Како некој гроф. Грофица де, како сакате. Сум седнала до греалкава, да замислиме дека е камин. Намерно ги прават да зрачат црвено, да се долови амбиентот. Сум си зела нескафе, да замислиме дека е чаша коњак. Седам со пижами и блузон, исто како со пењоар и ноќница. Уште една пура, или долга цигара.... и ќе правам пуф, пуф, пуф.... Не пушам, така да ќе си најдам една грисинка и терај Мишко.
арно е онака океј, подобро за разлика од претходниве неколку дена така да секоја промена (на позивитно ) е добредојдена
Имам од оние насмевки на лицево како да сум имала минатата ноќ мултиоргазмичен хардсеХ, а сепак немав. Не дека открив некоја суштинска филозофија како која е целта на живеењето, ни па ми е потребно тоа како алиби. Се сетив на тоа како на почетокот на дваесеттите мислев дека ги изживувам најдлабоките чувства или дека говорам најостроумни забелешки и трагав онака како да имам апстиненцијална криза по поголеми дози знаења од различен често крајно неупотреблив карактер, живот на млада, екстремно сентиментална, пеперугасто полетна индивидуа, која и била и не во право. Се смеам на фактот дека во скоро секој од нас тлее Одисеј кој и без прекуморски патешествија, еден ден ќе се врати и ќе се радува на топли кифлички извадени од рерна, гаќи кои мирисаат на тазе испрана домашна удобност, зелено пазарче во непосредна близина, добри чевли купени на попуст, влажни дланки од врела шолја чај од липа или од љубов, мини задоволства преточени во макси потреби за извесна константност како старата добра пи=3,14 ама баш секогаш. Дури и најавантуристичкиот дух се претвара во практична услужливост и се стопува како шумлива таблета во вода...всушност сето ова е совршено во ред, ама дури го прифатиме правиме монструозни збрки поврзани со трпението на најтесниот круг од семејството, некоја до крајност драматично инсценирана љубов, одлагање на плаќањето сметки и во низата мали смешни катастрофи тераме невиден каприциозен зафат за враќање назад на некоја си слобода, која никогаш и не била одземена, трансформации на амбиции и конечно разбирање дека нема потреба од полагање сметка онака неповикано. Мислам дека созревам на наредно ниво. И едвај чекам да созреат мушмулите не дека ова има некоја голема поврзаност со тоа како се чувствувам де, туку се сетив на нив кога се спомена созревањето. Овој Одисеј би сакал зрели мушмули, ...
Се претупанив од кога станав до сега , што не јадев и после диети курци- палци мааааа доста е за денес само вода може и кафе приквечер со гомното мое најлошо
Нејасно. Ми треба некој да ми каже што да правам. Испреплетени чуства (кон посебен човек). Од вчерашниот ден подобро.
Битно нозете не си ги чуствувам. Едвај чекам да се стопли вода, па да си ги брцнам. Со рачето малце ќе фатам, кога нема кој да ме масира.... Шо знам, јас кога сум изморена многу сум среќна. Има нешто манијачко во мене што не ми дава да седам мирна со прекрстени раце. Темперамент не да врие, никако да зоврие! Ох, темелот на моите неволји! Мојата вода никогаш не е мирна. Кога и да проба да се сталожи јас ќе фрлам камења за да ја разбранувам. Од чиста досада, ете така.