евентуално! хаха се зезам..среќно,исполнето,се иде на боље и за мене и за сите околу мене,кога тоа е средено ја сум најсреќна!
Во името на сите светци и по некоја светиња... I , ( the )... command you to Спојлер like me оr not... ма што да е, кој да се замара со глупости. Инаку, ко напуштено дете. Оставено на среде двонасочна улица... многу, многунасочна е пардон, со еден убав цветич в рака, кој што цветич демек треба да ги избрка лошите големи тркала или да ги намами убавите, л’снати кочии да го земат со себе. Ах! Избори ли се, патишта... aвантури, земји неоткриени, острови, домородци, драгони и селани... д’ плежер, овај трежер ис ол мајн, само треба да го најдам. Судбината е во твои раце, само треба да го направиш вистинскиот избор. Хо-хо! Ar' ya kiddin me? Отпиши ме тогаш од листата на тие со фин расплет во животот и вкарај ме во редот на добрите заплеткувачи во сопствената патравост. Еци пец пец И... what the фуцк with the а? Енибади Сепак, среќна сум. Колачич добив од една прекуокеанска земја. Шест месеци како за почеток ќе сум нивен црнец, oсвен што ме имаат и Бугарите.. ма права да не кажам што сум без гајле, не мора мани ф’рст.. ај до ворк ф’рст, ден тејк маните... ок?!? Ок. Само за жал во Макешајзедонија И, the demon is still in me!
Подобро од вчера Без некои посебни обврски, со планови да гледам филм, и да прошетам малку приквечер.
Ај ем фелинг гуд. Ова од песната од Мајкл Бјубл. Денес имам некое чувство кое ме стега во стомакот. Го знаете она како да имаш предчувство дека нешто ќе се случи. Нешто позитивно е кај мене во секој случај. И на се што ќе видам пред мене, или ќе причитам, ми се мами некоја насмевка дека нешто добро следува. Ова чувство ме држи уште од синоќа. Прубаво ми е. И друго расположена сум за муабет . Дрдорка сум денес.
Оооо преубаво Конечно чувствувам дека си ја работам работата како што треба, имам време и за шетање, коцките полека полека се местат. Далечино, проклета било, но ништо не ни можеш
Ооооооо полна надежи. Преска... гледав зајдисонце, убавини, среќи, птици, езеро, бранчиња... прелевање на бои. Нема луѓе мои ништо поубаво, нема. Чудна сум денес, и нему тоа му го реков, иако немаше прилика да ме види. Чудна, но убава, убаво ми е. Нека потрае
Како се чувствувам? Знаете како е кога јадеш превкусно јадење, ги лижеш прстите, уживаш во неговиот вкус, а на крај гледаш некоја гадна бубачка во него? Па одеднаш, ти се згадува, ти се одмилува и јадење, и се. Така ми е мене денес. Не разбирам зошто едноставно некои работи мора да се случат? Па ако е вистина она дека се се случува со причина, не знам со која причина би било ова, освен нанесена болка. Сакам да се врати денов. Да се врати до оној момент кога се готвело тоа јадење, за да го затворам прозорот, да не влезе бубачката. Има ли книга со сите одговори? Ми треба една таква да... толку, заглавив...
Или ќе се заборави или ќе се поместат работите... онака како што и требаше од старт. Трето не може да има, а ова веќе не бива да се продолжува до недоглед. Ако веќе не се поместиле можеби е крајно време да поместам сама. Ако нема реакција, онда си одам на лична сатисфакција... panta rei. Никој не заслужува и не вреди до толку тинтрење... и јас не се изземам де од тоа. Се надевам ова новиов колачич ќе биде успешен. Така ми прозвуча сношти телефонскиот разговор... а од него ми зависи дали ќе се збогувам со еден чир хефовски, што е пред пукање. И тоа е. Аста луего... а, ако ваква е работата јас би и сјемпре.
Тажно . Без надежи , желби . Сама . Тивка . Цел ден гушната со тишината и познати гласови во моите слушалки .
Се чувствувам многу посакувано. Цел ден ја слушам песнава и скришно се поднасмевнувам. Се загледувам во една точка и фантазирам за тоа што ќе се случува вечер http://www.youtube.com/watch?v=hrnca9qTFQE
Ми тежат емоцииве Несмеам да ги кажам, зашто ако почнам како од вулкан ќе излезат и може многу луѓе да се изгорат од лавата и да се исплашат, па да не се осмелат другпат ни близу мене да бидат