Тажна сум заради еден човек кој подолго време ми го расипуваше расположението, а еве пред некој ден успеа до крај да го расипе. И времето е никакво па дел од вината ќе префрлам на него. Во секој случај, мизерен ми е денов.
Ве молам, да се запознаеме. Јас сум господин Мрсулко. Многу сум лигав и имам некоја си зелено-жолта боја. Живеам во носето на Хипи, а богами и во грлото. И да ви кажам право, немојте сте и‘ оделе некогаш на гости, многу е негостопримлива Одвреме-навреме ми приредува шокови со вода и исто земјотрес ми прајт во зградава бидејќи сака да ме избрка Вели дека сум бил многу досаден, дека сум ја гушел, не можела да дише од мене, бла бла бла... *********************************************************** Драги Феминки, Гледам дека веќе се запознавте со натрапникот сместен во пределот на мојата носна празнина и грлото. И гледам дека ви се жалел и не ми е јасно зошто, кога јас сум таа која треба да се жали. Веќе неколку дена како се обидувам да се ослободам од него и не ми успева. Па ајде што не си оди, уште се дрзнал тука да пишува на форумов! Се надевам ќе бидете фини и ќе му пренесите (јас лично не би да му се обраќам ) дека и покрај тоа што е досаден како МРСУЛ , не успеа да ми го расипе доброто расположение за кое придонесоа многу личности денес. Фала, чао, вашата мрсулава Хипи
хм денес , ми се чини дека беше предолг ден .. Се чувствувам толкууу многу никакво .. Носот ми тече , кашлам , грлото ме болии . јас сум настинала ... ! ептеен мизерен ден !
Денес имам јака волја да си ги исполнам сите цели и планови Иако брзо ја губам денес конечно ја добив повторно...ах тие пусти желби,мечти...
Цел ден ми помина онака...во домашна атмосфера, кафица, ова-она...др-др-др со мајками! Ама вечерва кога го видов на скајп, така тажен и нервозен душата ме болеше! Се изнаплакав!
Од сабајле се чувствував убаво, сонце надвор, милина. После вчерашниот ден, врнежлив. НООООООО, секогаш се наоѓа некој кој ќе ти го расипе расположението и изнервира!
нераположена,болникава ,изморена ,незнам што ми е што ми стана така одеднаш но нешто ми ја тишти душава, изутрина сум таква плачам цел ден без причина
Со мислите сум преку голема вода, со главата во облаци сум со телото удобно сместена на стол. Малце се смеевме, малце плачевме. Сума сумарум, убаво се чувствувам. Убаво