Ма се чуствувам цела. Денес братучетка ми се мажи. Среќна сум за нејзе. Животов ми е брзак, возбуди и бариери од моја страна. Ама подобро така отколку да боли.. Ама милувам. Нишличе изгубено. Ќе се пронајде..
Па изнервирана,лута,разочарана,криво ми е,се ми е безвеза...кога не можиме да се видиме,а и се ни прави препреки за да се договориме...ама и тој е крив. Како да читам ко паметот ми бега?
Вратио се Шиме, ама овојпат навистина. Тука сум. Не бегам. А и не планирав да избегам, едноставно...се случи, неиспланирано. А јас верувам дека тие, спонтаните случки се баш тие-најубавите. И да, убави моменти имав. Нејсе, утепана сум од патот, утепана? Не баш, претепана. Ко со камшик да сум мавана. Ново, многу има, да не почнињам, неам толку време. Се‘ надевам дека не сте ми отвориле многу работа и не сте оделе оф топик, инаку ќе почнам уште веднаш со опоменување! И така, ме чека одмор, па работа. И то. Алавју ол. Можда за во сдк беше постов, ама не, не беше. Така се чувстувам. Хај. Ам крејзи баут ју нејкеееед. Лока лока лооооокаааааа.
Денот започна прилично добро. Постепено поминуваа облаци, за на крај да остане еден црн облак од кој не можев да се спасам 3 часа. Тие три часа не сакате да знаете како ми било. Ме дрмаше некоја негатива се до пред половина час. Дојде една пријателка со скромен, а сепак толку голем подарок. Пак падна тука некоја солза, но не беше дефинитивно ко прееска. Чувствувам сега дека ми е потребен само одмор.
Поспана сум цел ден, ама се чувствувам одлично, па романтично, па си се смешкам сама...дајте кило лимон. Фала.
Чудни денови.... И чудни птици шетаат наоколу, а покрај нив и јас, веројатно како најчудна од сите. Во чудило сум. Се чудам на себе си, пред се’. За другите се трудам, као демек да не се замарам, ама тешко ми оди тоа. Kога некој ти се бута во лице со чудни причини, од кои знаеш дека уште почудни последици ќе излезат.... нооооормално, доколку се фатиш на неговите будалаштини.... ма, како да не се замарам, побогу?!? Можам да не се замарам секунда, две... минутка, за час цел не гарантирам. Што и да правам мислата си доаѓа. Прошишува од време - на време се друго. Последниве денови неколку луѓе ми ги прераскажаа своите планови за животот... еј, не само 2012та каде ќе ја дочекаат. Туку овие некои си го скоцкале сиот живот во куферче. Здиплиле, испеглале, наредиле, све цакум-пакум планови ли планови направиле. А, јас? Каде по ѓаволите ги загубив тие ствари? Тој дел од себе си? Јас не знам ни за утре „што?“, најмногу да им прераскажам за конференцијата нареден месец .. таму дефинитивно ќе бидам. Ете ти план ОК, не е се до плановите, но добро е да се има нешто бре... бар нешто. Ма, WTF? Туку, нека дувне тоа ветерот во поинаква насока, можеби нештата ќе се раздвижат поинаку.. иначе, и ова чудново веќе почнува да заличува на нешто вообичаено, нешто нормално. Да знаев дека ќе успее ќе застанев пред огледало. Неколку свеќи заради ефект и ќе му штракнам во лице со прсти „snap out of it!". Можеби ќе се штрекне.. можеби. Ми недостига. Не треба. Ама премногу е. I'll drink to that
Така болна и нерасположена, поспана цел ден во кревет, денес сум за никадее, неможам да се истрпам веке самата себеси! Лоши денови беа зад мене, и пак се пред мене!
Уф, конечно живнувам. Конечно се чувствувам подобро. Вчера ако не завршев во болница, можеби требаше денес. Но станувам и чувствувам големо подобрување. Се виткав, стомакот ме болеше, повраќав, цел ден ништо немав ставено в уста. Само гледав некои витамини да внесам...за сета несреќа вечерта нагазив срча, си ја забодов во ногата. Сега едвај одам. Ме мава малер овие два дена. Сега баш сум среќна што се чувствувам вака. Подобро.
Не знам зошто, ама мислењево ме расположи многу Инаку се чувствував болно, носот ми е затнат, омалаксана сум и главата ме боли. Ама мислењево некако ме оживеа. Особено сликата
Сум спиела како бебе Па редно беше да не мислам на глупави луѓе и јас...Иначе денов ми е Се натенане...