Сакано. Жими се, се уверив по милионити пат дека најголема е онаа љубов која можеш да ја чувствуваш кон самиот себе. Ниту ти ќе сакаш некого толку, ниту некој тебе ќе те сака толку, колку што можеш самиот да си се сакаш. Ма какво сакање, си се љубам бре! Заклучок: денес се чувствувам самозаљубено, фала на прашање. Онаа мала депресија од синоќа ја заборавив, а веќе и душава ја заборави. Останува само Фемина да памети, оти ја реметиме сите кога не сме баш арни. Денес мирисам убаво, кожата ми е мека, очите малце отечени за спиење, но пак сум убава. Денес не сакам да ме бара, не сакам да ми го расипе расположениево (Хипи, почна да се повторуваш во постовите ), денес има да успеам во тоа што сум го намерила, па мајка Јана нека е! Ете одлучно се чувствувам. И знам дека ќе се кршат вратови денес, предосеќам. Денес ќе бидам совршено несовршена, затоа што ми ги нема очилата за сонце, не за друго
После долго, долго време...добро, многу добро, за промена ме исполнува внатрешен мир и чувство дека се ќе биде во ред. Боже мој, колку долго не сум се почуствувала вака, притисок, притисок и само притисок, го има и сега, ама сепак доминира ова чувство на мир, и е прекрасно. Само да потрае.
Анќеее, шо праеш Анќеее? Сакам да бидам Живка денеска! Да грофтам ко прасицата, да брефтам ко коњот на Ацета...нејќум да р’жам не... ќе касам само! Дис ворлд хес гон мед мама! Ај сеј соу анд ај фуцкинг ноу соу! Не ме прашувај оти, није ми дан, није ми ноч... ниш не ми е. А и мене брига ме. Све ми е пуно, рамно. Ако сака да оди некој во бестрага, си го знае патот... не морам да станувам да покажам нели?! Мама девил, до дет тинг фор ми... те лофкам да си знаеш! Ќе си се умотам дома денеска, ќе го пуштам и филмот ако не му заспијам. Болна ќе сум. Болна од вирусите што ги дишат и издишуваат другите. Само мака ми е докторе што многу често луѓето си наоѓаат погрешни идоли. Идеализираат индивидуи кои не само што не се за да ги величаш, ама ... обични луѓе се бе мајку му.. сме де сите до еден.. до последен. Зашто би они по било која основа биле подобри од тебе да речеме м?! Дал озбилно некој мисли дека него Бог го направил подобра верзија од себе м,?! ...ма шо да е! Очигледно жутите комбиња се презафатени. Али јас ти велам тејк а пил ор ту дарлинг! Ма... болна сум денеска! Три дена измачувања и... елајте ми де. Е, тоа решив за денеска, време е да одглумам и јас. Туку... едино, мене озбилно жал за една друга категорија... знаеш?! Ти си силен како чекан, прецизен ко штрафцигер, а те знаат ко штраф Изненади ги бејби, сам деј мејби... а ако ме прашуваш мене... нек то буде и данас! Денес е мирно, а јас сакам да е хаотично.... прогласувам воена состојба, ама за од утре. Денес сум болна. Утре ќе јадам, благодарам за понудата сепак.... ми значи знаеш. Фуцк ју бе.. ти мали зелени. Ај хев а дрим... среќа е само сон иначе многумина денеска не ќе се вратеа од работа. Ами то е докторе... мислиш ќе ми помине? http://www.youtube.com/watch?v=vabnZ9-ex7o&ob=av2e баш така
Задоволно. Поради никаква посебна причина, никаква промена. Во мир со животот. Немам ништо повеќе од вчера, а се чувствувам исполнето. Не, нема да ме стигне депресијата. Нема никој да ми го уништи овој ден. Ни оние кои веќе не се дел од мојот живот. Вистина, среќата доаѓа одвнатре. И денес, одбирам да бидам среќна. Нема самосожалувања, нема копање по минатото. Животот е еден голем дар, зар има потреба да го комплицираме?! Најтопло ви препорачувм да си го посветите денот на себеси и секако, не заборавајте - одберете да бидете среќни!
Со еден збор? -Уморно Цркнав од учење,бел ден невидов! Уште не почнала годината ме убија тестови!! Еве сега учам ступид географија за ступид хидрографија бидејќи утре праам ступид тест!!
