Многу убаво... Луѓето околу мене прават така да се чувствувам. Сум имала многу повеќе пријатели одколку што мислев.
Денес се чувстувам како КРАВА! Само јадам цел ден и фацебоок - фемина - тв - цигара. Ете тоа го правам. Еден од полошите денови. Врв на се е што не смеам да излегувам!
Како Килиманџаро во ерупција. И сега од мене ќе излезе лава на лутина и бес, собирана години наназад, кон личноста која ме повреди најмногу. Како што ти ми ја изгоре душата за сите овие години, додека молчев и премолчував, сакав да те плукнам во лице а те викав ТАТО, бев примерна и добра ќерка, КОЈА ТИ НЕ ЈА ЗАСЛУЖУВАШ, добровоспитана и културна, без оглед на сериски и вонсериски ситуации, низа моменти каде човек може да го изгуби разумот, јас останав присебна, без да те осудам и да ти кажам што всушност чувствувам. Епа сега ќе ти кажам.
горко утринско кафе за среќен ден. Кога ќе ви удрат шамар свртете им го и другиот образ. Ете така се чуствувам денес колку и да некој се обидува да ми стапне на прсте уживам во игнорот кој го давам. Неможе да ми го расипе никој расположението кое владее, возбудата која ја чуствувам за она што следи. јас и мојот најмил и слатките планови, желбата за подобро утре која денес владее во мене. и за крај осмев од 6 до 6 ка и пријатен ден
цел ден ми беше убав, за на крај да добијам и да кренам температура... ај наздравје за никаде се чувствувам сеа