Ненаспано, измнорено, омалаксано. Цела недела веќе имам грозна температура од 37 со 1-2. Имунитетот ми е страшно многу опаднат, цела уста ми е со афти и испукана, што никогаш во живот не ми била. Кожата ми е сува и стегната. Баш вака вторнички, пензионерски си се осеќам - како некоја бабетина. http://www.youtube.com/watch?v=koQVJ2OIVIM Jos jedan utorak, ne to ne mogu da podnesem. Taj dan je baksuzan, zar nije dosta sto je jesen? Utorke mrzim i tacka.
Уморно, претерано уморно, а тек е вторник...далеку е викендот! Мене ми треба одмор, ама вистински одмор некаде каде што не постои ништо друго освен јас! Некаде каде што нема грижи, нема лоши мисли, нема негативни луѓе... 1 месец на такво место и се ќе биде во ред. Од половина ден чувствувам задоволство во себе: сфаќам дека некој навистина ја открива онаа јас која не се крие длабоко во мене, ама и не е постојано на површина. Некој го сфаќа тоа и ми го признава, затоа се чувствувам задоволно. И на крајов од денов среќно расположение влезе во мене: си добив нов лаптоп, розов, сјаен, мазен, прекрасен!
Недефинирано, мозоков ми е полн со информации, ахх бре, се чувствувам моментално ко пијана ете дефинирав. Смејте ми се ако сакате, ама баш така се чувствува, ко пијана. Понекогаш и лонли покрај толку луѓе, а на што се должи тоа појма си немам, дали на бубачкиве во глава или потребно ми е да си бидам сама со себе и да си разговарам со моето второ јас како што знаев да правам уствари не знам што ми е потребно, една чашка виски можда да се докомплетира или една прегратка битно сеа гушкање ама со книгава не ми бегат. Ваква љубов кон книгиве не сте виделе, богами.
Преживечу! Нема да ме убие температурата - ја симнав Веќе ме уби една реченица Чувството е она ....кога сакате да си мавнете сами 2-3 шамари, ама немате храброст ни за тоа ...кога зборвовите ве здоболуваат повеќе и од шамар ...кога сте се послале како чергиче пред врата и сте дозволиле да ги избришат чевлите од вас ...кога си ја префрлате целата вина на себе ...кога сте ги погазиле своите ставови, сте попуштиле, сте ја фрлиле во ѓубре гордоста ....кога сте мислеле дека тоа што го правите ќе биде за добро ....КОГА СТЕ ГО ПОСЛУШАЛЕ СРЦЕТО!
Денес ќе кажам.... Никој не се грижи кога плачеш Никој освен Бог Секој ден без разлика дали бил добар или лош, завршува со ноќ... Ноќта шири свои крилја Одлета и пак сум жива ЈАС! А јас сум... Најдобра до сега - доаѓам Најсилна до сега - дознавам.... Единствено ми преостанува после секој грд ден да кажам.... Денес ми е подобро од вчера, Утре којзнае Животот е само една шега, А не се смееме! http://www.youtube.com/watch?v=X4jq8BaKBQk
Уморно. Ама ќе успеам. Имам сили, до крајот на неделава ќе е готово и после само ќе легнам и ќе спијам. И нема да мислам на никој и ништо. Добро, освен едно нешто што секогаш, секогаш, секогаш ми е на ум, што и да правам.