Немој сречо - немој данас Никако бе, убаво си пишав.....супер заникаде, таква сум денес Оваа променава на времево ми ја активира мигрената, добиена наследно благодарение на тато....ФАЛА ТАТО, алал да ти е, наместо твоите зелено-плави очи и темен тен, јас од тебе сум ја наследила оваа глупава мигрена Сега знам каква ќе бидам после 20 години, на секоја мала промена на времето ќе седам дома со спуштени ролетни во затемнета соба и со марама на глава врзана, со подзината уста и ќе ми прска глават
Со променава на времево малце зашеметено..ми се спиеше цел ден,коски ме вртат,глава боли ама ќе појде еве веќе сум боље! ах метеопат сум шо да праам!
опуштено како да сите овци ми се на број а не ми се , едноставно го засакав денов онаков каков ми помина и се пронајдов во безброј ситуации
Не се ни опишува со зборови. Не знам како, не знам што да направам...само сакам да помине се. Барам занимација, утеха, изговор да избегам...некаде далеку. Каде што нема никој. Само сакам да сум сама. Исплакав милион солзи и не секнуваат. Жал ми е што е животов вака суров...зошто си одат тие кои не заслужиле?! Заслужил ли некој? Соочувањето со реалноста и природата ќе ми стане нов предизвик. Не знам што да направам, ќе ми каже ли некој, ве молам. Очајна сум...и да, конечно разбрав што мислеле Грин Деј кога пееа Wake me up when September ends. Камо да можев...аххх да можев да преспијам се... Каде си Господе?! Каде си копиле смрдливо? Каде си? Вакви работи се случуваат и после некој ќе верува во тебе! Проста раја! Проста! Глупи сте! ГЛУПППИИИИИ! аман веќе...аман не можам... сакам некој да ми помогне...сакам да се спасам од се...сакам да ме нема... не вреди да се живее на овој свет... сакам да сум таму... на друго место!
Зошто толкава разочараност од животот??Животот е убав Натти...Немој да бидеш толкав песимист...Уживај во убавите работи од животот...Кој е виновникот за оваа твоја депресија??
Физички, како да ме згазил камион. Душан душа ми извади, се уште не можам да се оправам. Се ме боли, ама ај, за убаво нека е. Ах, Душане, Душане! Главата ми е полна со мали бубачиња, како да сум тинејџерка. Си ги замислувам како бубамари разлетани низ мојата глава. И убаво ми е. Јас сум едно среќно жениште!
Како да сум си врзала конопче за прстов мој болен на ногата, пак конопчето да ти било врзано за пиштол, марка што е битна и без тоа не ги научив, мирољубив убиец сум јас, ладно оружје преферирам... игнор де, да не се разбереме погрешно. Туку пиштолов не се доискажав е вперен во мене. Јас секако не ќе ја мрднам ногата де. Нисам ти ја луџакиња, ок де сум ама не у таа насока движи мојата лудост. Зборот ми беше, човек ко мене не ја мрда ногата. И светот нека пропадне, макар што не би сакала, ајде ајде.. не почињајте одма.... но, ако сум решила таму да ми стои бре ногава ќе ми стои и нема што тука з’ш, како, до кога. Ама нели, увек се наоѓа некој да ти ја помести ногата, па макар употребил мускул.. два, чисто заради тоа што му мириса можда, му смета де, сака баш таму да си го смести задничето негово бујно, или онака, нејќе да твојата нога стои баш таму. И потоа, некаде по истрагата, Хорацио „лепа шишка“ ќе запише: Самоубиство! Нели, постои таква можност да тој што ми ја помрднал ногата, истото го извел на несакање . Има и таква опција да бил поттурнат од некој друг, пак случајно паднал врз мојата нога или не ја видел и се сопнал. Не го видел воопшто вперениот пиштол, а работава била, кој е по мангуп од кој а? ....или што побогу сум си вперила пиштол во крајна сметка е прашањево де. Хм. Има нешто во сето тоа има, велам јас. До лудоста е да. Слушавме понекогаш караници од зад вратата. Се гледаше ахм дека нешто ја мачи да, да! Ооо имаше и долга врска и пукна. Пак ја имавме заприметено со еден друг потоа. Ќијзнај што се случи со него. Море и од шефот на работа се гледаше дека мака си има, голема мака. Леле, пак.. дури и дополнителна работа си имаше најдено кај ист онаков ко нејзинион хефе што од уста не го ваѓаше. Но, добар човек беше лесна и земја. Душа бе, душа Е, тоа е. Млади си одат. И Оној горе сака млади не зима стари.. дур се крцкалчиња, да му работат. А, цел живот пред нив Ах, можда некој голем човек од неа ќе станеше. Судбина, судбина, бегај, не знаеш што те чека. Морееее, ќути среќа заминав иначе може ќе се здебелев како ми кинисало со јадењето неделава Ами, как се усештам? Усештам се все едно сам полудјала бе хора, кво да ви кажа. Все пичове и пич... бип навсјакаде, пак некак си нјама мјасто за хора като мен Работници де, работници... амали, теретњаци. Деновите долги ми се чинат остави тоа. А, работа има у изобилство, ако некој нема што да прави нека се јави во барата ќе му најдам што треба да се направи.. за пари ееееееј па и вие не сме влада еј! Е, тоа конфузно, не знам кое време седнувам пред компјутер кое време станувам и се тешам шест месеци ко песна ќе поминат дур се разработи се, па да се викне човек, два три... да закрпат ова чаршавоф и миљињана. Се осеќам ко да има убиец у мене сепак.. сепак да.
Заљубена, збунета, интересно ми е. Ме фаќаат луди моменти, плачам, па се смејам, ама ке помине Сакав денов да си го преседам дома со музиче, ама пусти обврски само искачаат од негде.
Физички-топ Психички-изнемоштено од самата помисла дека имам за учење...ме убива помислата,а замислете да седнам да учам којзнае што ќе ми биде...
Денот што ми помина дур да трепнам, ме прави да се чувствувам слободно, а воедно и инспиративно... полесно дишам со мислите, а и со дејствата. И да, I'm starving.... Постојано чувствувам глад, wtf?