Се чувствувам најубаво. После долгата прошетка во природа се чувствувам одморено, исполнето, и со премногу позитивна енергија. Денов ми е Од денес свечено пред фемина ветувам дека барем енаш неделно ќе одам да пешачам во природа!!!
Настинато, со жешко чело, и со солзи во очи од температура... Но, сепак, со чајче од камилица и добро филмче, преживувам.
Замрзнато. Олку ми нема достудено не знам од кога, сега ќе влезам во када и не излегувам 2 часа. Ама среќна сум, си купив карта за една од најдобрите журки што ќе бидат, на еден мој омилен ДиЏеј. Не ми се верува дека една негова песна која редовно си ја слушам ќе ја слушнам во живо, еј! Ми иди да се разѕенѕам со замрзнатиов ми гз
Каков ден! Го сакам животот, ама има денови кога многу, многу го сакам, а денес е еден од тие денови! Ѕидарско пиво пред кооперација во Свирипичино во друштво на некој кој живот ми значи. И тоа по поминати 400 километри зад волан. Екстаза!
сдк фала богу температурите спаднааа, ладноооо падна и првиот снег, се кршат прозорци, дрва, па дури и коли литаат ко луди од ветретооо ццц овоЖавам зимска романтика и снег
Одамна се немав чувствувано вака. Без енергија, без желба да правам нешто, без некое посебно расположение. Излегов и се смрзнав! И како врв на се, чувствувам и симптоми на ПМС... абе убавини
Лошо, нервозно...психички уморно... Пробав пешачење, па топол туш, нови пижами, тивка музика...Џабе е, никакви 'акцесорис' не помагаат од стана, само дополнително ме нервираат...Бери Вајт да дојде лично да ми пее на уво би му рекла-Гони се будало, оди свиркај си на друго место...Лекот-фаст фуд еден тон, благо-два тона, и тогаш за тогаш мирна. После тоа е бетер, на сите маки плус тежина во стомакот и нагон за повраќање... Ајде легни си, утре ќе е подобро... На ви го Бери, кој е расположен нека слуша... http://www.youtube.com/watch?v=qtPHSC6ylVg
So you think you can tell, heaven from hell? Do you...? Во недоумица сум веќе неколку дена. Док, што мислиш дека се случило со сите тие шестотини и нешто бугарски вагони? Како тоа 1.200 вагони, такви железни, шкрипат, тешки се бе... од место не се поместуваат. ... Ej, цела тајфа да викнеш да ги влече не ќе се поместат нити за сантим... и толкав број бре, уствари никој и не знае за колкав број станува збор... важно испариле од пруга.... Ахм! И никој да не знае а? Ко да се кутриња мајку му. Па и кутриња да беа бе ќе се видеше. Али, нит видел, нит чул.. притоа во еден месец, два се’ се дешава? ...А? Види што се може да се деси у едни триесет дена, триесет и еден понекад... соодветно таму колку ќе му дојдат да не удирам математики ај. Е, сега... вагоните се само изговор да, стандард... глеаш како ме знаеш
Уф,како времево, мрачно и за никаде, недоволно наспана, куќата ми е хаос, еден куп садови ме чекаат за миење, се скарав со мажот поради прашак за перење...ама што ми е гајле, си ги грабнав кафето и цигарите и ќе си се релаксирам на форумов додека да ми помине лошото расположение.