Feel like making love, feel like making love too you После неделен ручек и кафе, малку тешко за making love али добра си е песната за слушање ако не за друго...Чекаме вака задремани и мрзоволни да чукне фамозниот 16:30 па да се вратиме во живот... Од утре зимница. Едвај го натерав мм оваа година како сите домаќини нели, така и ние да си засукаме ракави и да почнеме со печење и лупење на пиперки...Лани купувавме ајвар но ни оддалеку не е тоа-тоа, не почуствував дека јадам ајвар...Така да, најверојатно и сега овој што ќе го правам ќе го утнам некаде, али бар ќе си знам дека е од мене...Не барам помош од свекрва ми, знам дека се моли да го згрешам за после да ме погледне потсмешливо во стилот:''Ти реков дека нема да можеш''...Кој, јас ли бе? Земи си столче, гледај, и учи! ( )
Како животот да застана за мене! Ми удри шамар! Ми кажа можеш да ја изгубиш! Ама знам дека треба да се борам со нејзе тек почнува нашата борба.. Те сакам мамо..
Да можев мирна да седам ќе бев одлично, ама неможам Нозеве ми се како штотуку вратена од фронт.....рани и плускавци, па кој ме тераше да одам пешки од центар до парк и да играм во кафана и да се враќам назад пешки.....кога ги собув штиклите имаше што да видам....дури крв пуштле од мака стапалава ама јас инает Сега неможам да газам, измачкана со кантарионово масло и ханзапласи само се шлаам по собиве и се дерат по мене зашто ќе ги извалкам килимите....ама неможам да седам, не разбираат тие Башка цел ден гнетам нешто, цел ден зјапам во ПеЦе или ТеВе ...и нешто сега почнав да се бедирам, ама онака јако....ми летнаа мислите ќе имам напад на депресија вечерва ЗНАМ
Полна со елан и подготвена за започнување на работната недела... Одморот ми годеше (штета што траеше толку кратко), се изнауживав, добро размислив за следните чекори кои ќе ги превземам, 2 луди журки поминаја прекрасно... Среќна што нашите момци стигнаа до овој ранг! и знам дека дадоа се од себе (иако не ја гледав утакмицата)... тоа е
Добро се до пред еден момент кога помина возот и ме смачка... Како можеше...Зарем мораше да ме расплачиш? Тоа ли го прават оние кои ги сакаат своите половинки? Не си фер... Сега како да учам? Како да ми помине оваа мака? Ах, ужасно е кога некој не те сфаќа...
Нема мускулче кое не ме боли-вчера првпат вежбав. А и грчпвп со денови ми е некако чудно,ме пече и кашлам, веројатно ќе треба да пробам да ги оставам цигарите
Мислите ми излетуваат со брзина и непрекинатост на шамичиња од магионичарски шешир. Само што не ми се баш розево обоени проектираните сценарија од нив, денес сум режисер и продуцент и кореограф, а богами и главна актерка на замрсени психолошки трилери. Се наоѓам во период во кој треба да донесам некои значајни одлуки и со доста срам истапувам пред себе со сознанието дека немам концепт. Долго сум имала нереспект кон персони кои бесцелно талкаат и не знаат што со себе, дали кармата ме претвора во таква? Денес нема да го добијам одговорот и покрај најдобрите намери од моја страна. Денес не е ден ни за прашања, а уште помалку за одговори, ни за било какви себетестирања бидејќи прагот на издржливост ми е низок. Денес сум скоро без гард и се чувствувам ранливо, а не е ни проклет ПМС ни некој хормонски или било каков друг физиолошки дисбаланс во прашање. Само сум психолошки fu*ked up онака без кондом и предигра. И секако, ќе бидам јас добро, ама некој друг ден, но не денес и не овде .
Многу зезнато...празно и сосема не инспирирано...скоро дванаесет..уште во пижами...и сосема неспремно за новиот ден...осамено...сосема без врска...незнам што ми е денес..
Прекрасно. Откако вчера ме изми дождецот, откако конечно залади, откако ветив дека нема да бројам годишници од врска, само ќе ги прославувам, откако сфатив дека готвам со и од љубов и дека француското вино е (сосем) малку поубаво од нашето, откако признав дека и без медал се чувствувам шампионски, откако сите промрчеа како Белата ноќ станала црна, а јас изнавидов толку убави работи, откако водев љубов како вчера да е последен ден на светов, а дознав дека има и денес, и сакам уште . . . и сакам СЀ! И така, живеам со убавината на малите нешта, мене животот ми го прават ситниците, секогаш го утнувам покрупното кадро! И подобро.
Нервозно. Ваква голема нервоза чуствувам еднаш до двапати годишно и сум во состојба човек да утепам и ич око да не ми трепне...И нема некоја причина, до времето ли е ј**ем му матер...Не е пмс, помина...Или ме урочил некој... Да не е болест Што и да е, помина без инциденти...барем не големи...