^^ Де брее тоа е лесно,камо ја да бев уште основно ...Ја утре физика тест прам и сеа понојчее че учам..Оти втора смена сум неам време
Цел ден ми беше онака..како и секој друг..прилично добро расположена,ама сега когаа дознав нешто ептен сум СРЕЌНААА..ПРЕСРЕЌНАА..НЕМА ПОСРЕЌНА ОД МЕНЕЕЕ
Чудно и чудесно познато чувство . Денес мислам како животот е како клопче волница и отплеткувајќи се ги остава зад себе сите улици на кои сум ги втиснала своите чекори, сите лица врз кои сум оставила трагови и сме си втиснале меѓусебни стикери наречени спомени во меморијата на мозокот, сите избори - радикалност или конзерватизам на мислата, месо или зеленчук на трпезата, црн или бел поглед на свет, а јас сум љубител на сивилото на глувчешкото крзно и има толку многу сиви нијанси, а животот некогаш е бел квадрат на бела основа, а јас сакам да ја прерачунам квадратурата на кругот... И сакам да слушам џез на грамофон кој испушта шумови пред почетното загребување на иглата по површината на плочата која ротирајќи ќе го полни звукот со реализирани ноти и човечки гласови чија симбиоза ја буди бурата на емоции и да, на светлина од свеќи кои треперат бидејќи електричната енергија и сенките ги зезна ги направи статични и нелелеави, пљук...Денес баш ми е гајле за црвените и сините ѕвездени џинови и латинските имиња на соѕвездијата и за компаративните истории и применетата економија, мала доза приземност е се‘ што ми треба, денес одбивам да вршам било какви компарации или анализи, не сум ни налудничава ни збунета, само сум преплавена од црвените водопади на месечниот циклус и тоа е уште една неминовност како онаа на месечевите мени бидејќи месечината ќе изгубеше дел од својата мистерија ако беше само полна или само малечко српче, така и жената не ќе е верна на својата природа без својот емотивен хаос за кој неколку денови од месецот барем има оправданост ...
преубаво,самоуверено и конечно среќно.. Ohh.. The power of positive minds and positiv thinking.Awsomeness.
Ебате домаќинката во 12 ипол станав и ќе готвам ручек Ај ај го зготвив некако + си се исплачив убаво додека сецкав кромид (отсега секој ден ќе сецкам кромид, ми олесна некако после солзите) Се чувствувам..... задоволно - еве слушам од дневна како тропаат по тањирите и јадат од тоа што го зготвив корисно - барем пензионерсково седење дома ќе го искористам за усовршување во кујна разочарана - од една најбитна машка фигура во мојот живот (тато) ....чувствувам и дека настинувам Добро де, битно не сум безчувствителна....нешто има во мене, некакви чувства
Мозочниве клетки не ми функцинираат, имам испит во петок и не ми оди и не ми оди, куку лееелелеелеле!
Душава ми се стресе и уште сум во шок и ссе тресам,кога прочитав како си ми пишал,пушти ми ја песната од Тоше Место на злосторот....Шо ќе ти е сега?Сакаш да ми кажиш нешто или???Ах,не пак! Ќе полутам готово...зошто ме ставаш во мисли? Малку ли е шо не сум покрај тебе? Се плашам од вакви работи...
Ова ми требаше. Долга прошека. Затворена меѓу четири зидови е баш здодевно. Додека можеш шетај! Бев во придружба на машко, и подобро беше отколку со другарка да бев. Неговите размислувања ептен ми внесоа позитивна енергија. Разговорот со него беше позитивен. За секоја тема направив муабет и дознам многу повеќе. Ми кажа дека сум многу позитивна личност, и дека кога разговара со мене како да се одмара психички. И јас така се чувствував. Сепак народот овде да те види сам со некој одма почнуваат муабетите каде ќе одите, пазете што правите со такви иритирачки фаци! Но гајле ми е. За време од 3 години овде бев на места каде што досега не сум била. Го проучив тој дел од градот, и ја вкусив прекрасната пилешка пастрамајлија во Бисер. Сега препоните ме болат од премногу одење, и стомакот ми се издува од многу јадење. Но едно знам, вечер ќе спијам како бебе.