Сеуште треперам... Браво! Нема што повеќе да се каже освен едно БРАВО за нашите македонци кои покажаа како се игра! Одиме понатаму, со вас е цела македонија што и да биде во петок!
Пресреќно, пона со себе . А верувам не има многу такви вечерва. Впрочем и доказ за тоа е директниов пренос моментално од плоштад Македонија.
Немам коментар, ниту сила, ниту глас да кажам. Среќа што пишувам. НАЈСРЕЌНАА! Одамна не сум се радувала олку.
Би сакала да напишам ДОБРО,но како кога ништо не е добро? Какоо?!?!!? Идиот си! Се чудам како може толкуу нервозно да ми делуваш
Па како што ми почнал денов, така и ми завршува уморна, ми се спиеше, а во исто време се чувстував како на струја уклучена насмеана од увце до увце, вишок енергија имам а и имало зошто, со победава дополнително среќна се чувствувам се на се убав ден
Пресреќна, значи вака не ми било одамна.. А вечерва кога слушам цел град на нозе, еве уште пее, навива.. Не се опишува..
ПОСРЕЌНА НИКОГАШ! Посреќна ќе бидам само ако победиме на финале (а како што тргнало, и тоа ќе биде) значи ова чувство не се ОПИШУВА СО ЗБОРОВИ. Сите го доживеавте, знаете како ми е
Пресреќно,Прегордооооооооо! Иии Заљубена воо lester bo mccalebb А од една страна сум тажна оти тој не е тука со нас! http://www.youtube.com/watch?v=dPtwRD6J ... re=related ТЕ САКАМЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!
Македонски ... овај победнички Ми спијат очите и срцето.. сета меланхолија одите у ишка вечерва. Фемили Аеродром - гетото, слави бре Тие ме орасположија со се’ што се слушаше и се слуша.. свртеа насекаде со сите можни навивачки химни ма познати се со нив, можат да те шлогираат, овај шокираат со текстовите . Не има бре и те како не има! И мене ме има, макар со пола мозок... ама ме има.
Среќна сум и убаво ми е, одамна не сум била позадоволна. Горда сум кога гледам како се слави. Чувството тешко може да се опише, преубаво е! Немам зборови, верувам дека сите го чувствувате истото.
Толку. Се скрши и тоа малку што се држеше. Разбравме кој е, што е и за каде е. Може слободно сега да се оди во бестрага. Таму бар место секогаш има, ни резервација не ти треба.
Убаво ми е, најдов нов начин на опуштање - уживање во бавноста. Од кога помнам за себе се‘ ми беше во знакот на брзањето, секогаш земав и преземав и премногу обврски на свој грб, стекнав доста нездрави навики во таа борба со времето - брзо хранење, убрзано читање и многу други, со тоа губејќи го задоволството од и во истите. Деновиве секоја голтка кафе ја филтрирам низ сетилата, долготрајно зјапам во природните пејсажи со една полумедитативна постапка на испраност од мисли или барем поголемиот дел од нив. Не се тркам веќе со времето и не ми е грижа за биолошки или други часовници, ма има време ...