Sometimes I need some time on my own... sometimes I need some time all alone... everybody needs some time on their own... don't you know you need some time all alone?! Дооооооок! Како си Док?! Нејќам веќе нечии, туѓи некакви си одговори да се и мои одговори. Нема потреба! Не треба така да биде, не смее едноставно! Која е воопшто логиката тоа да е така а?! Ај ти објасни ко помудар од мене, пошто оној си ќути обично, си се смешка. Е, тоа Док, тоа... ми е. Се и ништо ми е.
Ми се мо*ка А ме мрзи да станам. А знаев дека од ова соков ќе ми се припие, ама ми беше паднал шеќерот (вауууу која граматичка конструкција ), па морав. Денес се разбудив насмеана, делумно поради сонцето, делумно поради друштвото со кое ја делев собата. Прекрасно женско утро овај, пладне де. Ама сега, кога гледам каква е ситуацијава, инат ме фаќа. И нема да ми е прв пат, знам!
If people can see right through my eyes Like an open door that I can't disguise I won't be afraid from the tears I cry I'll not run I'll not hide,this is how i feel inside.
Навидум среќна и задоволна.....а всушност бедно! Убави работи ми се случуваат, прекрасни спомени си зачувувам.....не се жалам, убаво е, создава топлина и милост во срцето Но тука е и она грдо чуство, дека ги разочаруваш сите околу тебе, дека не ги исполнуваш нивните очекувања.....лошо е што човек ќе почне и од сам себе да се разочарува во такви моменти. Не несмеам тоа да си го дозволам, ќе превземам нешто за да не биде така....иначе знам ова каде води во безна во темнина и депресија Јас не сум толку силна како што изгледа, ниту толку безчувствителна како што мислат....попуштам пред притисокот и се гледам во огледало - будала која ги мие образите со солзи ....
Убаво,мирно исполнето...иако не до крај и секој ден ќе го имам тоа грдо чувство,се додека не се смени нешто...ако...некогаш
Веќе подолго време - депримирано... Се трудам да бидам среќна со тоа што го имам, но секогаш наогам причина да се натажам, во последно време и без причина. Посакувам да бидам како пред една година, среќна, безгрижна и задоволна секогаш и секаде Се надевам дека зачленувањево ке ме оправи
Малку поспано, поради главоболкава која ме држи уште од вчера (нели времево е прекрасно, па чудо ќе биде ако не те боли нешто), но има шанси да ми помине ако испијам уште едно кафе Одам
Сега за сега никако. Станав од спиење без воља апсолутно за ништо. Сега ќе излезам малку па можеби ќе се смени нешто во позитивна смисла.
Збунета сум, треба да донесам важни одлуки кои имаат големо влијание врз мојот живот. Во фаза на размислување сум.
Проклетата црна тула, че. Пак ми е под дијафрагма и притиска понекогаш нагоре и веројатно тогаш ми се откинуваат оние три тонски воздишки. Воздишки, начин на кој некој внатрешен глас ти сугерира на тежината на нешто, дали свесно или од потсвеста, дали опипливо или уште пајажинесто неформирано, ама чук, чук тропа на врата како здодевен сосед кој нема да се откаже. Претстои едно признавање и нема одлагање, сама си го најавив, лошото е што ќе вложам многу во настапот или демонстрацијата и ако потфрли реакцијата или приемот од другата страна, ќе ми се одрази ете така ко дизастр од средни размери шшшшшшш шумови како на старите ТВ приемници сметње на везама. Влегувам во проекти сам себе саботирал и возможна мисија во продолженија, се откажав од сите серии за да режирам и глумам во сопствени сапуници креативност на нивоУ. Треба чук, чук на глава, че на фронталниот дел оној кој е сеуште енигма и не знаеме што функции врши. Сме користеле од мозокот зрно грашок, кај измерија веројатно ручале грашок ко мене денес и им текнало тоа на памет. И мислиш македонски ама тоа светски ти бил синдромот на уверување во сопственото убедување и неприфаќање на туѓо. Туку веројатноста на ова иста со таа ко со принцезата и нејзиното зрно грашок. Еј, ми текна дека и во генетика одиграл голема улога грашоков, бе. Оф, мори мајко, полна со полезни инфо ко го*но со витамини. Ме мачат некои подмолни главоболки. Ме мачат доста нешта во крупен кадар е крупниот проблем нека земе облик на инсектовидна матица и зад неа проблемчичи(гили-гили) во поминорна низа нејзините инсектовидни чеда. Се водат за рачиња и јадат колачиња. Би ги смачкала со тулата со добар акустичен шљааас и крц-крц во насока на буквата Х. Сентименталната налудничавост не дава. Се чувствувам ко мачка на штрек сум и кога никој не ме прогонува, фркнувам нервозно тук и таму и тагувам што сум заборавила како беше она предење од задоволство. Најави за некои контакти колку да ја отфрлиш змиската кожа на рутината. Уморна сум од континуиран замор што од себе што од страна и од тулата која си ја испеков сама на огнот од сомневањата откако претходно ја замесив од глината на надежта. Ама ја јагленисав и сега е црна и премногу цврста. А-хаа(воздишка) проклета црна тула. Тука е и кога се насмевнувам и кога потпевнувам и мрдам гзе на добри звуци и кога грицкам нешто со сласт и кога сонувам некој од моите вивидни долгометражни сонови, секогаш е тука, .
Уморна сум премногу, а истовремено ми врие крвта и се ми се прави само не ми се спие...Но очите ми се затвараат И сега што праиме?
онака убаво знаете кога сите коцкички ке ви се наредени мх мх мх епа така се чуствувам вака ми е од понеделникот само нека потрае
Ми се мо*ка, како и вчера. И сум на некој начин.... не повредена.... туку.... не знам бе. Глупаво чувство некое, кога некој става друг приоритет пред тебе. Дебилно некако. Вечерва идем да пијем и да се напијем, да си поминам незаборавно со драги луѓе кои пред година дена не ги ни познавав, а сега ги чувствувам така блиски.
Ни јас више незнам. Цел ден ми се променува во секоја секунда. Се нервирам се смеам плачам итн. Мн лош ден