Neodredeno.Ne znam komu da mu se lutam.sebesi ili na drugite. Zbrkana sum cel den.nisto produktivno ne napraviv denes. A sega da se preflam na temata Ispukaj se.
Перфектно. За крај на денот максимално опуштање и разнежнување http://www.youtube.com/watch?v=N3WOVnTz-Yo
Збунето... Денот некако ми тргна наопаку, потоа почнав да си го средувам некако. Но, сега чувствувам испомешани емоции.
Онака...прво беше ок..па се отиде по ѓаволите....и сеа иако поголемиот дел од работите се по Ѓаволите се е ок
бескорисно.... цел ден дремам над книга и неам концентрација ич! и на крај нишо не научив ко што треба :\
Само што ја прочитав темата,очајна за помош,како да го преболам,инстантно ми дојде прашањето,како да се преболам?! Некогаш толку многу сте исправени,што едвај чекате да се сопнете за да се одморите. Ме тиња необјаснив немир некое време.Како да се трупало и трупало едно за друго без да стиснам стоп и да земам здив,да соберам впечаток и да речам ајде повторно. Прешло во глупа навика да си го челичам духот,а сега и телото ми дава знаци на непослушност и присилно ме приковува за кревет. Дали препрано пораснав или некои луѓе доцнат,поим немам,ама завидувам на оние кои сеуште можат да спијат до 10,да пијат кафе на мир,да штрапаат по компјутерот и да прават на него што сакаат,да излезат кога сакаат,да си прават мозаици од есента.Можда имам една позитива,не лутам,знам каде ме носи денот,не ми тежи главата и не пијам аспирин секој ден,ама дијазепам ќе почнам да купувам ко пензионер и ќе го пијам два пати дневно ко витамин ц у препорачана доза. Времево ме убива буквално.И ко временска (не)погода и ко константа на промени.Ако се прашам за лани ова време,можам да пронајдам 1000 разлики на двете слики. Сакам нови чизми,иако имам едни чичка нови кои чекаат само да залади и да се поносат сексоповикателно по сиви скопски улици.Сакам и еден муабет кој се прави строго на ладно време зошто носи топли пораки и бара топол напиток.Долго го одложувам и неизвесно е кој ќе биде резултатот.Можда ќе биде утешителна прегратка,смирување или целосно разидување ради конфликтни интереси.Сега за сега ни двете страни не се одлучни до каде се со егото,поентата на кажаните нешта во една расправија,иако јас доследно стојам зад себе,а на другата страна гледам расклимани пораки и каења.Ни малку љубовно не е,да не си помисли некој така,но амбиентот е пожелно да е топол и пријателски во име на квалитетните врски од различни видови. Не ми се одат клометри,ми се седи тука,не ми се смее,ми се има индиферентна фаца,не ми се комуницира нешто посебно барем во наредни два дена,ми треба искрено преиспитување и муабет сама со себе.Не за друго,вистина било,потенцијалите се огромни,само ти фали одлична организираност. Косата ми е тазе шишана и сеуште ми создава главоболки.Кога ќе бидеш онака како што те сакам ма?! Чекам туѓа меланхолија ради попристапен терен.Со некои луѓе се разговара само кога се во одредени расположенија.О,зошто?! Сакам среќен израз и емоционална достапност,мразам ладноќа,резервираност и не можам да го разберам тоа кога си во зен на своето расположение и сигурност. Нит е ладно,нит е топло,нит па се тера.Слатка болка во нозете.Жими таквото слатка,онаа бе,кога ќе ги стиснеш перничињата на стапалата,ем те боли,ем ти оди убаво,скокотливо.Не ради друго,ете толку ти се утепани. Не дека денов беше лош,туку имаше лоша енергија од одредени луѓе.Мразам хирови и мразам забрана за топли оброк ради тоа што некому е ќејф.Не се однесуваше на мене,но ме здоболе рамно.Како можеш да му забраниш на некого да јаде зошто тебе така ти текнало и ти се може?!Мобинг мејби?! Ма свашта,комплексишта ко Монт Еверест.Може само од жена да ти дојде такво нешто. И стошеснаесто за денес...ма нема поента бре.И не знам колку е паметно што ете вака ничега (или нечега?! )изазваног вака си се истурив,сасвим спонтано и без при тоа да препрочитам што ви изнаџиткав по просторов. Одам да правам она што тотално ме прави јас уз ова... http://www.youtube.com/watch?v=gfsQEpQy ... ture=share
Денес како да сум станала на лева нога.Веројатно голем удел во моето расположение има и месечниот циклус.Се ме нервира, не поднесувам некој кога јаде да ми шмлата со устата, дури и на него му се развикав непотребно... Ме погодија и зборовите: не стварај тензија за без врска, знаеш дека те сакам.. и иако беше во право за ова, почнав да плачам (додека го пишував ова се смеев, а прееска рикав како магарица).Сега кога се подсмирив си мислам...какви челични живци има човеков што ме трпи...веројатно сум многу голем среќник што го имам покрај себе
На моменти, во последно време, се почесто ми иде чувството на пишман аџија. Ви текнува на народната приказна, нели ??? Е, се почесто повлекувам некои одлуки, мисли, чувства. Тотален хаос, на факултет, во собиве, во станот, во мислите, во главата, во срцето.... Уај Гад, уај ?? Во еден, зафркнат момент се почувствував сигурна, силна и спремна на се, сега се издишив како балон. ПУФ! И добро е што сум презафатена и преуморна, за да немам време да се самосожалувам. Туку функционирам на робот принцип - емоции оф, памет он. Си се пикнав во раковското оклопче и чекам, чекам додека повторно не станам доволно силна да ја извадам главата. Аста ла виста.
