Hе знам,ужасно,мизерно....Mи се плаче,а не знам зашто,не знам ни што сакам,некогаш животов е прекрасен некогаш мизерија....
Како смачкана со булдожер, прегазена од стампедо, свртена како палачинка на обратната страна, и пак тоа од предходно.
Незнам како да кажам. Понекогаш имам толку голема грутка во мене која ме тера да зборувам, но зборовите застануваат на уста. Незнам дали неможам да се искажам, или несакам другите да знаат што сакам да кажам. Конфузна реченица. Да. Јас сум конфузна подолг период. Неможе никој да ме разбере. Искрено, не се ни трудам во ова. Сфатив дека од лани некои работи ми се повторуваат. Лани премногу се нервирав како ќе испадне. Сега некако ова ми е како дежа ву. Грешките ми се веќе видени, само што овој пат имам решени за нив. Овој пат одма доаѓам до крајот. Ова некако би дошло како инстинктивно однесување. Но така е!
Немав одамна пишано како се чувствувам, зашто незнаев како се чувствувам....а мислам дека сеуште незнам.... Си правев еден експеримент, сакав да видам како е да се биде без морал, без совест, без вредности....и видов. Сега кристално јасно можам да кажам - СИ СЕ САКАМ СЕБЕ ОНАКВА КАКВА ШТО СУМ! Пак да се вратам неколку години наназад, пак ќе го направам истиов избор и нема да се каам за ништо, повторно ќе постапувам сопред моите морални норми и код на етика. Јас неможам да функционирам без нив, можеби следејќи ги нив губам некои работи, но доколку тие работи би ги добила погазувајќи ги моите правила за живот не би ми причинувале задоволство. НЕ, воопшто....тоа не сум јас, ни трошка задоволство и сатисфакција немав, рамнодушна бев и се фрапирав од сама себе. Негувањето на одреден начин на живот овие дваесет и кусур години си го направиле своето, јас неможам да се сменам преку ноќ.....ниту пак сакам Го слушнав и она познатото - ТИ СИ БУДАЛА! ДА будала сум, нека ми е....но барем мирно ќе спијам Драги мои душевниот мир е нешто скапоцено и јас го имам....за разлика од вас
Go-Girl и јас слушнав зборови што не ги очекував од некој кој го сакаш и те сакал,на крај да изнакаже дека сум била ваква или онаква...Ама да,јас ќе имам мир некој ден,а тој не... БТВ јас мислев вчера да го ставам тој аватар,мн е убав Се чувствувам збунето,повредено,тажно,со ладен камен на срце,ама се надевам некој ден топлината од моето срце да го раздроби на парчиња...само моето срце не може само да се стопли...можеби ќе има некој повторно да го разгори..може ќе бидиш ти,а може и не.Немаш многу време...
За некое чудо и јас, не ни заминав на факс, останав дома и учам од 12, срцка сум денеска значи, и затоа уште еден час учење и шетња низ центар на кафица.
Чуството кога толку ке се посветите на некој настан,подготовки кои ви одзеле цело утро и накрај трет ви ги уништува сите планови! Непроценливо ужасно!