Од сабајле енергично, се беше супер, а сега сум down и сакам да ме снема. Патем, .....а ми недостига, ама не физички. За така тука си е...ама она другото се губи. I don't know why.
I feel sexy too, само што јас не се шалам.Денес огледалото се разбацало со комплименти и ги избриша утринските критики на вагата...
Замислено. Денес мислам на мене, на него, на двајцата. Како ќе биде поубаво?! Ни убаво, ни грдо не се чувствувам...
Се разбудив видно расположена (ме држеше од синоќа ), пијана од љубови. Стоплив коски на сонце малце, ме виде езерцето. Уживав во истото, кое ме заплиска така фино, абе цела ме заплиска, чиниш имаше задни мисли Добро ме заплиска по задник, по бутини... ма секаде! Јас така фино седната на работ, нозете собрани, рацете врз лицето, а тоа плиска ли плиска. Ете тоа беше момент на радост. Радост и лудост и летни убавини Сега не ми се сите овци на број, некако уморно се чувствувам. Но задоволно... кога ќе се сетам на љубовта што ја водев со езерските води. Охриде, те сакам
Најдоброто нешто, во погрешно време и на погрешно место е ништо друго а залудно профуцкана шанса да се има најдоброто. Впрочем ни добрата жичка од најдоброто не можете да ја извадите во такви ситуации. Али јбг, некој има две леви нозе, па кога шутира утиња. Ал’ како да не кажам дека му се бајаги симптоматични ова уткиве. Ма сепак, dance you devil. Стапица. Ја гледам, ме гледа, си се набљудуваме секој ден, по стопати во денот, но некако безволно за бегство. Нити таа да тргне во поход, нити пак јас нешто посебно и се залетувам. Ама, потребни сме си една на друга. Се одржуваме alive and kicking. Чуден начин на функционирање, ама ако тоа го врти моето и нејзиното тркало.. ме радува што сме се погодиле во вистинско време на вистинско место. Оти фобија имам веќе од тоа временските интервали. А, без компас сум јас секако. Те сум еден ден понапред, два дена поназад, пак за минутки и секунди, ај-јај-јајкс! Многу луѓе одеднаш ми се струполуваат пред врата, желни да се потпрат или скријат под мојата сенка. И се’ се прашувам, кој е тој будала што раструбил дека баш јас ги имам сите врсти на сламки. Пошто ако не е трач, да почнам да пребарувам по сите џебови на парталиве да си ја најдам својата. Хм. Зашто бе никако да разберат дека овој човек одамна веќе ги мафта стапалата во воздух. До толку ли не ме познаваат?!? Еј, бре. Баш вие ме имате видено гола бре, со бајчето жуто, кога се бањав. А, ако не знаете, убаво е да прашате како сум... па да почекате да чуете... како сум. Ме изморува минатото. Одамна веќе не го мотам тој филм, а се нешто се случува ко намерно бе, некој упорен да ми изм’кне некоја жила. Најмалку десет пати денеска мајка ми го изговори неговото величенствено име, по грешка. Ајде бе. Името кое требаше да го каже дури нема никаква врска со неговото. Не се ни римува побогу. И не е дека ме повреди. Раш оф емоции секако не осетив. Солзи и трепет на срце немаше. Стварно бе. Да сакам сама да се сетам на него ни фацата не ми се појавува во глава. Бројот дури не ми доаѓа пред очи. Еј, патетики од живот. Озбилно не ми е јасно зашто некои работи не си останат закопани. Ако јас немам потреба да ги вадам, кој е тој будала, што решил дека треба да се вадат а?!? Лудости. И повторно истото. Пробуваш да побегнеш од нешто и налетуваш на полошо нешто. Избориве што ми се нудат во последно време се, сакаш лошо, полошо или полошо од полошото... ако се мислиш премногу губиш. Пошто да знаеш, има и полошо од полошото од полошото од....?!? Уууу, пази мислам, немој да се збунуеш некој ден да ми пратиш нешто добро ќе се по*(тит)! http://www.youtube.com/watch?v=1bEDIPVn ... re=related Знаев дека сум вода. Ќе пробам како река некое време. Ако ми легне... добро, ако не, бирам нешто друго
Ме боли стомак, нервозна сум, напната сум... ќе спиздам! А да, и се ми се врти во глава, ете така. Има во ваква ситуација сценарио да си направам и да го реализирам кога ќе бидам ок, верувам дека оскарче ќе добијам. Ајде чао.
Ах, се чувствувам убаво. Комплиментите од прееске ми годеа. Значи уште има фини момчиња со добри манири. Глупирањето со другарките, плискањето во базент во сред ноќ, направија да се чувствувам среќно, исполнето. Измешани чувства, измешани емоции, а пак - позитивни!
Арна сум, супер сум...после ваков напорен ден. Фала богу жива сум Ќе ме скренат бе ... го згрешиле датумот за изненадување Важно букетот го добив предвреме