And the Shaman spoke! O.... he did my friend! Сонував. Едно великолепно множество од зборови ми се врти во глава уште од пет саат сабајлево. Се разбудив со: „...Само треба да е свесна дека и на Дунавот му доаѓа крајот!“ O, Лорд, енлајт ме вит јор виздом, енд гив ми ајз, ирс анд брејн то бетер андерстенд дем. Ејмен. И ај, те молам остани нормален, кога некој те предодредил за луд. Филозофирам и у сон. И таму рајат не се наоѓа. Ма, спасете го светов од луѓе ко мене, порфавор! ...пошто и мене ќе ме спасите од него де. Не е дека толку ми е до светов понекад. Туку, промени. Денеска знам дека си го сакам старото ќебенце и си сакам да си го шмучкам прстот! Фуцк оф на промените им велам. Трагична ми изгледа една мисла, што деновиве ми се врти во глава.... дека нешто што завршило и тогаш... некогаш си дошол до заклучок дека и не било тоа најдоброто за тебе... во сегашно време ти се чини дека е уствари најдоброто нешто до сега.... дури и дека можеби... многу вреројатно, подобро нешто и нема да се случи. Па ако сака милиони нека да се наредат принчипе-сиња со бели магариња пред врата, напразно е. Треба да се поврзе оваа глава, а оваа глава не се поврзува! Преку Дунавот и од филозофирање! Сакам одмор од мозоков, пошто се осеќам ко Дунавот на кого кад-тад ќе му дојде крајот. О you demon не ми се сака, ама.. ете шаманот така рече. Ах, шо фино сам на себе психијатар. Шаману цар си и ти и твоето шаманување. Можете слободно да одите на одмор у бестрага. Ма, ај’м филинг фајн нау. Ништо што не би можело да се реши со една кифличка со сиренце и малку: http://www.youtube.com/watch?v=4p5yzdCa ... re=related и да, о харе кришна... Got to pay your dues if you want to sing the blues and you know it don't come easy!
Исполнето. Гордо. Виорење знамиња, пеење партизански песни, добро пиво заедно со добро друштво, опуштена атмосфера. http://www.youtube.com/watch?v=XQd_oqqvh0w
Не мислиш на него... ама знаеш колку дена прошле како „не мислиш“? Инаку, денес сум некако пресреќна! Сега уште малце ќе идам со татичко да ги гледам македончињава наши. Ќе растуриме и денес, имам некое претчувство. Пу, пу.. да не ги урочам златни тие.
Нежно, разнежнето... онака ми доаѓа да се милкам со сите, да ги гушкам сите, па еве и вас ве ... и сега уште и денов перфекција. Одам Жуки да ја побарам, таа е секогаш ЗА милкање. Убавината е во едноставното Ова да не заборавам, покрај разнежнатоста, се чувствувам чисто и невино како Бритни пред да се спобудали
Јас се осеќам нешто во стилот what a wonderful life... Одлично, прекрасно, најубавооо ве сакам сите ма денеска...
Замирисана на прженици, ама со полн стомак (пржени компирчиња со сиренце) Прееска пробаа да ме извадат од колосек ама останав смирена, да се изразам со модерен збор ме напнаа Па отидов во кујна и удрив на компирите, лупи, сечи, фрлај во врел зејтин.....цели 2 кила испржив, за цела војска и бато се прерадува, барем тој е задоволен и мојата нервоза исчезна Вчера толку многу луѓе видов, толку многу работи слушнав.....а за некое чудо како да не допреа до мене, сум станала отпорна и имуна или само си кулирам Работите се менуваат, времето поминува.....и јас се менувам, па жива материја сум нели, реагирам на промена во околината (јао ама исфилозофирав, мерак ќе ми биде да си се препрочитам откако ќе кликнам испрати на постов )
Како очајна домаќинка во климакс моментално, убаво од рано утро зедов сериозно да си обавувам тоа домаќинските активности, си се радував на преуредувањето уз енергично чистење, башка опкружена со аура на мирисни стапчиња+средства за чистење и свеж воздух ми пиркаше ко Брут задгрбно, среќа имаше музика во позадина, инаку ќе запеев, ама никој не знае која ќе ја речев широк репертоаров некогаш ме фаќа носталгија за хорските денови и старословенски литургии некогаш сум во гранџ муд дури не отворам уста ни сама не знам што ќе излезе ... И попладнево дури го хранев мачорот мала средба со силата на гравитацијата и џиновска модринка на надлактицава си стекнав и ми го уништија мирот неколку телефонски повици од кои извлеков 2 круцијални заклучоци - прв, колку повеќе се трудиш да угодиш некому наголемо си автоштетиш и награден џек-пот коментар ти е - па јас не те терав тоа, , второ - ако некој ме вика да поразговара што ми вметнува цело семејно стебло до н-то колено и после јас ќе испаднам асоцијална, ваква или онаква, гајле ми е ... Па и овој цагеров кај го видов сега ко фантом се вметна, да се мислам како некој ме мисли и вмешува во некој мрчаторски контекст... Денес не сум среќна Кока-Кола коцка туку фалш виски он д рокс, ама и он д ролс по некоја удолница...фиууууууууу
Настината ете така, смешно знам, сред лето да настине човек не знам кај ме фати, никогаш во животов во летно време не сум настинала, ама ова најново секое чудо за три дена,ама ова не ќе да е за три дена арно немам температура, уште тоа фали па уште им се чудев на другите,па и на мајка ми, како настинуваат сред лето, е како, еве како, сега дознав затоа не требит човек да им се чуди на другите за било што не само за ова :geek:
Како да ми седи таа идиотката од Фотограф на глава. Ме уби у поим дефинитивно. Дал се предозирав со бедоксин па почнаа да ме маваат бедови контраефективно, ил некој ме урочил? Како и да е ич не ми е по кеф, непродуктивниов ден е одраз на мојто расположение.