Тажно, осамено, исплашено, цел ден плачам во себе, стискам заби и го кријам погледот да не прснам да плачам..... потоа се скрив во едно ќошенце и без никој да ме види си ги исплакнав очите.
Lolyta не си сама,исто и јас се чувствувам,некако нешто не ми е во ред во последно време...и се заради него...А се премам на одмор да одам,демек да се опуштам,ама не ми дава мозокот,работи на полни обороти Се чудам шо се случува со луѓево,некако не можам да ги сфатам...Ајде еве нов ден,се надевам да е подобар
Некако убаво, сама себе несакав да се слушнам, ама другите ги слушнав Е сега треба да бидам умна и паметна и да не дозволам пак слепило од емоции Сака Гоу да се забавува и да си игра и тера ќеф.....ама се додека не се внесат чувства во сето тоа, тогаш се престанува и несакам игри и зафрканции.....не не НИКАКО
Не знам, некако посебно! Решив да подарам дел од своите играчки во Црвен Крст! Размислував, зошто да ги давам на деца кои имаат се и на кои родителите можат да им ги купат, кога можам да ги дадам на некој кој нема, а ќе го израдуваат?! Така, ги одделив кои ги сакам, а кои не, и утре мислам дека ќе дојдат да ги земат. Затоа не знам да опишам како се чувствувам, прв пат доброволно подарувам нешто...
Подготвено. Подготвено за да го направам она кое што се очекуваше од мене последниве три години, подготвено за да започнам ново поглавје од својот живот. Со самото тоа сум и среќна, а исполнета и задоволна допрва ќе бидам. Ехххх..
Па не баш убаво, ПМСов овојпат јако ме здрма. Улежано, со благ притисок во главата, а во ист момент сакам да суп полна енргија и да скокам- не иде. Ќе помине за некој час сигурно, и да не сака- ќе мора.
Хахах и ја пи ем ес, денес променливо. Од сабајле убаво, потоа се расплакав, па застанав пред огледало да денсам, па нервозна, па сега ми е убаво. До крајот на денот ќе видиме
Исплашена, подготвена.... нервозна, страааашно нервозна. И Можам само да кажам дека нејзините комплекси, и тоа што си ги лече на мене, ме иритира страшно, ме нервира.... нејзините непотребни навреди кои не држат вода, а со кои се чувствува подобро ми донесоа само болести и ништо друго! И не, не ме навредува со тоа што ми го потенцира мојот проблем, само и го гледам умот а и некако ќе и се врате!
Ко да ми фали некое знаменце, такво убаво, големо да се вее на ветре.. црвено нека е. Не ради патриота што сум јас голем, туку чисто ради бојата. И да сум не накое ритче... ма пошто скромност. На планина, на врвче да сум и јас и знамето во рака го буцнувам в земји и пеам, т.е се дерам, рецитирам: I want it all, I want it all.. and I want it now! Само по можност да место моето гласче излезе некој друг по така.. хармоничен у рецитирање глас Ко што има едни филмчиња од едно време со Шварци Арнолд, како отвара тоа устиштето негово и излегува некој помалку необичен, чуден да не речам, ама веќе реков глас, без неговиот ручна кочница акцент, е така сакам и јас. Така се осеќам. Светот мора да е лошо место за битисување, штом се на мене му текнува. Ах!
Се чувствувам како стопена од едни очи топли кои како од фотографијата специјално само за мене така гледаат. И навистина не ми е јасно зошто го употребив ова зборче „како“. Не ми е Се чувствувам... подзаљубено?! Ма нее... не, рано е. Се‘ уште е рано за љубов. Се‘ додека тие очи не ме погледнат во живо како што ме гледаат од фотографијата, рано е. Се‘ се случува некако пребрзо И како и обично, не сум искрена со самата себеси. Едно знам, дека сеедно не ми е. Разнежнато се чувствувам од тие мисли негови, како срцево да ми сонувало само за такво нешто. Едит: и мала доза на тага чувствувам... што летово си оди и џемот од бронзен тен и кожа со вкус на цимет ќе остане само како топло сеќавање се‘ до наредното лето.
Поспано, со бурни реакции на вечерашнава плејлиста, и повремено насолзено од сеќавањата на едни стари добри времиња! Ми фалат некои луѓе, многу
Со еден збор ТОП!!! Вчера бевме на шопинг за храна и денес си јадам цел ден се што сакам! Плус вчера имавме гости па мајка ми напраила кифли,проја,колач... што ти не! Во фрижидер сокови пет! Исто така торта-сладолед и колачиња! Абе милина Мислам дека денес се изнајадов