Никако, ужасно, ко да пречам на секого. Ако вчера на кратко се радував, некој не може да ужива во тоа па мора да го уништи. Го знаете ли она чувство кога пречите некому и кога ко за инат прави работи кои ви пречат? Од толкава куќа се топли само салон и каде да донесам јас гости? Никаде осевн тука. Среќе има хармоника врата ама зошто е таа кога моиве се слушаат? И најмногу ми пречи што они ТАА мене може да ми вика пред другарка ми, а јас што сум повишила тон да и кажам да не зборува така со мене пред луѓе, сум била невоспитана кучка. Најмногу од се мразам што се лути кога ќе ја затворам вратата за на раат да разговарам, а потоа нели се отвара за да се стопли и таа мора се по ред да испраша, кој, што, зошто? Па нели тука иде и кој ден сум на факултет и од колку. Човече прашај ме мене, не другарка ми. И незгодно ми падна од другарка ми, што ако ми енајдобра и знае речиси се, кога вака фино лепо си доживеа. На крај си отиде верувам со жалење зошто дошла. И од утрово тензија по дома, небаре се случува нешто лошо, ко да чекаме да ни соопштат дека некој умрел. Ужасно се чувствувам, ете така!
Со оглед на тоа дека се успав за договорената средба сабајлево(ретко да ми се случи ваков кикс),цел ден го зачинува и шмркањето и кивањето! Одвреме навреме,ме маваат грозници,главата ми е хаос,немам сила да стојам,телото полека добива болки од сите агли и страни...Што повеќе можам да посакам од ваквата состојба? Ужасссс!
не е лошо..али може и болје ..иам некои ситни грижи, мислам дека се изглупирав у петокот , некои работи можев болје да ги напраам .. али тоа е
Денес не се чувствувам баш најдобро. Иако сум физички силен момак , денеска сум совладан од некоја настинка, грлото ме боли, можеби имам и малку температура и сето тоа ми ја зима енергијата и ме тера да легам во кревет и да спијам, а ја тука дремам на лаптоп како сега. Лесен плен сум за секоја девојка која сака да биде со мене и да ме искористи, не можам да и се спротивставам. Ајде испив некои апчиња белким ќе ми биде подобро ги очекувам ефектите во најскоро време. Не се предавам така лесно. Си го сакам моето најголемо богатство назад т.е. здравјето. Поздрав феминки од кревкиот и ослабениот ловец. Ветувам се враќам во форма во најскоро време. Не за џабе е кажано болниот има само една желба - да оздраве. Сега не ми е до ништо само да се вратам во топ форма и да бидам способен максимално за сите дневни и ноќни активности.
Станав уште од сабајле да мијам чинии. Немам појма што ми текна, ама ете. Така да, се размрдав уште рано-рано. Како ми се собрала една позитива, супер сум уште од сабајле, а предосеќам што ќе биде подоцна. Уху. Официјално, ај фил гуд! Оу, јеа.
И така и така.Некако овие денови многу досадни па ништо чудно и овој ден да биде таков.Само се радувам што конечно ќе јадам ајварче вечер .
Уморено (иако ништо не правев). Болно од вчерашното искачање. Утепано (ко да сум копала 10 дена ). Ми се спие, а само што станав.Треба да учам за утре, а ме мрзи, неможам ни книгата да ја отворам од шо неам сила . Кашлам ко ненормална, пукнат( ) ми е гласот. И да, со све ова на куп, ЕКСТРА сум.
Како гомно, говно, пролив, како сакате речете. Значењето е тоа. Зошто ?! Во мене се собрани сите отпадоци, непотребни делови, неискористени материи. Нешто не ми се овците на број, се затворив цел ден со книгите, се смрзнав, треба да се пакувам.... Гледам Бел/Црн Бумбар, па се прашувам како побрзо да ја напуштам македонскава канализација, па да станам европско гомно. Барем полична ќе бидам. Плус ќе се фарбам кафено, па тоа допринесува за филингот.
Денес некако не ми е денов.... Ај ќе кажам заради времево надвор кое е тмурно , ладно, лигаво, ама не , не можам да се вадам на него затоа што на времево му е време , а мене што ми е ... ??? Дали затоа што сабајле се разбудив нервозна заради мојон „Мистер Биг“ па ми тргна денов наопаку , или бидејќи се скарав со татко ми пред да излезам на работа , или затоа што на работа е прв ден после продолжениот викенд па ми иде се на нерви, или пак шефот шо ме изнервира дека на таа и таа дата на тој и тој ден ме немало на раб. а уствари сум била на раб. само не ме евидентирало тоа глупавото апаратче за куцање па ми направи само фама, или пак се изнервирав заради една преубава машка личност која ми значеше многу а и јас на него (барем така ми кажа тој) дека среќно се оженил во рок од 20 дена ... хмм ??? http://www.youtube.com/watch?v=NJWIbIe0N90