прво кога станав од спиење , бев после со една познаничка и сега сум што би рекле Америкаците what a day
Абе луѓе незнам кај вас ама кај мене со причина ми е катастрофален денот...Кога некој упорно те прај малоумен,ти ја паѓа самодовербата,а знајш дека не е така,ама сепак се чувствуваш ужасно,е така ми е денес... Некоја безчувствителна и без обзир за глупости кога те прај на будала,секако идиотски ќе се чувствуваш...Криво ми е ептен,пошто не бев јас крива. Ама баш ми е мило за другите,само продолжете така
Тажно потресено,ми се навракаат сите спомени,дружби,прослави,нови години,одмори,свадби,родендени,седенките до сабајле,лумпувањата по кафаните..........Мојот другар од тинејџерските години не е помеѓу нас.Душата ме боли мака ми е..............
Па... Збунето. За два дена полагам устен испит. oh poetry... Исплашено и среќно. Денес бев на плажа. Губење воздух под вода, а го гледаш крајот, страшна помисла и слабост во мускули.. Да, среќна сум, успеав да стигнам на површина!
Ах, после утринскиот инцидент со знамето на Џапан, сега ми е таман. Некако сум малаксана, богами, толку крв да истече од било кој, нема да му биде арно. Читкарам, излежавам, уште неколку дена и почнуваат обврските. Селење, кутии, алишта, тавчиња, тенџериња, кревет, телевизор, лап топ, е не бе.
03.04.09 - Денот кога Џибони ми стана омилен пеач . Јас во циклама џемпер , двајцата во кожни јакни. Не можам а да не се насмеам кога ќе се присетам на таа вечер . Како сега кога случајно ја слушнав Ово ми је школа .Секоја негова песна ми буди спомени .Секоја песна има значење за мене . Никој од нас не е лош а заедно понекогаш лошо изгледаме . Денес сум таква , не знам зошто ама цел ден се присетувам на некои денови , на некои моменти .
Денес сум полна со енергија, дури и хиперактивна. Неможам да седам мирна, дури и сама си барам обврски. Таква сум во последно време.
Чувствувам дека имам ептен енергија, не можам да ја потрошам. Се чувствувам весело, возбудено, мрднато... Експлозив од чувства... Ама позитивни.
Денес се чувствуваВ многу уморно. Цел ден наваму натаму А бидејќи за 15-20 минути стартува нов ден, ќе видиме како ќе се чувствувам
По првото отворање на окалките - доста у**ано и нервозно ,цел ден ми поминал во спиење а јас ни да се сетам дека имам обавези кои морам да ги завршам. Потоа ,онака ,ко на стенд бај... Па прехепи... Па сега ме мава некој оптимизам кој самата јас не можам да си го објаснам...Имам претчувство дека нешто убаво ќе се задеси за брзо време ...Дај Боже да е тоа што мислам