Како ? Моментално плакам,зошто? Бидејќи два пати ги лакирам смотаните нокти и лакот упорно ми е скаран,бидејќи косата ме нервира оти е таква никавка,бидејќи имам две огромни плуски на двете нозе на пета и ме ужасно болат и крварат,бидејќи сакам да можам да спијам 24/7 ,плакам бидејки сакам да сум сама нај сама на свет,плакам бидејки нејкам утешни зборови околу мене веќе,плакам бидејки комшиката цел ден моча низ тераса(мн е чиста па морала се да ја мие) плакам бидејки не јадев леб толку време и денес се прејадов со ајвар,плакам бидејки ништо не ми е по кеф сакав политанки мама ми донесе едни со вкус на алва што ич го нејкам,плакам бидејки сум ваква смотана,плакам оти незнам што да му врнам на пораката т.е. знам дека сакам да го отерам у пм ама не знам како,плакам бидејки сакам да не сум се родела во оваа држава,плакам оти ме направиле овие мојте фосили дома,.....ПЛАКАМ бидејки сум во ПМС !!!
Убаво си се чувствувам си ги купив чевличињата најубави Сега уште милото да си го слушнам и ќе ми биде уште поубаво
Чувството кога се пикнуваш во фармерки помали за 3-4 броја од тоа што си носел кога последен пат си купил. Е, така се чувствувам. Добро направив што не купував фармерки, ами само шалварчиња, панталончиња за летово, па сега кога се стегнав денес во едни, промена - УАУ!
Денеска? Малце подобро од вчера...Ама таман ке се подрасположам малце со некое песниче или чоколатце и ке ми текне дека тоа се радувања во празно... Кога ке помислам колку имам за учење, дека више не ми е интересно ни по дискотеките,дека имам дефицит на пари, суфицит на нервози и дека љубовчето замина на пат денеска ми пагаат веѓите, ми помодрува јазикот, ми чади од ушите, ме стега желудникот, ми се јаде, па кога ке си ги погледнам спојлерите ми се одјадува, па сепак пак каснувам нешто...Па така ко некоја очајна домакинка чекам филмски маратон на Сител, а у меѓувреме ме утепаа со шпанско-турко-индијски серии..е ова се вика НЕВЕРОЈАТНО ПРОСЕЧНО ЧУВСТВО
Преубаво Ептен ми е убаво кога си наоѓам време за самата себе, кога уживам во самотијата бар за момент, во сопствениот глас кој ја прати музиката на радио. Јас, шишето со вода и лаковите за нокти. Priceless. Убав период проживувам, просто уживам во животот и сите бои на виножитото. Се смеам, од уво до уво, искрено, вистински, без преправање, за своја душа Живеам.
заникаде ми се спие,ми се јади и ме мрзи буквално од столче да се помрднам а имам тоооолку многу за учење
Пак главата и пак и пак.....не е мамурлак, не е мигрена....овојпат се умниците Ама ќе помине, сигурно не пред ПеЦе.....туку што да правам, ме мрзи да чистам, а мама е дома таа готви денес....јас само да уживам и да јадам денес Денес сум мрза!