вака: гјасиоу3њ958сакјфаосфја%асклјфаскгји34руа9сфкајфаосфјео4ра0АИфаскјфсакфјеиасјфкас0-р9и3фјоасфјасофја и секако под дејство на утрешните (или денешните) уписи... многу ми е стресно, знам дека сакам да се запишам на тој факултет, ама сепак ме фаќа некоја возбуда, еуфорија и некое неописливо чувство.. ќе си пукнам
Се чуствувам многу чудно...некое не дишифринано чуство кое порано не сум го искусила.Уште кога ги отворив очите од спиење за некоја минута ми се наполнија со солзи но не солзи предизвикани од тага,болка туку од една кратка приказна што ја прочитав случајно а ми го смени денот.Чудното е што се работи за мојата породилна приказна чуството кога читаш како на некоја мајка и застанувала срцето за своето мала,како на моменти се избезумувала на своето сонце сепак се завршило со среќен крај и сега јас гледам сликички на фејзбук од тоа мало бебче за кое може да речам дека е многу симпатично бебе и е најслатко облеченото дете што сум го видела особено една блузича на која пишува и јас сум на мама и тато Лелее кај забегав со темава и јас незнам но битно си ги кажам моите чуства лугее што ли ме чела во животот
Се чуствувам меко, заводливо, сексуљаво, ко нека цица маца. Spoiler А всушност поприродно се чуствувам цел живот спонтано, на моменти смотано, весело, шарено. Spoiler Пријателски расположена, за средби и насмевки со некои мили личности, ко на пример еве, со душава Spoiler А надвор од сето тоа палаво, немирно, возбудено и со хедонистички огромна желба за гризење усни Spoiler
Изнервирана до даска, имам 330 обврски што треба да ги завршам и уште најмалку 4 луѓе што морам да ги трпам до крајот на денов...Се на се, многу раздразливо се чувствувам, не дај боже да ме чепне некој, мислам дека ќе ја дигнам зградава во воздух
Ко кучево....Стојам на работ, понатака не смеам. И чекам... ... да ми се врати стопанот по кој тагувам.
супер се вратив од завршување на обврски дома, и видов нови чевлички бев пријатно изненадена ми се допагаат, убаво ми стојат и едвај чекам да почнам да ги носам
Како нечија колатерална штета. Или уствари јас бев таа што ги прави. Битно ли е веќе... озбилно?!? Како се’ и ништо. Такво е тоа чувство. ...ко’ да ја пуштиле твојата омилена песна, дури и се осеќаш ко баш ти да си авторот на истата и сите зјапнале во тебе. Те нишанат со поглед, пошто чекаат да станеш и да го одиграш почесниот вуду танц. Сосем нормално де, твоја песна е, нели?!? И стануваш онака мрзеволно, почнуваш до мрдаш. Тегнеш раце низ воздухот, чиниш бранови создаваш и ќе ги усисаш сите у вртлакот на твоите пет минути слава. Се расфрлаш со нозе онака патраво, цап лево, цап десно, коленце горе, свиткуваш доле... шинуваш кукови.. се’ у стилот на Верица Пандиловска. Ама тотално, апсолутно неромантично, дезориентирано, жапчесто . Ко, да мозокот му откажал дружба на телото или телото на мозокот, па секој си функционира како автономна република, дур во тебе имаш цел бунт и една револуција, а овие двајцава суртуци ска желба за смир-смир. Али мрдаш што е најважно, се тетеравиш наоколу, со загипсирана фаца, муцунка чат напупена, пат осмех милион долари и вуду поглед... ху-баба-ху! Пијан полноглавец, што си шлапка во баричка не ти е рамен. Туку ми недостига до толку што имам силен нагон да го одгризам бирово или да почнам да ја џвакам тастатурава. Уште посилен ми е нагонот да го следам како манијак. Да му дишам нон стоп по телефон, да му се скријам во плакарот и да го ѕиркам или да му праќам цвеќиња со кошничка овошјенца... праски. Да! Тоа си сака. И се така дур откријам некој скелет у шкафот, па да ми се збогтиса секоја претходна помисла на него и јас во.. не е битно тоа. Битно денсам.. спомнав нели?!? Е, така некако.
Stars when you shine You know how I feel Scent of the pine You know how I feel Oh freedom is mine And I know how I feel It's a new dawn It's a new day It's a new life For me And I'm feeling good http://www.youtube.com/watch?v=Edwsf-8F3sI