Чуствувам дека пораснав, почнав да ја газам и седумнаесетата година И се чуствувам ратардирано благодарение на моите крејзи френдс
Нервозна. Сплескана. Празна. Повторно. Е де она кежуал чувство кое стандардно си го имам. Нека ми е нздравје, не е секој ден Велигден.
Се чувствувам некако пасивно. Да, пасивно, наспрема животот, наспрема блиските. Како да немам сила да станам од кревет и да почнам да живеам! Гледам со страв спрема се, не знам што се случува. Ми треба сила, ми треба инспирација. Доста беше со самосожалување, има луѓе на кои им е потешко...многу потешко. Ах, камо да бев посилна...Посамоуверена. Да можев да се исправам и да бидам среќна.
Како крмена свиња,ете така се чувствувам Ова ПМС-ов ме тера да јадам на секои 10 минути,а си бев на диета
Денес онака олабавено. Само што ме напнуваат од време на време одредени особи кои немаат попаметна работа освен да мрчат и да ствараат тензија кај стигнат.
Шмрк шмрк all day, all night... what the fuck? Мислам... мрсолчиња мили ве молам престанете, мама не може да надвакса сите марамчиња да ги испере. Осеќам се како некоја уличарка со триста слоеви облека на мене, не ти мести, не ти џемпери... Мама ме трла со ракија на градите... не бе не, не минува и не минува. И откако испив три тенџериња чај и цел казан супа, докторката ми кажа дека постои ризик да дихидрирам. Де бре, треба ли и јас некому да бидам привлечна? Да се дотерам, да си ставам од новото руменило и да блескам? Четири дена дома! Единствена забава - табланет и хант со мама и сестра ми! Грлото жар црвено, како некој органите да ми ги запалил. Не можам ни муабет на мобилен да правам, сите ќе помислат дека се давам Море кога ќе оздравам има лом да правам!
Под стрес сум многу. Еден куп лекции, цел ден учам и пак излезе дека ништо не сум научила. Никогаш во живот не сум чувствувала волкава грижа на совест поради тоа што немам ништо научено, никогаш не ми било гајле. Треба да станам рано за да учам, а имам чувство дека никогаш нема ни да заспијам бидејќи многу ме гризе совест. Ич не знам што ми е.
Барам, барам и не можам да најдам, а нема каде да прашам, го затворија инфо центарот (сдп), ми се пишува за недела, па кај е темата? Еве тука ќе си пишам...Како се чуствувам во недела...не е офтопик... Една постара тетка секогаш велеше: Недела е ден за бањање (ефтина струја), добар ручек со месо (па не може секој ден, луксуз е тоа) и малку опа цупа со мажулето (работа, ниви, лозја преку недела, креветот го чекаш со душа само за една работа-спиење)... Се бањав денес, да...јадев мевце...и ... Значи понеделник може да почне...а, веќе почнал, без да ме праша... Муабетот беше како се чуствувам? Како паразит...имам качено некое килце, знам по образите, штом можам да си ги видам кога гледам надолу со очите значи red alarm... Како плавуша...ништо не ми е јасно, а и баш ми е гајле, си уживам во игнорантноста, иако знам дека ми следува bite of reality во скоро време, али отом потом...Ќе средам нокти, ќе направам фриз и не му ја мислам...Но прво ќе спијам...Добра ноќ...
Исто и јас снегулке КАко да ме прегазил воз...Грутка во срцето како да имам,како да ми тежи...како да не е истото од пред 2 дена,кога беше среќно и биеше силно и трепереше покрај него.Сега,останав само јас со тагата...Жал ми е што ми се такви последните мислења,ама тоа е...Јас се чувствувам како никогаш предходно.Го изгубив она најважното за мене,сега веќе ништо не ми е важно...Ама,во војна се бори до крај,нели? Којзнае,можеби пак некој ден...