Лошо,изнемоштено,исплашено,нервозно...Уште само 6 дена до најтешкиот натпревар сезонава... Изгубив самодоверба,штета.. Дај боже,веќе вакви лоши работи да не споделувам,добро нешто да пишам после 4-ти..
Тажно , среќно , исполнето а празно ... Као задоволна а не задоволна . Не се препишува ова на ПМС туку на тешките ситуации кои се створија денеска ... Изгубив а не добив . Испратив некого далеку од мене , и тешко ми е . А уште потешко ќе ми биде знам ... Јасно ми е ... Кога се ќе помине ? ! Знам дека мора да помине ама нека помине побрзооо
..Посебно,без некоја посебна причина. Мислам дека целата љубов што ја имам во мене ќе ми излезе преку очите и насмевката.
Се чуствувам многу убаво а причината не ја знам ни јас се надевам дека ова расположение ќе продолжи до крајот на денот ...
Со оглед на тоа дека си легнав на кревет во 4 а станав во 8 поради неочекуваните гости (сабаље) се се подобри со спиење од 11 до 13 иако беа сеуште присутни. Сето тоа се зачинува со ГТА и си супер.
Ај фил фајн Другпат би ме вознемирило, ама сега сум си некако смирена....изгледа сепак зборовите на некои луѓе допреа до мојата потсвес На крај краева, дали јас ќе се оптеретувам и замарам со нешто, ќе си вршам психичка тортура или не.....сеедно е, ако нешто треба да биде ЌЕ БИДЕ!