И покрај шугавово време, бидејќи најмногу мразам ваква комбинација, дожд и студен ветер, сепак се чувствувам убаво, си пијам зелен чај и уживам на Фемина
Иако надвор прокишњава и е за никаде времево... па може да се каже и повеќе од добро се чувствувам. Не мислам на непотребни работи после прекрасен вечер со пријателките како нова сум Опуштено...
Смрзнато Биваше ли да сум волку зимурлива? Веќе се наоблеков со триста џемпери, термно чорапи, топлинки и си сварив чај. Не знам што ќе биде со мене кога ќе фати зима и снегови. Ќе замрзнам некаде по пат...
Меланхолично, ама ми требаше и таква фаза, и од многу насмевки и еуфории досадува- чекав да заврне, да си слушам некои балади и да патувам низ времето, да уживам во некои спомени, за нешто да жалам, нешто да ми фали, и на нешто да се надевам. Си лежам со слушалките на мене, очите на моменти затворени и размислувам, а всушност на ништо не мислам, имам празнина, а всушност ништо не ми фали- тажна сум, а нема причина. Едноставно денов е таков, на дожд или си меланхоличен, или се спојуваш со некој што е втората половина од твојот свет и заедно сте едно под ќебето додека само искрите од вашите очи даваат светлина во просторот... ...а јас сум сама.
Тапа! Ме отепа времево до коска! Бегам сега да мавнам туш, да си се самозаљубам бидејќи во моментов не сум способна за тоа.... мрсна ми е пунџава
Знаете како?како пред испит!!!во исчекување сум,,,и тоа многу важно за мојот живит понатака,се осеќам како пред испит ама овој е 100 пати потежок.Осеќам страв...душата ми е како топка собрана,до кога вака???
Иако врне и е наоблачено, исто како сонце да грее . Секое време си има свои убавини, важно е расположенито. Ако сам не си ставиш убави и ведри мисли, ништо, ти пропаѓа се. Ајде бидете ми весели .
Па пријатно ми е дома Наспана сум в крај - 13 часа отспав во мојот мил кревет! За сите скратени и ненаспани часови од Скопје
Па супер,се излежуваме со маж ми,си имавме убав ручек,си гледавме филмче,сега малце јас со вас тој со книгите да се подружи(си учи човекот) ,па потоа ке ја носиме керка ни народенден у мегдоналдс-така да супер релаксирано 10
многу смотано, секогаш кога е дождливо и мрачно се осеќам како да ми фали нешто, како осамен да сум, надвор дека е пустооо фууууј многу делува времето врз мене
Се помирив со судбината дека нема да го студирам тоа што го сакам, дека морам факултетот да го бирам според разум. Се помирив со судбината дека ќе треба да почекам неколку години, за да почнам да си ги остварувам соништата. Тогаш кога нема да бидам детиште и ќе бидам независна. Морам прво да застанам сама на нози, да ги направам горди мама и тато, па потоа да бидам она што сакам. Се помирив со тоа и веќе нема назад. Само за повеќе да не се кршат врати и да не се трескат мобилни. Си плакам, за да ми биде поубаво. едит - да не се трескат врати и да не се кршат мобилни
Добра моја, иди с милим богом.. ја не знам шта чу сам са самим собом... не продајем звезде, ни шарене лажи... сувише ме тога, звизнуло по глави! ..отимам а ништа не дајеееем -----> Имаше и тоа, само во кој дел, кој да ти памти сега бе Док, бе Док, вино пивнав. Две бели, не вино тинто, но, томе бланко, комо ту... бланко и фрио, комо тодос. Е така да си знаеш. А, жив ли си ти, а?! Ај мрдни со малиот прст на ногата да видам дал си жив. Док, ништо не осеќам, никако не се осеќам. Знам дека не сум ни за бело вино. Знаев не сум за црвено, ама сега разбрав и белото не е за мене. Антиалхохоличар! Шаман, можда тоа ми е мисијата уствари, само не можам да укапирам. Хамммм! Туку си се изнаправив муабет со таксистот. Што мудри глави бе возат задници низ градот, овај таксиња со патници. Оти вика е вакво времево бе, оти не удри кај што треба - кај тие што владеат. Ха! Ами, ако тие што не владеат ги удри иги снема, тогаш, кој ќе владее, го прашувам. На обичниот не му се владее. Тој е научен да го владеат му викам. И така е можда, што знам. Не знам кога и каде читав некој што си размислувал... концептот на сенештото е таков де, тој што е работник, да секогаш се погодува со тој што е неработник, или тој што има со тој што нема. Пошто инаку би било хаос. Неработникот би пропаднал, а работникот исто, бидејќи не би имал за кого да сработи. Овака ем работникот ќе сработи за неработникот, ем неработникот ќе добие пари од сработеното на работникот, и онда ем работникот ќе добие пари од неработникот и ќе им се радува... малку многу, него го боли брига мислам, работи.. тоа му е целта мисијата, пак и добива каква таква награда, која го тера да работи за неработникот, кој пак се радува на многуто што ќе го добие од работата на овој. Хух! И то. Така нешто беше, а можда и не.. малку го изменив. Утре без вино ќе размислам подобро. Еј, среќа што не сум пијач, знаеш?! Не сум за да пијам дефинитивно. Не го сакам ова ваквово чудново. Не. Пре мутаво и млитаво за мој вкус. Јок! Бланко и фрио, комо тодос, тодо ел мундо... а тоа не ти е за уна тропикана комо џо бе не. Ај да видам што кој каде напишал Док. Денеска прочитав преку 5 страници. Напредок ми е. У последно време ич никого не читав. Газот не ми седеше мирно да исчитам... знаеш оти нели. Се си знаеш ти, а гу-гу-гу. Ама е мекано, ко правено од сунџер. Док, убав си вечерва