Како се чувствувате денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lilit, 26 ноември 2009.

  1. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    I'm so tired of being here...
    Возбудено. Многу.
    Конечно заминувам од оваа досада дома.
    И конечно една big промена.
    И конечно се враќам на тој. На интересниот живот де :) .
     
  2. la.chocolada

    la.chocolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    евентуално хохохо :D убаво ми е и се надевам дека ќе ми потрае :inlove:
    ви посакувам и на вас пријатни и убави чувства да ве пратат, не само во текот на денот, туку и целиот живот :)
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.397
    Допаѓања:
    142.971
    Душата ми е стегната.

    Планирав да се видам со некој, а не најде време да ме види. Може си има причини, ама некако се чувствувам запоставена, иако немам никакво право да се чувствувам така.

    Службен мејл не сум прочитала 19 дена, оставив некои недовршени работи, и ме копка, ама не отварам и точка.

    Ме мачи тоа што концептот за одмор ни е сосема различен со овој мојов, и секоја година се труди да биде фин со мене, ама издржува само неколку дена, а после душата ми ја вади. И сакам да ми ја разбере љубовта кон природата и природните појави, ама никако да му тргне. Почитува, ама не разбира.

    Најмногу од се ме мачи 1 септември. Не ги сакам следните 6 месеци. Градинки, школи, болници, рано стемнување, глупости на работа.

    Утре сум на работа. Тотално индиферентна, не можам да кажам ни дека ми се оди, ни дека не ми се оди. Не личи на мене.

    Сега ќе си легнам, па ќе ми помине.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.612
    Фино. Завиткана во фин, мек кожурец, се радувам што летото е при крај, што денот се намалува, што наскоро ќе почне да мириса на ајвар и зимници.

    Денес Матка, поезија, Љубов и долги разговори.
    Планови за викенд кој го планираме одамна. Некои имаат трема да го запознаат дечкото со родителите, јас имам трема поубаво да го запознаат моите најдобри другари од малото градче. Чукнато, знам. :$

    Чајче, повторно разговори по телефон, жени кои не си ги пуштаат мажите да си ги видат другарите :^) , чудење... повторно чукнато.

    Како за една чукната недела, навистина беше убав денот.
    :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.606
    Пол:
    Женски
    Како што се чувствував денес,не би сакала никогаш повеќе во животот да се чувствувам.
    Судбината има некои свои правила кои понекогаш ме вадат надвор од вистинскиот колосек.

    Таман кога мислиш дека си го достигнал врвот на своето постоење, кога си ги подредил картите со добитна комбинација,секогаш ќе се најде некоја будала која блефира и ти создава немир кој одвнатре те јаде.Милион пати се зарекнував дека нема да дозволам некој да ме изнервира и тогаш од никаде се ствара некоја сосема небитна личност која и не знаеш дека постои и лакомо сака да ги вмеша прстите и да ти ги тренира нервите.

    Не знам зошто секогаш целта морам да ја постигнувам по потешкиот пат.Зошто работите да бидат едноставни кога може и да се искомплицираат.

    Живеам за денот кога сите договори потпишани на определено време ќе станат пепел.А кога ќе ми се трансформира работниот однос на неопределено, е тогаш не журка,банкет ќе направам.
    Ама јас сум упорна и знам дека иако оваа вечер ќе ме јаде едно мало црвченце одвнатре, утре сепак денот ќе биде преубав и ќе се смеам и ќе му се радувам на животот!
     
  6. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Евентуално збуњена сум денска, мути ми се све у главу...

    Тажна сум и малку, сосем малку разочарана, не испаднаа работите како што мислев дека биле...
    Плус нервозна.

    Грд ден...
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Грозно, уплашено, скршено...
    Немам воља да седнам во клупа заедно со уште 40 души што не ги знам, не сум спремна психички и готово.
    Губам контрола едноставно, не сакам и КРАЈ.
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.824
    Ми се спие :yawn:
    Ќе биде ова долг ден и долга ноќ, знам.

    Заминувам за час и половина за метрополата.

    Пратете ми среќа за утре :|
     
  9. PinkPrincess

    PinkPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Со среќа Хипице и Крши Нога ;)

    И да не сум офф топик - Денес сум поспана,ама тоа е дека сега станав,ке си пијам кафе и ке се расонам.Повелете кој е за НесКафе :*
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Како ќе се чуствува човек кога е опкружен со слатки..?? :inlove: :смајлиштоселигави:
    Е баш така се чуствувам. :D
    И така ќе биде додека да ги јадам сите. :lol:
     
  11. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Ништо посебно, ненаспана како што треба, нерасположена како што треба.... :tmi:
     
  12. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Со фактот дека сите на facebook напнаа дека е крај на лето, никако. Нејќев тоа да го дознаам. Нејќам да се помирам со тоа.
    И со фактот дека утре почнуваме на школо а Спичлес како и секогаш нема што да носи,изнервирано. Не ми се иде на шопинг по оваа жештина. :tmi:
     
  13. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Станувам од сабајле и онака за добро утро црвената тетка :tmi: и неможам да се мрднам од кревет, стомаков кине :@
    Па уште кафетинов менструал се испил, тоа е 3 жени дома :lol: ....оф леле :(
    Подранила, ама ако подобро порано него покасно па да се нервирам :rofl:

    Ќе си чмаам цел ден свиткана по дома пред компјутеров :geek:
     
  14. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    5.893
    Утрото започна со итно будење. Ме штрекнаа наеднаш.
    По неколку обиди за заспивање кои неколку од нив и не беа успешни, само што заспав ме докрајчи алармот.
    Нервозата продолжува со тоа што немаше топла вода.
    Фризерницата затворена. :envy:
    Заминав во другата. Жена без осет. Останав со 20тина влакна на главата.
    Додека да стигнам дома пак ми се прекрши косата.
    Ѕвони мајка ми ко по обичај упорно на телефонот. Ми кажува среќна вест, не сум преместена. |(
    Чад излегуваше од мојата глава.
    За подоцна да излезе дека се шегувала.
    Почнав да мијам садови, ми нема сјај. Вдиши - издиши, вдиши - издиши.
    Почеток на денот.
     
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Прилично нерасположено поради фактот дека утре почнува проклетата школска година!!!!!
     
  16. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Издрогирано, главата ми паѓа од кога станав, очите едвај отворени ми се, морам со рака да се потпирам, ако не да се навалам, одма зарчувам ауф, шо ми е бе, мора некое чаре да си најдам, а ваму книга во раци држам жално.
     
  17. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    335
    Суууппппппппеееееееееееррррррррррррррр положив Математикаааа!!!!!!! Убав појадок од милото имав. И еве сега на работа си уживам!!!!!!!! Насмеанаа :D :) :D :D :D
     
  18. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Скршена...дознав нешто што ме докрајчи,ова не го очекував од него.Лажго еден,мислеше дека немат да дознаам,дознав све.Вечерва ќе бидит што ќе бидит
     
  19. MoonChild

    MoonChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    95
    Возбуденаа зашто утре прв ден во средноо :?: :sweat:
     
  20. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.712
    Допаѓања:
    5.491
    Пол:
    Женски

    Камо јас да можам да сум на твое место :) Најубав период од животот,трансформација од девојче на прагот да стане жена,поинакви искачања,облекувања,размислувања,мн позитивни работи и по некое прво грдо соочување со проблем и реалност.
    Како и да е,со среќа да ти е,5ки да редиш и најбитно мнн пријателства да склучиш во престојниве 4 години :) ;) Важи и за сите други ,на кој утре им е прв ден во средно :)
     
    На TeddyGrey и MoonChild им се допаѓа ова.