Како скапана тиква! Предавања од 8 до 4 без пауза, па од 5 до 6 пилатес, трчај како улава... И сега ме мрзи да се мрднам од столчево и да се избањам
Секогаш се чувствувам најубаво и сакам така цел живот да ми биде. И секому му посакувам така да се чувствува.
Уморно и на некој начин ми се прави муабет, а од друга страна не ми се трошат зборови. Што знам, било и подобро, било и полошо
Расеано.. Сад ме видиш-сад ме не видиш, па после иде фазата Топло-Ладно. А нај трагичното е што не сум во ПМС! Се надевам дека е некоја фазичка со оглед на тоа дека буквално станав на лева нога.
Сега веќе уморна и желна за сон,ама денов ми беше далеку подобар од претходните Дали ради новото кратко фустанче и чизмичките ,или ради многуте укредени погледи,незнам незнам Се шалам,одамна се немав осетено како денес,убаво,секси,привлечно,самоуверено,ми фалеше таа самодоверба која ја изгубив некаде.....
Денеска опуштено си се осеќам....а сега сум на незнам на кое небо оти детево со кое си пишувам еее ...баш пред 1 месец го опишував во темата сакам да кажам...баш онаков каков што сакам иако сме разлика 4 год
Како свинче Виновна е другарката - што што ме натера да јадам преубаво гиро Виновна е мама - што зготвила убав ручек, плус ми подметна лута пиперка и морав повеќе да јадам Виновна е баба - што ми пратила месен леб и тазе ајвар Сите овие индиректни виновници кога ќе ги соберам се добива.... Гоу во пмс О-О-опасноооооо
Денеска, што би рекол Буковски, my beerdrunk soul is sadder than all the dead Christmas trees of the World...
Вака... Спојлер Како ладен ветер што удира во моите гради, а од нив врел здив растопува солза една по моето лице. Како силен тапан бие моето срце, како да ми е растргнато, распарчено… а, единствениот човек кој може да го склопи, јас веќе го склопив во коцките на моето минато. Не, не се навраќам назад. Поубаво да продолжам безволно да чекорам по патот отколку депресијата да ме обземе. Не се давам, никој нема да ме поседува. Тоа сум јас, а овие мигови од мојот живот се моја судбина. Уништена од зборови, навредена од човек на кој му верував, човек кој ми бил најблизок во се. Сега веќе ништо нема да е исто, сега никој нема да допре до мојата душа, до моето срце. НИКОЈ нема да ми биде близок, сите следни се странци… и ќе останат странци. И не ме прашувај како сум, ќе добиеш одговор кој ќе те згрози, ќе слушнеш нешто што нема да ти се верува дека јас го зборувам. Ќе слушнеш одговор директно од мојата гневна душа. Ќе ги слушнеш најлошите зборови за себе, ќе се замразиш сам. Ќе те болат моите зборови од огорченава душа. Ти ме огорчи. Прво ме направи најсреќната на целиот свет, кога бев полна со љубов, кога имав моќ сите да ги заразам со таа енергија. Кога бев во центарот на љубовта твоја, бев посилна од се на овој свет, се што посакав, имав. Се за миг се промени. Сега место со љубов, душава ми е полна со омраза, очиве со солзи. Секоја ноќ, ја топам перницата во солзи и црна шминка. Секое утро, кога ги отворам очите, пред мене стои грозомурната слика на тој настан и еден црн датум. Слика со која ми покажа дека навистина си променет… Одвратност… Грозно… Ужасно ми доаѓа да вриштам, да ја испразнам душава од омраза… да направам простор да влезе малку љубов во неа… Една приказна заврши.Автор на “Една приказна заврши” : Софи Затараковска Превземено од ILike.Mk
Денес се чуствувам оптимистички расположена, можеби денес е денот кога ќе ја најдам совршената куќа за нас