Како се чувствувате денес?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Lilit, 26 ноември 2009.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    :sun: :sun: :sun:
    Исполнета со духовна радост :angel: .
    Никогаш нека не зграсне тоа сонце да грее во душава, нека блеска се повеќе и повеќе. Нека го топи мразот, да не остане ни едно парче од него.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Многу убаво од сабајле. Од што не знам, од сонот ќе да е :D
     
  3. Bok

    Bok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Ce чуствувам ужасно тажно! и знам дека тоа нема да биде само денес.. :(
     
  4. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Поубаво од вчера во секој случај..Можеби затоа што рано станав и си завршив неколку обврски,па се чувствувам исполнето.
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.271
    Допаѓања:
    81.837
    Пол:
    Женски
    ...секси, од непознати причини. :D
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. natasanina

    natasanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    9
    utepano,so bolki vo ramoto
    [mod-kirilica:1uy583wq][/mod-kirilica:1uy583wq]
     
  7. Bok

    Bok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    ми се плаче е мал збор за тоа..! премногу се надевав..премногу мислев..премногу филмови..за ова сега!?
    ме уби вчерашниот ден!
     
  8. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    За чудо, денес сум ок...Сабајле си поминав супер, па после ми се собраа сите можни друштва на едно место...лудница 8) Уште да не ми киднаа оние двајца ќе беше супер...Може да се каже дека денес сум ТОП ;)
     
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ко хот дог без виршла, со донкихотерија насочена кон сопствени ветерници и секна т‘кнди се затна водата на мојата воденица моментално, ама па мисливе ми излетуваат ко шамичиња од магионичарска шапка во непрекината низа. Кога ќе научам да ги сопрам ќе стапнам на магичната земја на мирот, засега поимот мир ми е ко изгубена симфонија која не е дефинитивно мојата петта - судбинската, нејсе. За некои мир, за други немир, за некои атер, за други матер, само како успевам скоро секогаш да се престројам во вторава колона, видиш чудо па и тоа видено така да ни чудно веќе не е, жими чудото такво. Проклет немир и соништата ми ги амнестира и таму се вгнезди, па улав начин на мое контрирање - отварам утрински набрзина ширум прозорци чиниш ќе ги исфрлам остатоците од синоќешниот сон ко остатоци од расипана храна...

    Туку нема стратегија за исфрлање вина која сам си ја креирал од мене за себе и што сам со себе во конфликт не се влегува, па избегнувам свесно други бидејќи не би да создавам колатерална штета затоа што нема филтер и мојот издувен вентил т‘кнди се затнал...Во време на бунтовници со и без причина вооружени со простотилак или АК-47 подобропознат како Калашњиков, јас сум само една вродена неконформистка. Камо да бев стекната може и полесно ќе ми беше, најлесно веројатно да бев чистокрвен конформистички примерок, извалкана во пропишана доза брашно на потврдувањето, без ништо да крчка на огнот на сомнежите, добро нахранета со самозадоволство ситна боранија...Така ќе се прпелкав во пепелта на неподносливата леснотија на постоењето до самиот крај, без скоро никакви големи цели или очекувања од било кого или било што со девиза „ТоВа је то„ ама сега агресивно викам во себе „Ја, мајката :^) „ и животот ми прави непристојни шипак гестикулации и цинично се клешти...
    Ми требаат под итно насоки за подобар живот, како беше она да го зграбам ко тигар, ама животот не ни детска игра па ни лото, ко да не знам и овде следи серија сочни пцовки :swear: ...

    Ме уби во поим потребата од компаратив, веројатно заслужено. „Бољи живот„ остана само синоним за серија од едни дамнешни во многу нешта помирни времиња, а јас веќе и немам аспирации да бидам подобар човек во едно извитоперено време и општество само сакам мир во поголеми дози туку и тој стана луксуз ко и мирниот сон...и посоодветно професионално и приватно самоостварување во кое искрено почнав да се сомневам и градбата ми се тресе од темели и често не го препознавам сопствениот лик во огледало, не поради драстични промени на кожа или мускулатура туку се потуѓ и позгаснат сјај во очи...Гад дем колку не се сакам себеси ваква, оваа јас не сум истата јас која имаше толку голем ентузијазам за животот и си ја сакам назад неоштетена, проклети киднапери...
     
    На zhap4e и julie77 им се допаѓа ова.
  10. Sweety55

    Sweety55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    415
    Пол:
    Женски
    Денес се чувствувам суперррр... :P
     
  11. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    Расположено! Времето беше цел ден по мој кејф,сонценце,топличко..и јас се чувствував како сонце! :sun: :D
     
  12. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Денеска беше еден супер ден за мене! Многу убаво си поминав , само што сега сум многу уморна и ми се спие на велико...да јадам и оп во кревет! :rofl:
     
  13. miracle

    miracle Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    15
    како машина за лупење пиперки... :?:
     
  14. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Се чувствувам како тринаесето прасе :doh: . Чуствувам како од се да се отфрлам. Претешко ми е, и ме стега во градите. Ме боли прстот. Од него ми отрапна цела рака. Ми се плаче. Сакам да пуштам солза. Но неможам. Од што ми е стегнато срцето, неможам да ја пуштам и таа солза.
    Ајде веќе да не ме бие тој малер. Сакам нешто ново. Нешто позитивно. Нешто, нешто... :doh:
     
  15. Royal

    Royal Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    полосо,здравје... ;(
     
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Конечно ден во кој се чувствувам исполнета, задоволна, позитивна, среќна... :D
     
  17. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    денес супер секој ден ми е убав кога запознавам нови луѓе
     
  18. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Десет години помлада, баш како 17 годишна тинејџерка...Колку е добро чуството кога ќе сретнеш добри пријатели кои ги немаш видено цела една деценија, а разговорот течи толку лесно и природно како да не поминале ни 10 мин. од вашата последна средба, а не 10 години...Ми фалеше уште цигара во рака и 5 кг. минус па да биде скоро идентично... На крај малку требаше па да го згрешам патот, да си заминам во старата дома-кај мама и тато... :)
     
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Многу живо, нервозно и агресивно! Ама се во добра смисла. Денес на класниот час ми ги исповреѓаа агресивните деца, а јас многу си ги љубам бе. Добро де, агресивни во мера. Да се осети живот, страст, ентузијазам...

    И затоа нема да спијам! Голема работа, ми се спиело. пффф! Ќе си ги ставам подочњаците позади ушите и ќе терам работа.

    Не спијам, не си трошам време на глупости!!!
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.