Ооо денес. Ден убав беше. Додуша, не дека до тоооооолку беше добар денов, туку се‘ уште сум под импресии од синоќа, па ми држи. Денес, и покрај неколку пара испревртени очи (добро сега, признавам едни од нив беа моите ), и покрај вештачките насмевки, и покрај иритантното зборување.... имаше и искрени фини насмевки, пријатен 5-минутен разговор со драга личност која ужасно недостасува во мојот живот и која крајно ја почитувам, имаше и добронамерни шеги на моја сметка на кои и јас се смеев.... и останав со надеж. Надеж во неколку полиња. И надеж и резервираност, да се разбереме. Моите чувства за денес ќе ги сумирам во мазни нозе и шишенце вода... и иритантна песна со реална тематика на радио кое го обожавам Контрадикција ден. И чувства. Баланс. Уживам кога е се‘ распоредено како што треба, и на убавата и на не-толку-убавата страна (сега звучев како Италијаните кога ќе речат Non e' molto simpatico. ). А, да. Денов ќе го заклучам со чувството на неизмерна среќа и огромна развлечена насмевка на лицето кога си го отворив електронското сандаче и ме пречека пошта од драга мечеста особа која исто така ми недостасува
Мизерно, со блага депресија и невротично рикање (ова последново го правам во себе, да се разбереме). Кратко и јасно: Лута сум, бесна, гневна и разочарана и иако не бев некој голем фан на поголемиот дел од луѓето претходно, овојпат чувствувам антипатија кон сите - и криви и должни и недолжни (што не е добра работа, да се разбереме). Значи тоа е тоа, дојден е моментот да се прегледаме од глава до пети и да се преброиме по џебовите. Имено, така се делевме уште од мали нозе - кој има барбика, а кој нема, потоа кој има нинтендо, а кој тетриз (а кој ништо), после кој носи марка блузон, а кој ролка од зелено битпазарче, а денес - кој е вработен, а кој не е. Не знам одеднаш како да си невработен стана = да си шугав, вошкар, неамбициозен, незаинтересиран, ама едно е 100% - не си пожелен за дружба. Мислам немаш да кажеш ништо ново - не одиш на работа, не плискаш пари на шопинзи, не пиеш по 419 кафиња во неделата по шемаџиските места и немаше можност да отидеш викендов никаде. Не сакам да комуницирам со луѓе, преку глава ми е од куртоазија, па кааааај си ти, што има ново, па немаш уште работа, оооооо, ќе си најдеш, и додека го сркате кафето тој / таа веќе го добиваат 5-от повик врзан за работа, а вие немо зјапате во една точка, се молите да заврши побрзо оваа шарада каде глумите дека си поминувате супер и побрзо да стигнете дома, во единственото прибежиште во овој ненормален свет - вашиот спокоен дом. Со ризик да звучам огорчено, исфрустрирано, мрчаторски, хејтерски, непрекраснотијски, кој сфати сфати, кој не, тој очигледно има работа и блазе си му. Уф, ова не беше кратко, ама ваљда беше јасно.
