Убаво, среќно, исполнето... како светот да е само мој... и тоа само заради неколку слатки моменти украдени од секојдневието Малку тажно... морам уште некој период да бидам растргната, ни ваму ни таму, ама би требало за брзо време тоа да се промени... Со една обврска помалку... иако тешко беше да се одлучи, како да ми падна камен од срцево
Besna sum ufffff samo neznam dali poveke na tie sto napravia vaka da se cuvstvuvam ili na sebe sto dozvoliv :twisted: :twisted: koja sum jas glupaca........razocarana sum od site i od se mi ide da se izgubam na nekoe mesto sama daleku od siteeeeeeeeeee
Многу изреволтирано, значи колку мразам луѓе што не си стојат на зборот, немате претстава, што к** ветуваш кога не планираш да исполниш И сега нека ми се јави да му се исповикам, лом да го напраам, да ми олесни :evil:
Мислите ме носат некаде од Ленинова па се до Рузвелтова,заедно со секоја поленова цестичка со голема надеж...ма батали...се што сакам и знам дека сакам е бакнеж по голо рамо на сонце и мижуркање на сонцето...ништо повеќе,ништо помалку. И постојано ми се вртат две песни во глава и постојано ми е главата во облаци... Интересно е што се чувствувам како пред пет години,а тоа е повеќе од одлично,најдобрата и посакуваната состојба. Знам каде сум,знам која сум,знам што сакам,знам што ми треба и знам каде сакам да бидам...нели е одлично,нели?! Чудни вибрации добивам од три различни страни...едната сигурна сум дека е искрена и чиста,зборува со тешкотии за утре без мене и се подзасркнува од плач од лоши замисли,фино е да знаеш дека си суштинска црта на нечие постоење...другата ми доаѓа во форма на термос со старбакс кафе подготвено во Македонија во 12 по полноќ,талкачки настроени и чудни со мириси на минатото и нагласена жичка на осаменост и силно недостигање,плус времето е исто,а пролетта е луда-факт...третата е далечна,а блиска,тука некаде сме со мислите и желбите и доаѓа во форма на стих ...има ли ден за нас...и така натака,вљубеноста во вечно исправаната,а виткана коса,парадоксалните натегања,страстните караници,силни стисоци...и секогаш ме води во тегет-бела комбинација со спортската торба на рамо која ми ја носи ќе речам пак...накај Рузвелтова...кога ќе се разбереме сите...не знам,а сакам да знам,ама едно е сигурно имам премногу други обврски кои само ми тежат,а јас сакам крила од стиропор! Сонував кит...значело исполнување на желби,а желби толку многу...замисли во најдобар случај сите до една да се исполнат... Ех...арна сум.
Хухххх...мамурно ,но среќно Вечерва уште посреќно,извештај,после,сега мачкам бекутан млеко за бебиња,и чекам да ми заѕвони... Просто кажано...
После вчерашното излегување - цел ден поспано. Сепак среќна сум, и покрај поспаноста завршив многу работи. Добро беше вчера. Немав излезено којзнае од кога. Прв пат бев во Балет после донесувањето на законот за забрана на пушење на јавни места. Мразам зачадени простории, ама местото кое ми беше синоним на декаденцијата без дим е страшно чудно. А уште почудно беше да пиеш кисела вода и да го гледаш влијанието на алкохолот кај другите... И не знам зошто страшно ми е смешно кога ќе видам луѓе на залез на 30-тите, или веќе навлезени во 40-тите како се лапаат по кафичи. Не, не парови, туку уан најт стендови. И смешно ми е кога знам барем 3-ца дечковци во еден кафич што биле со една девојка од таму, или 3 девојки со еден дечко. А најсмешно ми е кога ми раскажуваат кој каков бил, и кога ќе ги видам прво тоа ми текнува ... а некои од нив не знаат ни дека постојам. А не сакам да знам. Ах жени... мора да се сподели се', до најситниот детал...
Се чувствувам чудно.. :? Збунето,а сепак среќно,исполнето...а со еден збор ПМС... А башка и десет минути штуцам така да некој ме кине од оговарање
Прекрасно.... сонце, слатко бебенце во прегратки, мојата мала цврчка ројдеста што ја згрушив како круша... прекрасно
izmorena sum, mi se spie i ne znam kako ke pominam na tolku sostanociiii denes, a treba da sum top i sveza i so maksimalna koncentracija...
Нова недела,нов почеток на обврски,ама ако нека има,поисполнета сум така и се чуствувам корисно.И учам :up: Браво за мене Се надевам дека позитивнава енергија ќе почне да се зголемува кај луѓево околу мене,доста беа тмурни.Ги сакам сите,од тие сите можеби некој и мене ме сака Поздрав до сите
Добро се чуствувам само што глававаа ме боли аааааааааа,ке пукнам,ужас.....кркнав апче-жапче и веројатно ке ми поминеее,незнам од што вака,не ме боли само мене главава туку и на други им се случува тоа.Си викам да не нешто не сум во ред,што вака ме боли,туку гледам и други ги боли глава,ке да е до вемево,нагла промена :? ми се чини како да имам нешто на главава и како да ми тежи
Ненаспана и уморна... како и секој ден од минатава недела... не знам зошто вака ми се случува :? :? :?
Уф...во голема дилема сум...аман веќе, дај нека се разреши веќе еднаш...барем да знам на што сум :evil: мразам кога мора да бирам :evil: