како дома хехех па да и дома сум си и се чуствувам веднаш попријатно. Тек сега сваќам зошто викаат дома си е дома. Топ друштво, вртење на скаричка, расположение до максимум и ете така расположена очекувам да го довршам денешниот ден
Некако недефинирано сабајле ми беше топ, со него до мене и насмевка од уво до уво сеа сама дома некако тажна и депресивна не бе не... не можам да се изначудам како брзо ми се менува расположението
Еј некако шашаво оклештено и среќно, не знам дури ни да објаснам битно убаво ми е Додуше 3 дена по ред си мислам дека е понеделник, ама убаво ми е. Хронично ненаспано, очи на пола копје, ама пак ќе речам - убаво ми е. Као да сам оно, лимунаду попила. Ама овојпат стварно
Празно, шупливо, како јаболко паднато на земја, кое дури и црвот го напуштило. Мејдеј, мејдеј... мен даун! Ај рипит, мен даун.. оув’р! Си ги мразам соништата. Мразам се во мене, што ме тера да знам. Уште повеќе пак мразам кога не сонувам или просто не помнам... кога не знам. Размислував. Колку работи се променети од тогаш до денеска?!? Премногу. Но, ништо важно.. ништо убаво. Јас, најмногу.. И, зашто да знаеш нешто, што не можеш да го промениш.. што потреба да знаеш, кога секако не ќе ти дозволат да си го земеш со себе. Ги мразам летото. Порано ги сакав, премногу. Сега, само чекам да помине.
Супер сум денес имам испанирано кај ќе одам и што ќе правам и раат сум, а ако немав ќе беше друга прича
Здравје: исто ко вчера. Дух: на многу повисоко ниво од вчера. И‘ се радувам на вечерната коктел-средба
Се моли чиката, што ги потпишува дозволите да се јави на рецепција! Потребна ми е рехабилитација од животов. Нешто, што да е! Едноставно да се деси, алго махико... да се разбудам на некое сосема друго место. Ако ти се чини невозможно, тогаш да се разбудам без да ја помнам прошлата вечер, ден, недела, месец...години. Може?!? Ако може ок, ако не може, тогаш ок ќе ми е и да одлетам сама. Ти направи да ми се погодат тоа коцките за полетување. Одлетам, немам предвид „да ги употребам крилјава со пердувите“, што ги немам. Никогаш себе си не се сматрав за сврх-лепота, нема ни сега. Ум сум јас, затоа би со авион да патувам. По... некако неубаво се чувствувам денеска. Имам глад за сто души, макар што телово ми се чини ко да го напуштиле сите живи. Некако како исцрпен е стомаков од мелење и домелување, фала Богу за болештињево, што го фатија иначе ќе мелеше ништо. Село је ремек дело, али јаа не сум селско ремек дело. А, што фино ми изгледаше шетање боса, шлапкање во вода... ајде викендов друга локација избирам за медитирање или евентуално балетанки ќе си носам нон-стоп и нема да трчам со кучиња по дождот. Пораснав од прошлата недела за цел микромилиметар. Ме пореметија луѓево. Во еден ден цела банда свадбари ме открија по мреживе за социјализација. Аман, од кај таа идеја да прашувате за мене, која сум што сум, од кај сум зашто сум. За социјализација секако не сум! Толку ли занимлив лик сум. Изгледа моето неумеење да вијам орца ги плени. Ма до тангото е. Ме бендисаа како им ги цапкам нозете, тоа ќе да е. Уморна сум. А, реално ништо физички исцрпувачки немам направено. Се е на психа да, да... баш се! Аман веќе. Пре би да ги преспијам сите муабети, сите филмови, сите кафиња и ѕенѕања или евентуално да си најдам некој попрофесионалец од мене во разговарање со себе и за рака да го носам. Каде јас, таму и тој... џаст токинг дет вил ду ми гуд. Му ги реков сите работи што ги мислев и мислам. Грди се, да. Ружни, абе ептем. Жалам?!? Секако. Но бев искрена, пак и си заслужи да ги чуе. Негово е како ќе ги прифати. Јас сум уморна од мижење и преправање. Не ми личи да глумам „добро ми е“ кога не ми. Пробав веќе тоа и не се најдов во улогата. Сонував синоќа цел куп стари папучи, сандали и кондури, како ги редам подредувам во ходникот. Ги туркам позади врата за да не ми се гледаат и тоа го правам со таква посветеност, чиниш гости ќе ми дојдат дома, пак да има место за нивните. Толку изгледа и официјално од љубовниов живот, бар за некое време. Мислам, ептем се преморив од љубов.. па дај сеа да одморам. И после одмор, одмор, да се одморам од одморов. Ко од Црна Гора да е мајка ми. Се пореметив скроз. И после ај кажи староста носи мудрост ЗА КОГО КАКО БАТКА!
расположено сабајлечки (кивнав правдина ) .. исполнето со многуууууу многуууу љубов ако малце ме боли стомакот не се забележва во се то
Денеска се чувствувам лелеаво, пеперудесто, насмеано- дали дека речиси ми помина настинката, дали дека вчера си поминав преубаво, ама денес сум пуфче Се надевам дека така ќе продолжам да се чувствувам и до крајот на денот, па и понатаму .