Незаштитено и несигурно. Цел живот се убедувам дека можам сама, дека сама сум си извор на енергија и на топлина, ама не бива... треба луѓе. Добри луѓе!!! Чудно, ама сакам некој да се погрижи за мене...
Ко Чак Норис. Сите пред спиење пијат млеко, а јас Гуарана. Демек немаше да ми се спие, лажги со опашки. Прво да одморам, па сабајле ќе си учам.
утрински свежо наспана и смрзната. Ете затоа го сакам септември може да те испоти и веќе во наредните неколку часа и смрзне. Го сакам утрото и се чуствувам екстра, дома..... кафенце.... компјутер...... а како ли поинаку треба да се чуствувам
убавоо, среќноо, расположено незнам зошто но се разбудив со насмевка на лицето ви посакувам прекрасен ден на сите
Незнам. Некако, чудно и празно во исто време. Па во друг момент летаат непожелни пеперутчиња во стомак, што вака би ги тепала Памет да се немало.
Тажно... разочарано.... ни самата незнам како се чуствувам , ми почина комшивка која имасе едвај 30тина година Колку е само суров животот
Убавоооо. Есен почнува, јас си дојдов дома... Ах мори мајко, не знам која дома веќе да ја викам дома. Како таа другата дома да ми станува повеќе дома. За чудо, малкуцка, ама малкуцка ми фали Скопје, гужвата, забрзаноста, луѓето. Хах, не ми се веруваше дека ова ќе го пишам некогаш. Велес е бавен, троа флегматичен. Ленинова е љубов, ама Благој Ѓорев ( главната улица во Велесчето ) е спокојство.
Ко никогаш ненајадена Не знам шо ми се дешава ама многу ми се јади Никогаш не ми се десило до сеа вака
Среќно со мала доза на шмркање и кашлање Не сериозно,како му се радувам на петоков ко црнче од Афика на колаче Доволно ми е од искомплексираните професори за оваа недела Еден петочен поздрав за сите феминки кој го чекаа викендот уште од понеделник http://www.youtube.com/watch?v=7zp1TbLFPp8&ob=av2e