Супер, ако заборавиме дека шмрчам со носот, грофтам како свинче, грлото ме боли и кога дишам и треба конечно да почнам да учам Баш понеделнички
Многу глупаво! Мислам дека само јас сум дома, сите се некаде на продолжен викенд кога не знае овој мојот да организира нешто а цела недела го молам да се договориме и така сега ќе си седам дома и цел ден ќе си гледам how i met your mother да ме одржава во позитивно расположение
денес на почеток супер расположено ама како времето си минвеше нервата си растеше...........и плус почна меше да ми свиркат
Изморено. Без обврски, без ништо. Си ги пореметив денот и ноќта. Многу малку спијам и најверојатно ако така продолжам ќе се случи нешто со мене. Дефинитивно нема да е добро.
Денес се чувствувам никако! Прво се успав, па дадов се од себе да стигнам да го видам пред да си иде ( не е од Македонија) и закаснив... и ќе си пукнам сега
Нервозна, напната и многу сум неблагодарна уствари, ама ај, ќе се каам некој ден, кога ќе биде многу касно.
Како на самиот раб на пропаста... како да доживувам некаков си крах на системот. Изгледа озбилно ќе треба да се посети чичко доктор, шала на страна ама ама ова неарно животинче не е на арно де Или сум настината или е некој друг дефект, но како и да е, дефект е у питање и дур не се отстрани ќе сме си даун, со мозок сув ко слива оставена на сонце. А, знае некој оти сливата на сонце се суши а?!?
Силно... ...иако ме чека глад до зајдисонце. За тоа е заслужна Ники... http://www.youtube.com/watch?v=xzXDSWz3Nbw&ob=av2n
Од вчера сум поспана, без желба за ништо, расеана, изгубена, само дремам пред компјутеров... Лошо е ракче, лошо. Златен ден денеска (Св. Илија), а јас ни на црква не отидов. Ќе биде, дедо Боже, следните денови, сигурно.