После бурна ноќ исполнета со нервози, фрустрации, закани и на крај убиство на проклетиот комарец УМОРНО но исполнето
Празно. Ми замина дел од мене... Ќе го видам пак, знам. Кога? Денес не, утре не... Две недели? -Можеби. Пожеби и повеќе, а можеби и помалце. Празно е, празно...
На +40 степени со затнат нос и болки во грлото, а жешко ми е и само се потам. Ужасно. Така се чувствувам.
Не знам ни сама....поспана ми се спие а не сакам да легнам,за да легна вечер порано,да се изнаспијам за на школо.Прејадено,иако немам многу јадено само еден кроасан и чипс цела ден,Нервозно,не знам ни самата од што....
Среќен роденден Јас се чувствувам, искомплексирано - благо кажано, го знаете она чувство кога не ви е пријатно во своја кожа...имам потреба и желба за промени, но незнам од каде да започнам...има толку многу работи што сум ги ставила на stand by подолго време, а ме фати неопишлива мрезливост, летаргија, индиферентност и никако да ги земам конците во мои раце и за започнам да живеам како што знам дека можам и дека треба.