Луѓе помош! Деновиве незнам што ми е стомакот ми е подуен и цревата ми кркорат и имам касови можно е што треба да добијам ама никогаш вака не ми било а и градиве не ме болат.Ако знае некој нека каже што да правам со мешево и цревцата Фала однапред
Да не се начука грав случајно ? Од менструација се добиваат Касови ? Оп добро што ми кажа сега ќе прдам без пардон . Абе аман прдна ... И ти само Имам добиено . Мешето чувај го ако евентуално пак сакаш да јадеш а цревцата се прилично долгички па може да ти се најдат како јаже за спуштање , можеш некого да задавиш или да обесиш . Чувај тоа за секој случај :geek:
Ова не мораше ни да го прокоментираш али нема веза а за тоа КАСОВИ е грешка една буква сум згрешила ( Гасови ) али се гледа дека немаш друга работа досадно ти е поздрав
Си ја утнала темата :geek: ... Читај други пут . А со внатрешните органи никој не знае да ти каже што да правиш освен ако не решиш да ги донираш :geek: далеку било ... Уморно , хиперактивно , непродуктивно ... Мозочево кочи за учење
Као единствена оаза у пустина.Како на сите да сум им потребна за да преживеат и ме растегнуваат на сите страни. Битно е дека не сум сама.Секогаш се наоѓа некоја залутана авантуристичка будала,за друштво.
Денес сум нервозна за оној мој глуп факс,вчера бев да полагам ми кажаа на студнтски дека има сесија и 100 пати прашав тие 100 пати потврдија дека има и вчера закажан испит во 11часот па каснеше тој глуп проф.па дојде , па ми кажа да го чекам уште 1час , па за на крај да ми каже дека немало да ме прими на испит бидејќи немало сесија и бидејќи лошо ме инфоримирале на тие глупави студентски прашања :О глупави луѓе ... а и треба полека да собирам материјал за учење, за семинарски бидејќи еве го јануар кај и да е ќе дојде офф лелелее колку не го сакам факсов и сакам што побрзо да дипломирааааммммм !!!!!!!!!!
Уште самата помисла дека денес е четврток ми се подига јадењето. Не го сакам. Ич. Ми го прави денот тамурен. Без разлика што и да се случи. Премногу ми е напнат, и на крајот од денот секогаш сум како утепана. Мислиш пет дена град врнело врз мене. Ненаспана сум. Недочитана. Несредена. Ме мрзи. Ме мрзи во четвротк. Сакам да го нема тој ден од неделата. Или да го прогласат за неработен. Ќе ги бубнам сите во владата ако го направат тоа.
Као да водам војна со ветерници... ...или некаква,а ми оди да се откажам. Чувството ми е рамно... ...како да се распаѓам. Ме боли се.Можат утре без пари да ме пуштат у автобус да се возам,зошто сум рамно 80годишна. Денес нешто паднав со оптимизмот,ми свети на црвено. Еј да има нешто ке бензинска за оптимизам,а замислите си!!! Ај ќе ве молам литро од супер оптимизам или безоловен оптимизам,со шеќерни мрвици у него и сменете ми ги мислите,нешто од утрово чудно ми работат,ко да шкрипат! Ко у лер бре...лер! Мразам лер! Дури и кога го морам,ми оди да ја силувам педалата за гас до степен да го рикнам моторот,ама ќе ми биде гајле,ќе се кезам зошто сум се обидела да напраам Ч-У-Д-О! А да препишам на тоа дека доцна се разбудив мислејќи дека е 8 часот?! Па да!Може! Не сакам да ми мириса на минатоооо...лани ова време ми беше прекрасно,а сега ми мириса на тешки чувства,разговори,стари луѓе кои ги отпишав и не ми пријаа. Вчера бар имав петља да бидам брутално искрена на лична основа,а бев директно засегната.Заработив почит!Е така де,не сум јас контејнер. Леле нема никад да заборавам една дешавка од летоска,не знам зошто ми се врти у глава.Една госпожа по телефон коа ми се развика,а јас само бев фина и побарав нешто што мораше да се побара и само,ќути и диши гласно низ нос и почнува,мислиш се знаеш а?! Ти ќе ми кажеш! Мислиш само тебе ти е жешко?! Мене знаеш колку ми е и ми се оди на одмор?! Па не стана збор дали ми е жешко или не,дај ми тоа што ми треба,во спротивно ти губиш,не јас! Боже Петра,каква жена! И такој...сакам да ми извадат слепо црево и некаде тука да завршат работите со коктел у рака и тропкави чевличиња со се црните чорапи! Се поише се плашам од својата интуиција.Еве од денес си наредувам да осетам дека од утре само гулаби со маслинови гранчиња ќе летаат и светот ќе приликува на брошура на јеховини сведоци!
Како несфатен писател, кој впрочем, никогаш и не сакал да биде нечиј буквар. Но, сега на стари жабевски години, некој, пардон некои Док, се трудат да му наметнат да глуми Бушава азбука. И, „С“, ги стегаш забите Док, демек сакаш да откинеш парче пушено мевце, ама држиш малку подотворена муцунка, зубки на размах, местиш јазик ко да сакаш да му кажеш Хај дер на светот и велиш „С“, мамата негова! Провокатори, дискриминатори, асимилатори... ражружнувачи на и без тоа ружни денови. Една добра работа во целото мое торнадо од сите страни, однос: ја - хефито... арен. Минус работа во тоа нешто, однос: ја - работа, еднакво: нема оргазам. И сега, да се работи што не се сака оти те сакаат, да се работи што се сака оти не те сакаат, да се живее или да се умре за да се преживее, ма „С“, мамата негова. Еј, и како бе Док се дешава тоа да, си четкаш заби и ти текнува на некој што си го знаел пред цела деценија... и го бараш. Што човек треба да си да у глава некому се појавиш при рибање зуби. Ај, јај, јај Док. Сите знаат за мене, јас не знам ништо уствари.
Истрошено, празно , згрозена од самата себе , тебе и сите околу мене. Не знам што да правам сакам да исчезнам , да ме снема и да не постојам на овој свет е така се чуствувам ПОСРАНО ! Ми се плаче , ми се вика немам каде после ќе одам сама да се прошетам само јас си се разбирам никој друг . Преку глава ми е од моето постоење, мојот карактер , мојата личност СЕ . Се треба јас да правам сама а ти ..ти воопшто не се интересираш и затоа се чуствувам така ти ме правиш така да се чуствувам useless Земи ме господе , земи ме .
Кивкам повремено, носево чат пат затнато, главчево и тоа чат пат приболува, настинка, почетна фаза ама не, неможе така лесно да ме фати :geek:
Срцево ќе ми скокнеше од градите! Ах,ти,срцев удар од тебе ќе добијам! Али Риза од 5 жени умре,ама ти вредиш како за нив сите! И поќе! Хммм,напредуваме или? Можи ќе размислиш... http://www.youtube.com/watch?v=qTRn7MxN ... re=related
Да имам способност за астрална проекција Бермудски триаголник хир ај кам! Бидејќи од твоиве бледи копии веќе ми е заморно најискрено шепнато онака во доверба меѓу нас... И за твоите мистерии не се начисто дали е човечки фактор измеѓу, за другиве е потврдено и тоа... Ете така се чувствувам...
Теодора сејм хиар. Да имав можност за телепортирање сега ќе се најдев на Малдивите ... Барем мозокот подобар кислород ќе добиваше, мојот дух ќе медитираше ... телото ќе уживаше. И искрено, нема да ми чуеше за никој и ништо! Штом почнав ова да посакувам не сум на арните.