Лепршаво. Цел ден се смеам и играм по домава моја, која моментално нема прозори ни врати (се реновира де) во едно лелеаво домаќинско фустанче со цветичи, и цел ден си ја пеам Baila Morena од Хулио Иглесиас и сваќам дека сум навистина едно среќно копиле
беше супер(се додека не и текна на една личност од форумов да ми казе дека сум досадна јас досадна????? МОЛАМ???? а никогаш не сум ни имала ниту разговор ниту конфликт со неа) што е толку лошо ако си комуникативна со лугето со кои секој ден се читкаш на форумов? што е лошо во тоа ако на неа не и е денот, или се скарала со некој јас ли сум крива
Денес се чувствувам баш СУПЕР Расположението ми е на ниво уште од сабајле , се надевам баш дека и така ќе ми е цела учебна година! Многу си сум среќна , чувството ми е неопишливо, а особено кога го видов него
Дамбесто. Како клемпо, клапчо-трапчо... уште да дувне ветре да полетам на некоја друга страна на белиов свет. Леј! ДушоАЖДЕРЕЦ човек! Мислам, толку миличко просто да ти прирасне човечево за срце ко рак. Не ми се дишеше денеска цел ден. Ме мрзеше. Барав некој да дише место мене, ама ете ти кога ти требаат пријателите сите ко *бип бегаат.. Одмаздољубиво, а немам причина, немам кому. Не знам денес дал имаше воопшто некој со кого не се спречкав за било што. По еден заб мислам дека оставив на сите страни, па ај нека помине вечерва, нека се раздени да не останам без заби.. останаа уште домашниве љубимци нечепнати. Не ми се чепкаат. Арни си се денска у филм. Дупнаа цевка пред некој саат,бушејќи за да направат отвор човече за вентилација... аман на пет местенца и тоа како успеал да продре дури до другата страна на цевкана... е тоа да видиш. Талент е татко ми, а мајка ми па помошник талент. Па вода бришеа у паника.. Фрижидерот го испразнив. Да можев да го кренам и да истурам се одеднаш добро ќе беше. Вака сто пати станав, сто пати проверив внатре што има.. као да нешто се изменило од пред пет минути. Депресија ха! Некој будала рече денеска, немам ја време за депресија. Време ти треба да влезеш у депресија, па време ти треба да излезеш од депресија... кркај скара и пиво и да видиш... нема депресија. Затоа де кркнав се што немам кркано од.. од... од дете ваљда. И бисквити со млекце чоколадно сркнав. Не знам како ќе се спие вечерва. Мачно ми е. Ама ако и без тоа имам за размислување така да.. и да не се спие нема времето неискористено да замине. Би убила некого најозбилно со голи раце би. Неубав ден. Шугав. Утре ќе му ја мислам за половинкава што некако ми порасна ко квасец. Тоа е у глобала.
Разочарано,се што вложив гледам како пропаднува хммм.Времето за нов старт доаѓа но некако неќам да го видам тоа.
Денес не е тој од хронично ненаспаните денови.Е фала богу редно време беше. Ама овој ден е еден од тие ПМС денови што ми ја нарушуваат психата. ах! Значи се на се.. Добро се чувствувам.
Нерасположена,осамена(како да сум сама на светот) во секој случај грдо...се надевам нешто убаво ќе се случи
уште еден ден исполнет со недоразбирање со мајками, а јас мислев дека ги надминавме проблемите ама не таа знае само да биде депресивна и да ми префрла и да се доведиме двете до лудило. денес испив еден дијазепам за да се смирам, ама се надевам дека ова ке заврши за брзо.
Разработена цел ден низ дома. Супер ми беше додека не влегов на Фејсбук и ми се расипа и таа мала хармонија што ја имав... јбг осамена сум, сакам дечко! Хехехе
Запрепастена од тоа колку луѓево ми го следат животот Радосна затоа што си се збогатив.....со повеќе пријатели Уморна од докажување и објаснување Бесна на самата себе зашто размислувам со срце, не со ум Поласкана од комплименти Задоволна со тоа што го имам во животов
Денес сум супер, расположение до даска уште пред да излезам откачувам а тек кога ке излезам аааа тудеј ис мај деј енд најт