Како да се тркалаат заровите, едниот веќе волшебно на шестка а другиот се врти околу своја орбита во познатата неизвесност од тоа што остана од моите очекувања. Убаво ми е кога доживувам моменти на бистра среќа, испрани од очекувања и проектирани разочарувања... Како лого коцкички обоени во сите можни емоции, како психичко тестирање на мојата спремност пред очекувани и неочекувани падобрански летови. Како параглајдерско слетување на поле од диви каранфили!!! Ако се биде како што треба до крајот на овој работен ден... Ќе славам во Радика со него, со мојата омилена Темјаника во хотелска бања болна сапунски меурчиња! Убаво ми е. Пу пу пу да не си ја урочам кармата. Убаво било да газиш на памук...
Откако завршувам со одредена работа, се познава на мене дека не сум толку нервозна. А сека веќе два месеци можам да кажам дека се чувствувам преубаво. И веќе не се враќам на нешто што ме нервирало и ми ги кревало живците од пети. Бев нервозна кога се карав само со моите за банални работи. Ништо страшно. Пак си се сакаме. Поентата е да постигнам ново и ново во иднина. А иднина ми е и утре. Денес бев на првиот час по психологија. И мислам дека ќе го обожавам овој предмет. Прекрасен е начинот да му помогнеш на некој со збор. Интересно ќе биде. Имам чувства на предвидување. И денес..денес сум расположена да гледам на кафе .
Никако. Не се чувствувам. Како да умира мојов дух.. Како да згаснувам полека.. Се гушам во целава монотонија на животов. Не се осеќам како ова да е мојот дом, татковина.. Сакам да сум далеку од тука. Ме пука депресија.. Ми треба адреналин.. Ми треба позитивизам.. Добри искрени луѓе.. Ми се смачи од лаги глупости и простотилук.. Не можам тука веќе! НЕ МОЖАМ!!
Како права пеззионерка.....ништо не работам Како паразит....се тегачам по дома Како трачарка....сега оговарав малце Како зависник.....цел ден зјапам во компјутеров (интернет зависнк) Почнувам да се нервирам, морам нешто да превземам, во последно време како на стенд бај да се ставив....време е да се активирам
Поодвратно никогаш!!! Се разбудив плачејки а што е најтрагично не се сеќавам на сонот само знам дека го сонував Него. Плачев уште пола саат откако се разбудив многу ми беше тешко. Во денов поише обврски неможев да имам ама добро е ги завршив сите иако бев преморена. Сакам само да исчезнам некаде на 3 дена, доволно е. Да не видам никој, да не слушнам никој, само да си го избистрам умот и да си расчистам некои работи во мојата глава. Сакам да избегам од се, преку глава ми е од некои работи кои кружат околу мене постојано а не им е време сега за решавање. Доста беше сакам одмор ((((