Убаво, но преморено. Отидов викендов да одморам, а двојно повеќе физички се изморив. Изедена сум од комарци и куп други разно-разни инсекти, добив сончаница, а најстрашното се состои во тоа што наместо да поцрнам - повеќе побелев. Некој феномен ќе да сум.
Некако ослободена од некој притисок како затварачот од шампањот кој лета во непознат правец, така некако сум фиииииииууууууууу! Па, станувам пенливо меурче, милина. Ја слушам Ела Фицџералд и правам црно бели сценарија и ме мава носталгија за некое поинакво време, ама не на оној беден депресивен начин, туку со некој ентузијазам така нов и свеж ко бебешки сапун со мирис на лаванда. Се чувствувам ко глумица од староно кино од оние што се онесвестуваат од бакнеж смајлиштопаѓавонесвествопрегратканамашкосмајли, .
Будно, живо и диво.. отидов јас лудилово да го истурам по Кеј. Нот интрестед ин шеринг дитејлс. Мада... ај само ова и обеќавам ме нема. Би некогаш во иднина да измислат начин како човек да си ја извади главата, како на куклите... знаеш?!? Пошто, со едноставно прочепкување на ушиња, рипање на една нога за да излезе вода од нив итн. не се прочистуваат тоа прашинките, паужинките, пајачињата и шимпанзуленцата што рипкаат внатре. Вака ќе можам со малото провосмукалче од кујна да ја усисам секоја бразда и да потсоберам тоа животинското царство по кафези. Аста мањана. Мада некогаш се мислам за аста нунка ама.... не, сеуште не!
Мрзеливо на горештинава, како некој гуштер се чувствувам... Требаше да испаднам да си завршам некои работи, ама нее. Баба Мецана ќе си седи дома со клима, па утре ќе се акам поштено низ град.
Со здравјето сум стандард. Душевно сум во некоја вансериска состојба. Чудесии! Му се молам на Бога или нека се развие во нешто, или нека престане, затоа што не би можела уште долго вака.
исто ко без да помирисам алкохол по горештинава узас е да се двизиш а уште на клинички каде што никогаш не знаеш кој пие а кој плака лудница како што ми земаа крв, мислам дека уште чуствувам поткозни иглички(и ова беше безболно за разлика од другите лаборанти што го вршат истото, ама барем немам модринки ко да сум се дрогирала за разлика од друг пат)
Keep the body - take the mind, mister Linch! Според Владек, во истиот момент во кој детето се одлучи да живее според правилата на своите родители, сакајќи просто да ги задоволи нивните очекувања и да ја придобие нивната љубов, започнува со живот на преживување. Јас, никогаш и не живеев според правилата на моите родители. Но, не можам да кажам дека моите избори биле чисто мои, направени според мои правила. И, кога живееш по свои правила на овој свет, всушност, преживуваш. Пошто, твои, мои... свои правила и не постојат. Тоа се всушност туѓи, наметнати правила де, поради околностите на универзумот, поставеноста на ѕвездите, големите и малите; сегашноста, минатото и иднината. И сепак, колку и да се трудиш да живееш, ти сепак преживуваш според, тоа како преживуваат тие околу тебе, тие пред тебе и како ќе преживуваат тие по тебе. Како, што комшивкава спроти нас се фали на своите роднини и пријатели, колку се вкусни нејзините кифлички, во кои таа додала плус една состојка со која рецептот на нејзината пријателка го направила свој или, како што татко ми, возкликнува за своето највеличенствено дело, поправената машина, која немало да биде поправена, доколку мајка ми не ги собрала сите расфрлени по земја штрафчиња, не му дубала над глава, кое штрафче од каде е, или и таа самата не завртела некое од нив, бидејќи не можел да го погоди местенцето... очилата не му чинеле. Но ако комшивкава не разбрала дека кифличките на пријателкава се всушност вистина убави, не ќе избрала да го смени својот стандарден рецепт на безвусни и тврди кифли, нити пак татко ми ќе имал потреба да ја поправа машината ако таа не се изабела од премногу перење.. или едноставно ќе си купел нова, ако имал пари за фрлање на секое нејзино расипување. Keep the body - take the mind! Затоа си го прифаќам јас своето преживувавање. Само така доживувам. Пак, будна сум пред се’. Така, некако се осеќам. А, тоа му е најпотребно на мојов ум. Видиш и па не е заради самата мене.
Вљубено и романтично. Сакам да вечерам со љубениот на некој балкон со поглед на океан. Па и да се гледа некоја жална река, пак ќе бидам вљубена и среќна. Всушност, нејќам океан. Ќе треба да носам долг, свечен фустан и да бидам дама. Значи ќе седнеме на неговиот балкон, на подот. Ќе гледаме во некоја река, додека не гледаме во самите себе. И го гледаме зајдисонцето, ги чекаме ѕвездите. Пиеме шише црвено вино и рзговараме за се и ништо. Повеќе јас зборувам, нели, како и секогаш. И ќе се љубиме и галиме. И потоа кога ќе се гледат ѕвездите, тој ќе влезе и ќе пуште музика на грамафонот. И ќе ме покани да танцуваме http://www.youtube.com/watch?v=wlDmslyGmGI