Многу добро.Ме разбудиа уште рано сабајле другарките и ми го развеселиа денот уште си се смам на глупстите што ми ги изнакажаа баш ми е фино
Поспаноо, нерасположена...претепана....... грд осечај у секој случај, со оглед на тоа што синојка бев 3 смена а утре 1 вааааааааааа :/
Денес убаво ми беше. Се до пред 2-3 саати. Ме боли кичмата. Се истегнав, кога помагав у пренесување на фрижидер. Е таа моја тетка луда, ни фрижидерот не го остава на едно место да си мирува. Сега ќе си трпам тапа болка и ќе се ку*чам.
подобро од вчера во секој случај. ајде времево да го занемариме ама тера на спиење и кога се вратив од работа така преморена му ја легнав. и сега се чуствувам претепано поспано само чекам да ја гушнам перницата кога го нема него
Денес се чувствувам многу лошо,поади тоа што на едно другарче му носат 2 години од смртта ии многу ми е лошо
Убава, штиклосана..Многу солидно аутфитски подкована. Совршен аксесорис. Одличен хер деј. Опсипана со бакнежи! Позитивна!... Во исчекување!... Се чувствувам неопходна. Се чувствувам ничија. А сепак, припаѓам. Љубена. Посебна. Се чувствувам црна и газелеста. Ма се осеќам bloody Fantastic. то би рекла Кери, благо модифицирано...Се осеќам како оние девојќи што прават да им биде незгодно на другите девојки. Денес сум одлична... Верувајте ми...ова не е од оние selfboosting постови. Сум. Ecstatic! Убав ден убави жени. Осеќајте се како милион долари ... И ич да не ве боли лева штикла за ништо! Сакам Четвртоци!
Денес во хороскопот ми пишуваше дека ќе се сетам на некои спомени кои предизвикале болка кај мене( најверојатно на бившиот, но исто така дека ќе ја прифатам реалноста дека се е веќе готово со него) .... баш се осетив тажно и несакано кога се сетив на него , но имам друга мисла на ум морам да почнам да си ја читам книгата сериозно
Благо речено ко кисела краставица. Со грутче у грло, со главче кое си ги надбљудува штикличињата, небаре се битни. Обвиткана во благо паничен напад во сопствена режија. Аронофски не ми е рамен денес. Белким до вечерва се ќе се смени. Добив наредба дека ме носи на најубавото кафе и сладолед во градот и дека не ме остава дома да гледам Madison Bridges Задолжително, и не дели ниту оправдани ниту неоправдани Ако сладоледот не помогне, ќе тепам муви и комарци. Не ги сакам. Денес уствари ни себеси не се сакам. Ми се падна паричката за неубав ден. Ајде, да сме живи и здрави, биЌе боље. Мене не ме кршиш така лесно животе
Пупи бре, па тебе тоа хороскопот ти го расипал денот да не ти го пишеле тоа синќир ќе си се сетела на таа будала Мисли си на книгата Денеска сум музика, хаос... железничка станица или експресен воз. Така нешто. едит: Пупи бе, ти јарец да не си ?!? Пу јаз’к
Ко .. хмм, незнам дали има збор т.е. опис .. ај вака ... ко некој да ми мавнал 100 камшици и тој некој ко да искочил од времето на инквизицијата и сеа се изживува над мене и бездоказно ме прогласува за ВЕШТИЦА. Не би ги издржала јас тие камшици, али понекогаш зборовите подеднакво болат. Можеби и повеќе. Затоа неможам да ги издржам.
Както пе*ер во неизвеснот. Ми се вриштиии, ми се плаче... не знам како ќе биде, не знам што ќе биде.... не знам. Во периодов најлесно ми е да кажам не знам. Со мислите не сум тука, во муабетот воопшто. Многу работи ми се вртат. Ме чекаат еден тон нови ствари.... а јас сум една, таа истата, старата јас. Силна сум? Можеби, а можеби и не. Не доволно колку што треба. Изгледа подобро е да веруваш и да не се замараш воопшто. Биди туп и свиркај си. А кога ќе размислуваш многу, па вака, па така.... памет ќе изгубиш, а богами и нерви. И то. Ќе се врнам пак. Изгледа....