штом ја слушнав песнава Proud Mary (Rolling On The River) се разиграв низ дома и живанав предосеќам убав ден ме чека I Feel Good
Катастрофално тажно...најголемата глупост во мојот живот ја направив синоќа....згрешив многу...никогаш нема да си простам самата!
Исто како времето така и јас.Тмурно,безволно,површно ... Слушам балади и безволно куцам на тастатурава Никакво е оваа времиштево,никаква сум и јас. Цццццц
Збрчкано Од што е ладно времево, се пикам во топло, од топло ме фаќа мрза, од што ме фаќа мрза ми треба масажа, а масажа ми треба затоа што се чувствувам збрчкано That's my definition
Катастрофално... премрзната сум, настинав, грлото ми е партал и по цел ден пијам витамини и чаеви. Мразам ладно, мразам дождови, мразам есен, зима и снегови. Го мразам овој дел од годината. Единствената позитивна работа е ајварот. Ништо друго!
Топол туш, топол чај од нане и аналгинче Ќе бидам одЉично Засега сум добро, почна да ми се прави мал хаос во глава и срце.....ама ќе замрзнам СЕ, на некое време.....едноставно така мора А сега чекајте кого лажам, себе или вас Нема ништо да замрзнам, нема ништо да застане......се ќе тече, а јас можеби и ќе излезам од овој хаос, ако не како победник - барем не со многу загуби
Новинарите фризираат, наркоманите кризираат... мада ова Док оди и за двете групи, пошто није ствар у тоа да си наркоман за да кризираш, нели ?! А, јас?! Јас, ко по дифолт патам од двете болештини, пошто спаѓам и во двеве групи на болни. Умо..., душо... се ме боли Док. Но, да скратам, пошто ипак, ова ноч није створена да буде дан, па не би да те разденам Докиии! Апсолутен фуцк оф за апсолутно сите и без пардон ти иде тоа. Добивам желба да сиве пет прсти ги залепам на сечија фаца и едноставно ги потурнам со едно шшш! Досадни ми се! Колку повеќе ги слушам толку по не ги сакам. А, знаеш колку ги нејќам тие моменти кога морам да си признаам себе си дека и јас сум како грото хуманоиди, замразувам... понекад. Добро де добро. Не е баш дека замразувам, ама тие некои човечки болештини, како завист, љубомора, правење на Тошо.. ми боцкаат во очите и ушите... по мрша идат, на мрша миришат и онда тоа е за нив. Туку, знаеш кога ќе му го скршиш духот на некој. Е, иди па собери му го. Гладен ќе е вечно, жеден, глув, слеп, отсутен. Не знам дали дури и да го имаше Тоа во моментов ќе беше доволно. И тоа е страшното, што многу веројатно немаше. Можеби премногу знам, а не било мое да знам. Можеби тоа е проблемот. Што знаеш и не можеш да измрдаш од Тоа. А, како воопшто да живееш преправајќи се дека не знаеш... да глумиш изненаденост од се’, тоа ли е филмот од приказнава, а Док?! Пф, не се глуми цел живот де или едноставно јас не умеам да режирам добар филм, а? Се знаеш ама поима си немаш работава. Лепи убав си ми и вечерва. Само јас сум грда, среќа никогаш доволно за прегрдиов свет.