Ден ли е... ноќ ли е... што ли е? Нешто измеѓу ќе да е. Живеам и дишам по туѓо време. Веќе и го осеќам како туѓо. На мое секако не ми мириса веќе предолго време. Пак и така почнав да се расфрлам, чиниш, мое никогаш и не било. Чекам на работи што треба да се случат за недела, две, можда месец, два... шест, година. И само тоа си го носам во умов. Ко генетски материјал да ми е. И нема бегање од тоа. Отвори, затвори очи тоа, па тоа. Ме исполнува. Пополнува нешта кои поинаку не се пополнуваат. А, онака оставени зјаат. Нејќам да ми ѕиркаат. Нејќум. Преспивам кога можам. Одмарам очи! Изговор де. Пак и се научив да спијам со отворени очи. А, стасав и чекор понапред - спијам без да сонувам. За минатото реков не ми се отвара сега. Есента не ми е за тие слики, а да бидам искрена мислам дека веќе и не постои подобна доба за него. Се чека на промени. А, промените ми се само изговори за нешто што треба да се направи. Но, знаеш како е со одлуки?! Без акционен план, тоа ти се само одлуки. Ги мразам личните и персонални законитости на функционирање во нефункционално општество, со уште понефункционални единки и групи. Некогаш се осеќам ко да очекувам некој орден да ми закачи. Така сум подготвена со напрчени гради нанапред.... Туку, ако веќе некој реши да закачи... на левава груда, по си ја сакам. Уморна сум. Си ја шинав половината. Сакам да сум на Марс баш кај оние новите изворчиња што ги открија. Сакам... сакам и не знам што уствари сакам, важно знам дека сакам нешто.... и тоа е битно де. Ме радуваат малите нешта, а ништо не ме прави среќна. Тоа е. Те во еден момент склучуваш пакт со небото, те во друг и велиш на мама девил „со тебе спијам вечерва“. Ма продаден задник, за трошка хубост! Тука е важно. Каде и да е тоа тука. Едно знам, изнудена креативност не сакам! Ми ја цедат љубовта кон нешто кон кое излезе дека нема љубов. Бленк! Ги мразам кога ми уништуваат рајски градини, долини, брда, езера и широчинки. Телепатија ми треба. Да знае што мислам, дури и кога не мислам. Е, тоа е. Сакам да е поедноставно. Се друго нека си е комплицирано. Убаво ми е такво. Удобно ми е... Се уморив од цели. Пребрзо стигнувам до таму и после што?! Не е за мене стоење на истото. Еднаш стапни таму и веќе не е занимливо. Дајте друга. Па и нормален логичен исход на нештата е де. Цела е определена од потребата, која го дефинира интересот за да се постигне целта. Кога веќе си ја постигнал целта, чуму да стоиш на неа. Не е до мене не! До другите е. Цел свет е бљак. Или ја сум?!
Mа бљак е или мене пмс ме мава! и 2те, се чувствувам тапа, тужно и тмурно, треба да ми дојде неделава леле,сега сум живчано до даска... :geek: дојкиве(сеуште неискористени во таа намена, девици во тој поглед ) не можам да ги си допрам,а не па да легнам врз нив, ме болат подуени ми се... и сега како ќе спијам, јас на стомак спијам, и сега на грб треба уф пмс...Hе те можам! цела ме демолираш Eдит- сега жаре бербер ќе си го глеам, да се тешам дека има полоши работи од пмс
Возбудено. Со мала доза на неизвесност ме возбудува помислата на тоа дека ме чека нешто убаво. А што е тоа јас конкретно не знам, но имам силно претчуство дека овој пат ќе биде уште повпечатливо, позачинето и поубаво. Претчуствувам мир и адреналин, возбуда и релакс. Неколку дена по ред се чуствувам навистина магично. Не знам што ми направи тој магичниот бубњар во саботата, ама ќе да беше во право - лупањето ослободува огромна количина на ендорфини. И гледај ме каква сум Лупав на афрички бубњеви и сега сум као газела на цветна ливада. Трчам и рипам Почетоков на есенва ме исполнува максимално. Ми ласка неочекуваното внимание и комплименти. Се кикотам и се насмевнувам со мачкасти очи во стилот на „ах шо ќе ти праам еј!“ и флертувам во стилот на „ах шо би ти правела еј!“. Навистина, ми е убаво. Денес убавото одам да го прославам со шоља многу фино кафе во многу фино кафуле со многу фина особа. Се чуствувам гушлесто. Е баш така, и обвиткана со арома на creme brulee кое проклето добро мириса ми иде да си се изнагушкам со денов кој претстои а богами и со себеси. Се сакам кога сум ваква.