Ми фали сон а сепак функционирам одлично и сум прилично расположена. Некако расеана сум.. На сите страни ме има.
Прекрасно, вчера покрај се успеав да си посветам време и на себе иако нема ден, а да не си посветам барем сат, ама да најдеш време за себе во онаа брканица мора да се викаш Лукс Горда сум на себе, нема поубаво чувство од тоа да чувствуваш гордост посебно за нешто за кое си се залагал и со сопствен труд си го постигнал. Се надева дека и мовие еден ден ќе бидат горди на мене. Знам да сум дрска на зборови, ама после знам како ми е одвнатре, знам да плачам без никој да ме сети. Прееска баба на телефон ми вика имаш бабе ти многу памет(најпаметна си од сите ) ја и викам е бабо уште попаметно да го користев паметов како што можа кој е ко мене закључок никој не е ко мене, нити може некогаш да биде, без разлика дали ќе се мериме во памет или не. Врло самоувјерено са моје стране али шта чеш, јбига мораш да будеш понекад и такав, али најбитније је шта мушкарци воле самоувјерене цуре или како год да се каже, идем ја по други темима.
Како Успорена снимка. Ама убаво се чувствувам! Знам дека чекорам бавно, но сигурно. Башка убаво ми е вака кога никој не ме брза за ништо.
Збунето, уморно, заљубено, изгубено, разочарано, глупаво..... секако...се мења расположење на сваки 5 минута
недела.. најутепан и депресивен ден ми е,сите дома,утредента грдоно школо,тебе ти се седи на фемина,а треба да учиш .. и така да,прилично жалосно >.<
Хммм да ви кажам искрено, ме мрзи се што правам од досадата што ме окупира од некни абе од кревет не ми се поместува ко да сум укотвена таму изгледа таков период ми е неделата се надевам брзо ќе ми помине...
Ако се земе во предвид дека денес ми е прв работен ден после 14 дена се чувствував свежа,одморена ,наспана и задоволна . И до пред малку си разговарав со девојкиве кај мене на работа... ми недостасуваа убавиците мои
Мразам кога станувам наутро, а не ми се наместени алиштата за претстојниот ден, носот ми е затнат, ме боли кичма од незгодно спиење и немам време ни за нормален доручек, ни за кафе. Значи многу мразам. Епа денешново утро такво ми беше: со болки, со мрчења, со мрштења, понекоја залутана пцовка, превртување очи Среќа комбинацијата на портокалово и розево крајно ме освежи, па во лабава пунџа и гумени сандалки се упатив кон изворот на најголемиот број нервози изминатава година: на факултет Абе колку и да не си го сакам факултетот, кога ќе и‘ ја видам таа збунетата фаца на библиотекарката, заклучената врата во ВЦ и како шлаг на тортата разиграниот дечко во фотокопирот кој од сабајле пуштил рок... абе душа ми се разнежнува Во моментов се чувствувам... загорчено. Многу јако кафево, повеќе кафе од вода има
За никаде. Лута сум, разочарана од најблиските и немоќна да сменам нешто! Ќе пукнам од внатре. Згора на се, за некое време одам на преглед кај гинекологот и по малку се плашам од тоа што може да ми го каже.