Се чувствувам супер-заникаде.Изморено,ненаспано и без енергија.Колку сум значи down. Ах,ова подготовките што ми направија..
пиењето кафе после станување, и разговорот после неколку дена од кога се немаме видено со сестра ми, ми го направи денот прекрасен поздрав до сите
Не смеам да се чувствувам поразено... А речиси се чувствувам. Аман. Имам и празнина, и никој не се нафаќа да ја пополни. Ми треба и самотијава, ама и не ми треба. Сакам да сум птица, ама и поарно крт, нит видиш, нит чујаш. Сакам да се чувствувам ко...некни... А не ко сега...
Од сабајле уф...фала богу помина сега е подобро, уште да не беа овие ,,посебните,, денови во месецот још болје али тоа е јбг
Need an exorcist to free me of my demons! По не знам кој пат сонував дека пушам цигара, што во реалноста не го правам нормално. Овој пат се распаѓаше целата, а јас сум ја кренала главата кон плафонот и ја држам ко некој турчин со едната рака во уста, а со другата ја мазнам со прстите нагоре да не падне ронка од тутунот. Фира да не иде, нормално. И зјапам, како омајана во тоа црвеното врвче што чади. Се гушам во смрдеата од чигарата и вдишувам длабоко, чиниш на планински врв сум се искачила и јадам со двете раце од чистиот воздух. Го прашав конечно чичко ми Гугл, што би можело тоа да биде. Можно ли е да имам некоја тајна пасија кон цигарињата... да не ми дошло време да почнам да ги пијам. Но, тој, како поумен од мене ми вели, се трудиш да изградиш штит околу себе, никој да не влезе внатре. Опседната си со некого! O-o you demon....! Нечу пушит вишем во сон ветувам!
Катастрофа ...... вчера за времето кажаа дека денеска ке е 32 степени....и ние сабалјево ајде со нас купачите и се што е потрбно за на плажа и заминавме со брод на едно островче........ ама времето не беше баш баш ...и само што тргнавме.....СЕ ИСТУРИ ОД ВРНЕЊЕ......и по пола саат ....си се вративме....и сега има олуја.... и мн ме нервираааааааааааааааа
ми се менуваат чувствата од сабајле си станав насмеана ама кога идов дека вода нема ми се кренаа нервите За довечер че видиме има време
Многу неубо,страф ми е,пак гориме од сите страни Овај огнот ке ме приумри некој ден,абе цело лето не престана цела Битола од околу ја изгоре уште в куќи да ни дојди,притушно е премногу од чадов и се чуствувам омалаксано,немам воздух да дишам и ме пржат очите.Многу неубо
Мрзеливо. А сепак убаво. Ми фалеше еден ден на мира, кога не треба да правам ништо, не треба да одам никаде и не треба да разговарам со никој.
Досадно, цел денот ми беше: фемина - кревет - фемина - тв - фемина и сега ќе излезам малку да разбијам монотонија
Биле и поубави денови, тоа дефинитивно. Но беше убав ден де, убав. Под импресии од она што беше синоќа се разбудив, задоволна од самата себеси. Попладневно кафе, чекање да се запалат уличните светилки и да почнат штурчињата со својата песна... вечерта скара за догледање... навидум обичен ден. А и беше обичен, а сепак убаво. Се чувствувам убаво... задоволена од една единствена јаготка на шлагот, неговиот бакнеж.