Недела во домашна атмосфера. Убаво ми е. Мајка ми го спрема ручекот, денеска им е 23 годишнина од бракот, ќе прославиме фамилијарно со свечен ручек Мамурна сум, би лежела цел ден. Ладно ми е, а тарасата ми е оворена, ќебето и топлинките ме греат, не толку колку љубовта признавам. Слушам транс уште од кога станав од спиење, добро е за поткревање на енергијата. Ми треба топла купка и арома терапија за да се освежам убаво. Ќе го реализирам тоа за брзо време.
Убаво ми е денес, топличко на душа, дури и студот прееска го доживеав преромантичарски се радував што ми ги штипка обравчињата природно руменило . Убав си е и студов има благ чил, ама не и фриз моменАт. Временце влажно, само битисувањето да не е лажно и тажно, а како и би кога го употребив топлото чоколадо со цимет ко греач и плус јачав имунитет со Цедевита конзумирано така сурово само на лажичка абе детска радост. Чук, чук детето е хиперактивно, нека! И повторно сум пред иста дилема - дали всушност ги сакам промените? Во суштина и не, ама некои ми се посакувани во моментов, т.е. веројатно сакам да го дефинирам нивниот опиплив облик, да видам како ќе ми се одразат и да ги подметнам на тест, лудило никогаш не открив дали сум повеќе Нарцис или Златоуст во суштина и разумниот компромис би бил - 2 во 1, шугр фри ...И мислам на оние крупни промени ко катаклизма комунизма ама на ниво на една конкретна единка со ЕМБГ2306979435*** јас,де. Не нешто во смисол ќе менувам фриз нах, смајли што одмавнува со рака, долга коса е повеќе од имиџ тоа ти е ко бенчмарк, иако во суштина ми оди на нерви во поголем дел од времето, дури и се плетка, ама и она под неа има заплеткани игрици и во лавиринтот или ќе се најде излез или ќе те папа Минотаурот. Ух, избори вакви-такви-онакви, а да си изберам да не избирам не е можно ни па правилно, дадени мандати, не секогаш компетентни владеења (со себе заради себе и пред други) и борба да се задржи кормилото кога беснее невремето во полн ек. Требаат јајца за бурата на животот, јас имам јајници, ама нејсе, подобро нешто, .... Денес како што реков не им завидувам на змиите кои преслекувајќи се ја отфрлаат својата кожа, ни на Марко кој наскоро ќе си има нова бундичка за новата сезона, денес ми е пријатно во своја кожа и не сакам да се автокатапултирам ни за миг, дури ни астрално не се проектирав имагинативно никаде. Пис, денес сум во мир со природата со општеството во глобала сме на куртоазна финоЌа сведени ама не е лошо. Мирисам подобри денови, чакрите изгледа ми се чисти и башка планетарните констелации за периодов кој следува поволни... Ако пак и не, нови плускавци од кормилото не ми бегаат, ама дур сум си капетан лаЃе гајле ми е за морнарски јазли или подводни карпи...Чук, чук - денес курсот е правилен, хоризонтот совршен и пловидбата глатка, . Денес и еднодневно престојување во претседателскиот апартман на мирот е луксуз .
Денеска која турболенција ми се случи. Настинка, пмс, главоболка, болки во стомак, грло.... рамено, мускули... Ај ај да не набројувам. И од толкав напор да се справам со секоја болка и последица наизменично, изморена сум. Сакам кревет, и само кревет.
Кротно и мирно ко јагненце. Штипската промаја ме изнатепа, јајниците и бубрезите еден ден шо ќе викат? -баба ми. Мајка ми сплете плетенка и ме бакна во челото. Милата таа. Со овој неандреталецот се испокарав... па се он нешто не слуша, се нешто не му е јасно... Приоритет ми е да не дозволам никој да ме изнервира. Јас сум во нирвана... аммммммммммм (мантри, мантри, мантри...) http://www.youtube.com/watch?v=g4bBff9aBRw Why when there're so many of us Are there people still alone?
среќно, полна со позитивна енергија која не може да ми ја уништи ни главоболката, полна со љубов од прекрасни луѓе.
Прекрасно.... заљубено, едноставно како девојка која прв пат се вљубила .... А јас се заљубив пред 2 години , срекна сум што тоа чуство сеуште ми е како привиот ден
Ужас... Ладно, измрзнато ...не го видов 2 дена, и премногу ми недостига...Којзнае што се го труеле против мене овие 2 дена...Којзнае утре каков ќе биде...Да причекаме да дојде понеделник...
Онака.....викендов не се оптоварував со други си гледав мене како ми е најдобро Плус се покажа една моја теорија како точна - дека мене не ми се случуваат некои фини работи на неколку полиња во животот, едноставно НЕ Ама мислам дека е подобро вака, плус решив веќе да не се замарам.....нека биде што биде, а надежта не ја губам дека ќе биде нешто убаво Туку луѓево многу брзо забораваат што си сторил за нив, па дури и во очи се осмелуваат да ти кажат, не не е вистина ти не ми помогна Море ќе ги потсетам јас убаво Не планирам да се борам за правда и вистина.....само ќе се борам мене да ми е убаво! Себично, нели?! ама таков ми е периодов
Ооо, одлично. Спиев, ако ви се верува, добри 12 саата, си се препородив. Ах, продолжени викенди - ме густа! Сега ќе одам кај баба на ручече, па којзнае кај ќе се акнам вечер. И колку е убаво кога надвор времето плаче и се мршти, а ти му се смееш во фаца.