ДЕнес сум некако среќна. Се видов со другарка ми после тооолку време, јадев гиро, си купив сладолед и сега комотно си лежам во кревет со лап топот и кулирам со добри песнички..
Денот ми беше исполнет со се и сешто... Иако цело сабајле бев страшно мрзлива. Потоа ми се случија работи кои ме извадија од кожа, бев доста разочарана, не знаев што со себе, но за среќа излегов и добро си поминав. Па и расположението малку ми се поправи, иако има уште многу работи кои неможам да си ги разјаснам...
Изморено .. и покрај невообичаеното за мене спиење до доцна, истовремено и среќна, возбудена, по малку и нервозна, сето тоа зачинето со уште 50 други чувства
Денес го испив утринското кафе и денот ми е тапа,празно не исполнето ке се потрудам да се организирам со средување на собата ама тоа не ме исполнува колку да го потполнам времето.искрено да ви кажам ми се шета ама останав без денар.Не е ми е нешто убаво.
си се чувствувам прекрасноо како и последниве 4 дена...феноменално, абе супер се разбира се со причина
Како зрно грашок, само што ова зрно не се фаќа на секаква почва. Всушност, сеуште никој и не ја открил грутката на која вирае. Читав една подзаборавена колумна, што сум си ја зачувала, баш поради импресиите од зборовите и теориите во неа. И, дефинитивно и денеска по четири години, откога датира истата, јас се пронаоѓам себе си во истото она, што авторот го напишал за уметниците во земјава и Уметникот во гладување на Кафка. Па и кај мене тоа ќе му дојде така. ..го шетале уметникот во кафез за да го види народот и тоа чудо од човек кој со години гладува. На прашањето на својот чувар, зошто гладува, уметникот му одговара: „Затоа што морам да гладувам, не можам поинаку“. „Зошто не можеш поинаку?“ повторно прашал чуварот, на што уметникот објаснил „затоа што не најдов јадење кое ќе ми годи. Да го најдев, верувај ми дека ќе се налапав како тебе и сите други“. Само што моето гладување е малку поинакво. Мада, се зависи од аголот на гледање на нештата. Не по врат него по шија работава.