Хмм чувствата ми се помешани среќна сум зашто после дооолго време најдов работа а тажна сум зашто најдобрата другарка замина и нема да ја видам 5 години....
Катастрофа Немам тежок мамурлак, ама имам лоши сеќавања. Мислам, и не беше толку лошо колку што е претставено во мојата глава, ама еј со задоволство би избришала некои делчиња. Решив: денес ќе боледувам.
Збунето.... Некој период како да сум на сред раскрсница и не знам каде да одам, каде да завртам....И стојам во место...Ама нозете ме болат од стоење, нервоза ме фаќа од чекање.... Оди...пооди....пак раскрсница...
Па, секогаш кога треба да се пакувам, ме фаќа некое глупаво расположение. Без разлика кај треба да одам, или треба да си идам, има некоја голема глупавост во куферите. Ме онерасположуваат. Не ги сакам. А душа давам за патувања. Како е можно толку да мразам куфери, не е дознаено. Инаку, убав ден.
Јас кога ти зборував за пакувањето . И јас се пакувам сега и го имам истото чувство како тебе . Морам ли да си одам .
Укакано. Како гомце се осеќам. Грдо и мало такво никакво. Кафеаво. Се осеќам како плукната мастика, како искористена тоалетна хартија (ете ти контрадикција: како може да се чувствуваш и како гомце и како тоалет папир истовремено?), како салфетка што ти ја даваат со бурекот и од старт е измрсена, како потрошена мина од пенкало, како ненарежан молив, како недобитно ливче од кладилница, како испишана тетратка со тесни-широки, како празно паковче од паштета, како млеко со поминат рок.... и ај да не фаќам да набројувам, оти инспирација ми доаѓа од се‘ наоколу. Сума сумарум: се чувствувам прегрдо. Празно некако. Веќе ни нервоза нема во мене, ништо. Дупка. Сакам да си излезам од сопствената кожа ВЕДНАШ!
Како да сум на највисокото место на светот. И најдалечното. Дури и синоќешната ноќ ми е избледена и неповторлива. Се чувствувам задоволно. И исплашено. Слободна, без граници и оп, тонам. Пак паѓам. Ми кажа дека сум убава. И се чувствувам така
Проклетство Јас не насадив трње, зашто боцка? Немора да е убаво и да ме гали, тоа чувство ниту сум го имала ниту ќе го имам! Едноставно нека биде празно, така ништо нема да ми биде. Како да е малку што боцка, па и секој што ќе дозволам да влезе го разнишува така силно што дури почнува да крвари... Spoiler Што се случува со моето срце?