Прекрасно Прекрасен поцеток на денот . Сиво утро, некој зрак тука и таму срамезливо пробивајки се , мирис на лето и есен испомесани и студен ветрец кој го разнесувасе мирисот од мојата коза. Мозности, срека, вљубени оЧи , музика од многу страни од светот... Сето тоа го имам околу мене секој ден веке неколку месеца а дури денес станав свесна за тоа. Бои и мириси испомесани. Санси и нови поцетоци.. Прекрасно цувство на срека која ме вивнува цел ден денес.
You spurn my natural emotions It makes me feel like dirt And I'm hurt If I start a commotion I run the risk of losing you And that's worse... Се замислувам себеси како склоп од атоми кои трчкаат без везе, се судираат помеѓу себе создавајќи мини експлозија, а вака помеѓу себе си немаат блага веза. Секое за себе своја приказна, свој миг. Јас сум хаос од женска, а за неколку години ќе станам и жена. Како ли тие атоми да ги подредам по некој си редослед; како ли да и кажам: Ве молам, не се удирајте еден во друг; како ли ти да создадам една приказна од тие многуте... Љубовта моја сака да ми помогне, сакам и јас да му помогнам. Сакам и на мајка и татко да и бидам мила, сакам еден ден да и помогнам. А јас самата не можам, копчето за автоматско работење заглави во пубертот! Треба да се расправам со атоми и експлозии во себе за да станам тоа што сум или тоа што треба да бидам!
Секако,само не одредено. Разочарана делумно од личности кои незнаат да држат до себе и својот углед,а камо ли да се грижат за мене. Би пљукнала на таквите,тоа и го дозволиле. Во вакви ситуации уште повеќе ме усреќува фактот што знам дека има личности кои ми ја подаруваат цела своја љубов,невиност и вистина,колку и да е таа нож со две острици. И навистина сум среќна.Поради нив.Поради себе. И у инат другима.
Посебно. Читав разни глупости по интернетов и сфатив каков се не народ ја гази планетата. Се споредив со нив, и се почувствував супериорно. Имав прилика од блиску да запознаам луѓе за кои професионално сум мала многу високо мислење, и сум ги сметала за многу подобри од мене. Се споредив со нив и сфатив дека не се ништо посебно, и ништо подобри од мене. Читав книга за најважните особини кои ги треба да ги има човекот за успех а било кое поле, и сфатив дека поседувам најголем дел од нив. Видов дека и моите најголеми идоли грешат, ништо помалку од мене. Се чувствувам посебно, придружено од чувство на вина, зошто кога јас растев скромноста беше доблест, а просечноста беше препорачувана и посакувана.
Насмеана сум од уво до уво. Да не ми беа ушите, цел круг околу глава ќе ми беше насмевката! Спиев четири саати, времето е облачно, чевлите ме стегаат... па што? Прочитав една слатка порака во која немаше ништо ново или невообичаено, и се насмеав до уши. Ми се јавија драги луѓе, и сега ќе одам да се видам со нив на кафе во маалото што ич не го сакам, ама нив ги сакам, а тоа е најважно. Сабајле бев на еден настан, видов куп луѓе се изнаправив празни муабети. Чувството е убаво затоа што празните муабети се резултат на минат труд. Е многу си ги сакам соработниците!
Денови кога растот е поголем од таванот. Рацете гушкаат 2 светови. Ушите слушаат и внатрешно. Кога, не ти е јасно зошто Си, а ти е убаво.
Наспана и одморена, работно расположена и спремна за прошетка. Да го искористам сонцево додека не почнат есенските дождови
Катастрофалнооо....Ваков баксуз како мене не се наоѓа баш лесно Незнам некако цел ден сум поспана,разочарана...Мислам дека уште малце и ќе си пукнам од мака
Денес сум збунета, со раштркани мисли, анализи, преиспитувања...се наоѓам пред крстопат, по кој пат да тргнам....едната патека е сигурна, стабилна, но монотона и еднолична, другата е малку ризична, можам да добијам, но можам и да изгубам. Викаат кој ризикува-може и да добие, но дали имам храброст да го сменам животот, да почнам нешто ново, дали сум спремна да се коцкам....
Еве вака се чувствувам Полна со извичници и прашалници околу мене. Сакам да се извикам и да ставам многу !!!!! и да дадам одговор и да ги снема ????. Што би било кад би било? Зошто човекот по потреба честопати го користи разумот и го замара своето мозоче? Ми треба бар за 1 ден да го снема мојот разум. Баш ми е гајле често повторувана реченица ама не е така, секогаш ни е гајле за нешто.
Ко констатно да се разочарувам од човечките (не)особини. Гледам дека оние кои најмногу инсистираат на некои,воопшто не ги ни имаат. Ко на пример дека се материјалисти,а уствари патат по материјалното, ко на пример дека им е гајле за нашата егзистенција,добробит и слично,а уствари го боли цеф,само патат за внимание,ко на пример велат дека се сочувствителни човекољупци,а уствари патат само да бидат прифатени и потврдени,се што чувствуваат е...себе си.Најголемите кењачи се само кењачи,а не добродетели! Не дека мене нешто ми фали и ете така ми е периодов,туку навистина некои духови од минатото ми излегуваат и парадираат.Ме враќаат назад и се мириса и се чувствувам ко пред неколку години. Зошто луѓе сте толку комплицирани и имате сериозни недостатоци во психата?! Зошто терате човек да стане е*ан мизантроп само затоа што сте вие такви?! Има рехабилитациони центри,одете барајте си го чарето.Абе ете до толку ме изнервираа,што ми оди да ги седнам на колено и по гол гз со една прачка! Нема пострашно од неостварени,искомплексирани,нестварни,необјективни личности! И коефициентот на интелигенција во добар дел се содржи од цврстината на духот и себеконтролата,а не прости зборови.Најдосадни се оние кои се дарени со способност за изразување и најнепродуктивни,а оние пак јадните,кои имаат дарба за логика и математички функции,да бидат едноставни научници на кои и не им треба многу зборови за да го сменат светот,се потценети...тажно!
Смирено, еден проект испратен, друг на повидок, сега ќе се дружам со китови убијци и подводна комуникација..... Малото ме гледаше додека куцам со слушалки на уши во библиотека и ми се смееше, тоа ми даде мекост, префрлаше само по некое зборче.. ма се осеќам способно и заљубено денес. Нека трае..