Збунето, многу збунето Единственото нешто за што сум сигурна во моментов е дека имам еден тон работа, а мислам на се друго освен на тоа
Уморно. Ама не од неспиење или работа,туку.....не знам да пронајдам точен збор.... Уморна сум од луѓево околу мене кои ме замараат и гушат непотребно.
Топло-ладно, топло-ладно! Пуста јас. Ми се закачи златниов ПМС.. Па ајде со среќа нека ми е и на мене и на сите во моја непосредна близина! Амин.
Сериозно. Малку шашаво и расеано. Како да не сум тука со паметот, не како да не сум туку не сум. Ми фалеше малку ваква расеаност, ама малку. Се обидувам да најдам одговор на она што ме мачи: дали е подобро задоволството или сигурноста?!
Дали времево е такво,или сите сме како акнати од воз? П.С. Јас се чувствувам како акната со мокра чорапа.
Многу тажно... Знам дека мојот живот е убав и дека убави работи ми се случуваат секој ден и дека треба да се опуштам...Ама тој глупиот внатрешен глас упорно не ме остава на мир Се чувствувам очајно...не знам што да правам понатаму, а не знам ни кого треба да го замолам да ми помогне...Знам само дека ова чувство ќе помине, кога тогаш
Ај џаст вана леј ин мај бед Ги завршив некако обврските за денес и сега сум оптегната на кревет со лап топов на нозе и неможам да мрднам На пладне и тетката со црвеното ферари пристигна, точна си е - убава таа Ај барем од што ме грее компјутеров на нозе и јајниците си ги топлам па помалку ќе ме боле меот Знам дека и утре ќе бидам како кајгана, а ме чекаат неодложни активности Преживечу , секој месец преживувам