Како девојка која и покрај тоа што имаше фластери на нозете поради плуски, и покрај тоа што некогаш имала син лак на местото од црвениот и и покрај тоа што стаклото на очилата и‘ беше пукнато, а таа ги носеше како ништо да не било поради тоа што пукнатината и‘ е над зеницата ... успеа да улови добра риба од слатка вода
Никако воопшто не ми е арно ме болат премногу синусите ништо не гледам на монитор али сепак седам ме боли увото и грлото не ми е за ништо друго туку каде се најде баш на роденденот на мајками
Е не е убаво. Како убаво? Книга в раце не ми се фаќа. Дома ништо не работам. А треба. На вечер сон не ме фаќа. А и тој ми треба пустиот. На пат сум да си го уништам животот или себеси...? Каков пат и да е, гледам дека никаде не води.
Безврска некако, главава ме боли од многу спиење и досадно ми е.. Ај вечер здравје можда ќе се чувствувам подобро..
Не е се така лесно! Но кога подобро ќе размислам, не би сакала да сменам ништо. Денов нема да биде интересен ако не ми се случат барем пет различни ситуации во кои јас ќе бидам јас, ЈАС, ЈаС и јас. Премногу различна, но премногу иста. Впрочем, не денеска, туку целиот живот на човека. Ех, што убаво е да си човек. Работите се менуваат! Eдит де: човечки ранливо се чувствувам
Предавнички! ...пред правење нешто, што не сакам, ама ич. Ал’ питање је „време“. А, пошто, вотка- имаме, кавијар- и тоа имаме .. времето ти е луксуз! (у филмов на Канал 5 го рекоа де) Па, ми се чини ко’ задња сламка од ова сламеново шешИрче. Одложено е сепак, за од понеделник. Можност да се предомислам постои, пошто... дури и писменово преговарање ми пробуричка во цревцата. Пак, оралното, очи в очи излагање, ми се чини ко далеку погрда варијанта... претпоставка де. Сепак се работи за добро познат егземплар. Мене познат де. Ама, караконџуло една! Ти си крива. Да ги редеше тоа коцките, како што јас ти велев, и јас ќе работев, како што ти’ сакаше. Сега, е на! За мама девил беше тоа. Небото е сиво инаку. Веројатно нема да се смени наскоро. Дури и моиве темперни бои ко да.. не му пасуваат. До бројчињата е. Дожд?! - Турива, турива
На моменти како да сум залутала со душата надвор од телото, ама телото се буни и ми дава сигнали во вид на забоболка за да ме врати назад во реалноста дека сепак сум таму каде што реално сум, а не сум таму каде што нереално сакам да бидам.......и толку од сонот со отворени очи......... Добар е моментот кога викаш I told you so , просто priceless......ама го нема истото чувство кога си го кажувам самата на себе.......а таман помислив, добро можеби грешам овој пат, можеби не е така, можеби 'искрените' добри намери се навистина искрени добри намери, можеби нечија грижа е навистина грижа од човечки побуди......и бааам.......во сред сањарење се покажува вистинската природа на нештата како потврда дека мнението и расудувањето не ми се погрешни........и доаѓа моментот на себе-кажување I told you so! Будала бев кога дозволив да ме убедат дека интуицијата ми е всушност параноја. Ама ќе си го добијат и тие заслуженото I told you so! од мене........или пак не, не заслужиле да бидат наградени со звукот на мојот глас.....нека си останат во самозаблуда......... До забоболката ќе да е, то нисам ја или можеби сум......
Знаете кога одите премногу, абе цел ден. Ве болат нозете, ве болат tibiofibiuarnite мускули. И кога легнете вечерта заспивате веднаш, ко мало бебе. Наредниот ден се чувствувате како препороден. Ете така се чувствувам. Одморена. И како нова.