Се осеќам како панцеротата што ја изедов да беше ужасна грешка... Се осеќам како да ми смрди петоков на понеделник зошто задников ми го развлекоа по цела легислатива уште по сабајлечки... се осеќам како да ми фали една чаша....Ма да не бидеме скромни, мејк ит флаша...Темјаника ... и да си чилкам и кулиркам покрај порција поховани лигњи и џез музиче..Ко вчера во Фиш ен Џез... фрштет лезети. Ах..колку го сакам тоа место!!!! Речиси колку што го сакам Петокот како ден онака. Звучен е мме.. ПЕТОК. Може ќе се мачам до 4 ипол ама некако така ми е послатка вечерта... Мириса на хедонистички гревови, а јас вечер планирам да ги направам сите до еден... Пинки твинки промис.
Денес отскокнувам од се‘. Баш како паров обетки на сликава:Денес сум убава, самоуверена, среќна-пресреќна, со желба и за работа и за забава.... Денес можам цел свет да го гушнам, ете толку широко би можела во моментов рацеве да ги раширам. Од што сакам де Да сте ми до мене и вас би ве гушнала Од друга страна, ми недостига едно мало човече и мислата на него ме прави тажна, но си се тешам со фотографијата од синоќа и со фактот дека до година ќе го видам повторно. Мора да се балансира некако, нели? И подобро ми е вака, урамнотежено. И вам ви го посакувам истото
ни вака ни така, невкусно, недефинирачко, на непозната бранова должина...појма немам како, до вчера неопишливо среќно прекрасно разиграно радосно а денес
Не дека не сакам кучиња, ама сега периодов му е за парење. Па како тоа газдите еднаш не се сетат да ги врзат?? Барем во овој период! Секоја вечер - кучешка порнографија, а ако пробаш да прошеташ по улица и на нога знај да се залепи некое.
СЛОБОДНА!!! После две годишна, убава врска, која на крајот стана пекол. Не сум среќна што заврши, но времето ќе покаже дали било грешка што се разделивме (а јас верувам дека не)
Зошто лажат дека петок е лабав и дека утре си дома?! Кога нит е лабав,нит утре ќе го спиеш?! Џубриња покварени,извитоперени. Скопје е бајато. Ми се шета. Надвор. Мамурна сум цел ден,нит сум пиела,нит нозете ми смрдат. И ко низ сон,махинално све со ред.Се срамам да кажам некои мои смешни постапки,сериозно.Утрово ... стоев на паркинг 5мин.загледана во една точка,веројатно на мозоков му се вегетираше и едно време си викам,уат д хел ар ју дуинг ју крезјзи уомн?! И го фатив патот...ама и мозокот има лимит,тоа е,светка црвено. Ме мава и параноја дека ќе се заглавам во лифт,не знам зошто.И уште се прашувам зошто си кажуваме здраво или чао кога влегуваме или излегуваме од лифт.У принцип мразам лифт!Многу!Ама ми тежи и гзот.Ама сериозно,многу е непријатно ако немаш што да кажеш и само се смешкате,а пред некој ден го вкусив моментот,прдеж у лифт!Е стварно е немилосрдно,ем ти се смее,ем трепките ти паѓаат! Сериозно,недела тешка ко слон,а јас се чувствувам ко да немам дом.Ниту него сум го видела,ниту родители,строго по телефон! Имав план за викенд,ок си е тоа,ама неам викенд!Неам бе,неам! А ни тој нема! Пмс,да,ама ... вчера дадов таква изјава,таков говор,таков став,така демонстративно треснав врата,ми раскажуваа за реакцијата потоа...ми одеше да се испобацувам после тоа или требаше да си платам циганче да ме гушка и да ми вика ју ар д бест! Периодов ќе биде напет и тежок,ама силни сне,ќе издржиме. Леснотијата на живеењето која трае во еден размак на денови кошта...и тоа не е дури и од скупата,таа неподносливата. Да заокружам...задоволна сум од себе,што е најважно среќна сум со себе,иако уморна.Муабетот дека више полов орган не ме боли за одредени персони,па не бил трач кој сум си го кажувала сама на себе,стварно не ме боли. Лилит ис шатинг даун.
Го имам она немирното топче во стомак што ми игра од кога станав сабајле... И сега цел ден знам дека нешто ке ми се случи, а не знам што и си кревам тензија сама на себе... Мајко мила, каква психа ли имам??