини, пак повод нити еден за да се стори нешто поинакво од веќе стореното. Еден е изворот на мојот бес. Еден е човекот што ми создава виулици во главата и телото. И фино е да си имаш документиран пост напишан по секоја некоја тотално придушена пукотница, која останала само внатре, богами да... Спремни сме за од утре пак да пригушиме нешто, некое ново поредно ступидно поведение, да спасиме ситуација за доброто на глутницата, пошто не чини да делиш од неа и да се надеваме дека во најскоро време коцката ќе падне на моја боја, па ќе можам со и во мир да си одам. И немам и не сакам да барам издувни вентили ...ја хочу само пљесак низ животов. Едноставно ама доволно комплицирано да е.