гладно! добивам некои неконтролирани напади на гладови и не знам што попрво да ставам во уста. во овие вака вечерни часови обично нешто благо ми се пријадува како или ај ваљда не сум трудна
Како да не сум јас. Како да се гледам одозгора и гледам бледа сенка од мене. Не, не, сигруно дошло до некаква забуна, не сум јас ова вратете ми го моето старо јас. Не е на арно работава. Секој ден оди чекор понадолу. Наскоро ќе биде она го допрев дното и копам понадоле. Ама до каде? До каде понадоле може да се оди? Депресија ми ги затега градиве, ми ги затвора дишните патишта. Не можам да дишам, бре, Ме стега, све ме стега, а сакам да ме пушти конечно. Не ми се ни искача. Не знам дали и кога ќе прснам во плачење. А God knows дека мразам да плачам. Поготово не кога некој ме гледа. Кога плачеш прд некој, тој некој може да ти ги види маките, да ти ја види кршливата страна. Можеби е и добро понекогаш тоа, можеби ќе се најде некоја помош. Очај, очај, очај. Кај и да се свртам.
^ Се сочуствувам со тебе, верувај ми, се пронајдов во твоиве зборови, како јас да сум го напишала! Особено првава реченица! Издржи не се предавај!!! Ќе биде се во ред, верувам и посакувам. Спојлер скришно си пуштив солзичка, ме допре со зборовиве извини ако се умешав каде можеби не требаше, ама едноствано ме трогнаа твоиве зборови!
ahhh....se cuvstvuvam prazno,bedno,iznevereno... somnez me jadi a istovremeno se ubeduvam deka sto i da se sluci treba da izdrzam i prodolzam ponatamu,ama kako..?
Иако не ми е нешто по ќејф, ПМС ме дрма, во исчекување сум, плус се спремам психички за еден комплетен систематски онколошки преглед кој никогаш не ми е пријатен пред се ради внатрешниот блок кој сеуште ме гуши заради непријатни искуства години наназад - знаете она коа ве напиња само кога ќе се сетите на мирисот на болниците, а не пак да поминете цел ден во нив знаејќи дека ви прават анализа на крв со акцент на онко-маркерите - денес, денес се чуствувам, волшебно бре! Читкам односно скенирам стари писма кои мирисаат на историја. И се газам од смеење за се што ми пишувале другарите и другарките! Не им се потсмевам - јас се смеам до солзи, повторно. Сакам да си ги урамам писмава мајке ми, само многу ги има, ќе морам да направам избор некаков. Писмава се бре одраз на едно време, во нив е впишана историјата. Крвопотно, со мастило. И воедно писмава се прирачник на скопскиот дијалект - ги читате и имате чуство како да сте седнале со нас на кафе и како да не слушате. Аудиовизуелно се пренесувам и внесувам во нив. Магија бре магија! Плус сум возбудена. Вечерва имам гости из једне далеке земље, јесте да. Плус ме чека дома египетски локум кој е толку нежен, вкусен, мек како облаче „а ла овца“ а иако е благ е истовремено киселкав како лимон и портокал, а нежен како кокосот и бадемот вткаени во неговата мекост. И турско кафе. Јесте да! Интернационално сум онака ПМС-овски нервозна али истовремено неПМС-овски возбудена и хиперактивна. Ќе да е интересен петоков. Ќе да.
Убаво, исполнето, ете два дена по ред, на арно нека е. Се средувам полека полека, правам работи кои најмногу ми одговараат со исклучок на учењето, ама шо се мора се мора. Нека потрае ова.
Денес убаво се чувствувам онака сум убаво расположена, се потсетив на летото на Шпанија на Италија на Франција гледав слики и сваќам дека се што сум посакала од моите ми дале и супер сум, а и денов не е лош, сонце и така натака.... Ве поздравувам сите и ви посакувам убав викенд
ми се јаде не ми се јаде така се чувствувам ,а еден куп јадење дома имам ,од синојкешната слава, ама немам апетит ама баш ич,пмс то ти е кај мене обратно делува
Преморена сум. Кој знае колку истрчав денес. Натаму наваму. А и ко што почнав почесто да палам цигари арно издржав денес. Ќе да биде спортист од мене. Победивме. Финалисти сме. Среќна сум. Сега креветот ме чека на долг сон, зошто нозете повеќе не ме држат. Нестабилна сум.
Во екот на предзимската генералка моментално се чувствувам баш стерилизирано некако мерак ми е да го гледам просторов онака најтазе освежен и ароматичен до коска бе. Онака делумно прочистена и од негативните ПМС-овски вибрации и грешка е што велат дека после добар секс се фаќаат само за чистење жени, јас сум од тие што повеќе се расположени за оваа активност кога трлото ми е раштркано по цела планина, а Шарко му ја мисли само како да создаде повеќе лој... Ако не ме лаже интуицијава, а богами тоа е навистина тешко, ми мириса на промени, не знам точно какви уште се онака во фаза на развивање како неформирани концентрични кругови на мирна површина после фрлено сплоснато камче. За арно нека е...Ако не нека се пази лошото имам Доместос Зироу од тој црниот лошиот ...
Ептен без везе, денес мислам се одвоив од остатокот од светот. Вечер ќе седам дома, попаметно ќе ми беше да ја прифатам понудата за шетња и да живнам, ама едноставно како со сила да си правам лошо сама на себе. Утре сакам да прошетам на чист воздух, се надевам ќе ми се оствари барем тоа.
Без врска се осеќам ете така! Чекав со душа да дојде петок да се издувам боштум, ама сега кога ќе размислам подобро најубаво би било да си останам дома
Жими мајка. Саатот е 3, само што се прибрав, имам еден куп за учење утре, (не е тоа трагичното, трагичното е што треба да учам текст преведен од гугл транслејт и копиран во ноутпад), смрдам на цигари и на повратено, од поима немам каде доаѓа последниов мирис. Ама тоа не е се, за чувството на жимимајчино допринесува и буткањето на батките-вратари во нашата ,,фејмос,, дискотека и прашањето - што по ѓаволите правам на местово ?! Си добив лакот во образ и клоца по грб, па ајт на здравје. А дека јас им го плаќам лебот па очекувам едно културно извини да добијам.... тоа на никој не му е на крај памет.
А дојдам на темава, ми се мочка Овој пат ми е од теткава, се‘ на таму ме тера да одам. Инаку... се чувствувам арно некако. Со добра музика си се потсетувам на едни стари добри времиња кога како банда луди дечаци се шетавме низ градот и се каравме кај ќе стигнеме. И се сакавме. И убаво ни беше. И се‘ уште ни е убаво, ама не заедно. Башка што ковам пак некои планчиња, фрлам јадици... ауу како се испревозбудувам. Ми недостига чувството на адреналин кога стравуваш дека ќе те исфрлат од дискотека поради тоа што си малолетна и така ќе ти го скратат задоволството да си се шмекаш со симпатијата од 4ка/шанкерот/момакот со женска/whatever.