Како вдовица што го изневерува споменот од својот покоен сопруг-ете баш така се чувствувам Не сум вдовица и нема покојник за среќа, ама истото црнило ми ја обвива душава, ми го стега срцево..... До кафето ли е, до бакнежот без кеиф, до отсуството на пеперутки........изгледа ќе е до фактот што тој не е ТОЈ, а јас сум се' уште јас.....ама јас и ТОЈ веќе одамна не сме НИЕ и тоа НИЕ е одамна во неповрат......
Задоволно! Видов лице, какво знаев постои, но се криеше. Таму некаде, зад стотици метри кадифе и ѕвездена прашина. Исплашено! Песимизмот голта. Непогрешлив, мајку му. Не ти дава ни опција за нешто друго. Впрочем, зашто?! Малиов толку добро му оди... просто чудо како не ти се всадил в срце до сега. Цап! ...од прва и нема мрдање. Победник без трофеј! Ти навикнат на победа, тој навикнат да победува... дури и не се ни погледнувате за да си честитате. Што ќе ви. Сеедно е веќе. Резултатот се знае однапред. ...а, што фајде, кога нема пресврти, тензија... судија п*дер! Викни бар еднаш. Онака чисто ради ќејф... макар и со пола уста бре! Без воздух, без воздух. Што те брига дал е култруно, некултурно, кому смета. Ама.. не бива. Чувството аш! Папала маца. Море мајсторе, доста се мајтапиш со нас, дај нешто од позади тие убавите што ги чуваш. Топло, ладно, ладно, топло.. триј раце, уши, хукај во дланки.... Поима немаш дури веќе што да облечеш, дал да хукнеш дал да протриеш. Мултитаскинг слабо иде, после едно стоилјадиепетсто пати повторено едно-друго. Ма, капут, па дувај внатре ако ти вжешти. Нема соблекување! Ти се чини празно, ама таму си во празното, со празното... го дополнуваш и тоа совршено го дополнуваш. Изгледа ко баш тоа празното требало, да си го најдеш местото под сонцето, месечината... небо има секако. Бар него сеуште го има. И чудно е како баш во празното се пронаоѓаш. Гледаш во него... очи, уста, нос. Чудни ти се, непознати, се менуваат во моментот, ама имаш претчувство некое... ги познаваш од поодамна. Имаше нешто во нив.. има. Допири можда, шепот, мирис... претчувство. Сега го рече, јас го одреков. И пак, ниту прв, нити последен. Кога и да е ќе се знае „кој е-што е, и пошто е“. Игра е, секако. А, јас игрите... ги почитувам. Има нешто во космосот. Вонземјани?! Кој да ти знае. На земјава не има, ама... и енергија некоја. Те движи, турка, гази, прескокнува... фрла на земја, крева, превртува... се’ на се’ те одржува во живот. Каков таков, твој е. Трошка е! Ама твоја трошка. ...па дојди земи ми ја да те видам! Туку, доцна, рано, рано, доцна... кој носи саат, пак да знае колку е?!
ПМС. Седам и цмиздрам за туѓи проблеми. Ме погодува се`. Го малтретирам дечко ми да ми иде по газот. И не сфаќам зашто ми удоволува се, и ради тоа плачам, зашто е срцка! А ја не заслужувам. И се нервирам за глупости, што не ни треба да ме засегаат. И сево ова, го собира во три букви-ПМС, а јас толку комплицирано се чувствувам!
I'm so into him Волку заљубена никогаш не сум била... Оваа песна ме потсеќа на него Spoiler текстот де... http://www.youtube.com/watch?v=NJu170h7EhE
Исполето, а пак нешто фали. Се мачам да седам, а ми се спие. Би сакала да се вратам во рано тинејџерство, ама со овој ум, не сакам да мислам дека сум центар на светов како што мислев тогаш, и како што мислат сега. Чувствувам дека едната батерија ми е малку испразета, другата во ред е. Како е можно? Не знам.
Ко да ме налегнале 5 сумо борачи. Буквално. И ко да ми прошол низ уши стар, товарен воз. Едвај гледам, едвај седам, едвај мислам. Главата а богами и нозете ги оставив на подиум. Се моли чесниот пронаоѓач да ми ги врати, избацивачот, чистачката, ма кој и да е. Сама сум си крива, сакам журка? Еве ми денес журка. Ќе им шепнам на овие сумо борачиве нека си полежат уше малку, сум заслужила. Ако треба и лимунада ќе им направам па и под мишиња ќе ги освежам со водичка. За арно за убо! Смотана!
За никаде,неотспано,изморено а одозгоре на се морам да ја слушам мајка ми како се дере за секоја ситница. Не знам како ќе издржам цел ден а да не пукнам и така живците ми се веке при крај.Се некои кавги,драми,глупости уште од сабајле па аман веќе не сум ни јас од картон направена.Сакам само да идам некаде да не се замарам веќе со ништо ама не можам.
ХАхахаха пирамитке ме изнасмеа, исто и ја така си се осеќам ... ебааааго денот наместо да си поспијам нееее уше од 8 ке станам а зашо ? За ништо .. Не ми се спие а ко исфрлена од поплава да сум Ај сега едно кафуле па ваљда ке даде енергија Ај хоуп соу Имајте убав ден другите лув ја
Денес се чувствувам малце како потресено Се личи како да е ок, а сепак имам некое лошо чувство-ми се превртуваат цревата во стомакот...
Секси како Лиса Томашевскии насмеано и среќно онака како што Тоше умееше да биде Денес го сакам сиот свет